Италијанецот Фариоли е нов тренер на Порто

Двократниот европски првак Порто го назначи денеска Италијанецот, Франческо Фариоли за нов тренер.

Италијанскиот 36-годишен стратег потпиша двегодишен договор со португалскиот гигант, откако минатата сезона седеше на клупата на Ајакс, а претходно ја предводеше Ница.

Италијанецот го напушти Ајакс во мај, откако клубот од Амстердам со серија слаби резултати во финишот ја испушти шансата за освојување на својата 37 холандска титула.

Фариоли во Порто доаѓа на местото на Мартин Анселми, кој го напушти кормилото на португалскиот клуб по елиминацијата во групната фаза на Светското клупско првенство.

Порто заврши на третото место во домашното првенство минатата сезона, девет бодови зад шампионот Спортинг.