Слот два месеци без најдобриот свој голман

Фудбалерите на Ливерпул, влегуваат во серијата тешки натпревари, без голманот Алисон Бекер.

Бразилскиот голман се повреди во средата, во поразот од Галатасарај (1:0), во Лигата на шампионите.

Алисон се пожали на повреда на „задната ложа“. Според првичните информации тој ќе отсуствува до крајот на ноември.

Голманот ќе пропушти неколку важни натпревари во овој период, како што се дуелите со Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, како и Реал во Лигата на шампионите.

Арне Слот сега ќе се потпира на Георги Мамардашвили. Голманот на репрезентацијата на Грузија, минатото лето беше купен од Валенсија за 30 милиони евра, а на „Енфилд“ пристигна ова лето.