Ренато Санчез ќе игра во Грција, потпиша за Панатинаикос

Играчот на Пари Сен Жермен, Ренато Санчез, ќе продолжи да игра до крајот на сезоната како позајмен во Панатинаикос, потврди денес грчкиот клуб.

Португалскиот играч е веќе осмо засилување на Панатинаикос во летниот трансфер-период.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст

Санчез е дел од Пари Сен Жермен од 2022 година, но за францускиот и европскиот шампион има одиграно само 27 натпревари, бидејќи изминатите две сезони ги помина на позајмици во Рома и Бенфика.

Некогаш голем талент на средина од теренот, Санчез сега има 28 години и зад себе носи впечатливо искуство по клубовите, но кариерата не му се развиваше како што се очекуваше.