Кол Палмер е најкорисен фудбалер на СКП

Со постигнати два гола во финалето и една асистенција за погодокот на Жоао Педро, англискиот репрезентатигвец Кол Палмер ја доби наградата за најдобар играч на првото издание во овој формат на Светското клупско првенство.

Челзи го совлада ПСЖ со 3:0 во финалето во Њујорк, а собра и добар дел од индивидуалните признанија на ФИФА.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, лично му го додели големиот пехар на Палмер, кој го круниса за МВП на овој турнир кој траеше еден месец. Челзи извојуваше шест победи на седум натпревари и загуби само во групната фаза од Фламенго.

Најдобар стрелец на шампионатот е Гонзало Гарсија од Реал Мадрид со четири гола и две асистенции. Ист број на голови постигнаа и Ди Марија, Гираси и Маркос Леонардо.

Роберт Санчез од Челзи е најдобар голман, а Дезире Дуе од ПСЖ најдобар млад фудбалер.