Јуве го сака Молина на позајмица

Луѓето од фудбалскиот состав Јувентус размислуваат да испратат понуда до Атлетико Мадрид за ангажман на дефанзивецот, Ноел Молина.

Италијанците сакаат првично да го ангажираат десниот бек на позајмица а потоа да му го откупат договорот.

Доколку тоа се случи, Молина ќе се врати во Серија А, бидејќи до 2022 година го носеше дресот на Удинезе.