Тежок удар за Атлетико: Алварез го пропушта дуелот со Ливерпул

Атлетико Мадрид ќе настапи без својот прв напаѓач, Хулијан Алварез, за стартот во Лигата на Шампионите против Ливерпул. Аргентинецот има проблеми со коленото и нема да биде дел од тимот за гостувањето во Англија. 

Алварез беше заменет на полувремето во победата против Виљареал и не успеа да се опорави навреме. Ова е сериозен удар за тимот на Диего Симеоне, особено ако се земе предвид дека минатата сезона беше најдобар стрелец во тимот со 29 голови. 

Атлетико ионака се соочува со проблеми со повредени играчи. Алекс Баена, Тијаго Алмада и Хосе Марија Хименез сигурно ќе отсуствуваат, додека Дејвид Ханко сè уште е под знак прашалник, иако покажува напредок во закрепнувањето. 

Симеоне ќе мора да ги промени плановите и да најде нови решенија во нападот пред тешкиот дуел со премиерлигашкиот шампион.