Заниоло парично казнет заради инцидентот со младинците на Рома

Фудбалерот на Галатасарај, Николо Заниоло е казнет со 15.000 евра, откако во мај кога играше за Фиорентина како позајмен играч, присуствуваше на полуфиналниот натпревар од младинската лига меѓу тимот од Фиренца и Рома и направи инцидент.

По натпреварот, тој влегол во соблекувалната на Рома, каде што се случил конфликт по што Заниоло беше обвинет дека удрил двајца млади играчи. Самиот играч го негираше, но одлуката на комисијата е дека треба да плати казна од 15 илјади евра, со предупредување дека ако повторно ги прекрши правилата, ќе се соочи со посериозна казна.

Фиорентина веќе одлучи да не ја искористи опцијата за купување на играчот од Галатасарај.