Марио Илиевски потпиша zа Приштина

Марио Илиевски има нов клуб. Македонскиот напаѓач ја продолжува интернационалната кариера и од Бугарија се сели во Косово, каде потпиша со Приштина.

Клубот денеска ја потврди соработката, а Илиевски по промоцијата изјави:

„Среќен сум што доаѓам во клуб како Приштина. Ќе дадам сè од себе на секој натпревар, целта е титула и настап во Европа.“

Илиевски има 23 години, настапуваше за сите младински селекции на Македонија, а има и еден меч за сениорскиот состав. Претходно играше за Вардар Неготино, Септември Софија, Тиквеш, Кисварда и ЦСКА Софија.