Фратези успешно опериран од хернија

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези, ќе мора да паузира извесен период откако беше успешно опериран од хернија.

Тој иако беше на списокот на „нероаѕурите“ на Светското клупско првенство во САД, не одигра ниту еден меч. Се очекува луцидниот играч да отсуствува од теренот околу еден месец.

Фратези кој главно влегуваше од клупата за резерви, имаше неколку одлични настапи во Лигата на шампионите.