Удар за Интер, Маркус Турам повреден

Тешката сезона на Интер доби нова компликација. Напаѓачот Маркус Турам ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради повреда на бутниот мускул, здобиена за време на победата од 3-0 против Славија Прага во Лигата на Шампионите. 

Турам беше заменет во второто полувреме, а првичните проценки не укажуваа на сериозност. Сепак, дополнителните прегледи открија истегнување на бицепс феморис мускулот на левата нога. Францускиот репрезентативец ќе пропушти најмалку доцна во октомври, а со тоа и важни натпревари против Кремонезе и Рома во Серија А, како и европското гостување кај Унион Сент-Жилоаз. 

Оваа повреда е голем удар за тимот на Кристијан Чиву. Турам досега беше еден од ретките позитивни елементи во нападот, со 5 голови и 2 асистенции оваа сезона. 

Во негово отсуство, Чиву ќе мора да се потпре на младите напаѓачи Анж-Јоан Бони и Франческо Пио Еспозито за поддршка на Лаутаро Мартинез. Особено Бони може да добие зголемена улога во следниот период.