Ламела ја заврши кариерата за да му биде „десна рака“ на Алмеида во Севиља

Напаѓачот Ерик Ламела го објави своето заминување од АЕК со објава на својата страница на социјалните мрежи.

33-годишниот Аргентинец ќе се врати во Севиља, каде што ќе се приклучи на тренерскиот штаб на тимот, објави новинарот Сезар Луис Мерло на „X“.

Ламела играше за Севиља од 2021 до 2024 година пред да се пресели во Грција. Претходно играше и за Тотенхем, Рома и Ривер Плата. Има 484 клупски настапи, 84 гола и 76 асистенции.