Ламин Јамал пак се повреди, го чека пауза од 2-3 недели

Шпанскиот гигант Барселона објави официјално соопштение во кое потврдува дека крилниот напаѓач Ламин Јамал заработил уште една повреда и ќе биде надвор од игра две до три недели.

Според изворите, станува збор за истиот проблем што го мачеше Шпанецот во септември, кога беше надвор од игра дваесет дена.

Ова исто така значи дека Јамал нема да биде вклучен во составот на Шпанија за претстојната репрезентативна пауза, која вклучува натпревари против Грузија и Бугарија.

Шампионот на Ла Лига потврди дека суперѕвездата ќе биде надвор од игра уште две до три недели поради повторување на повредата. Ова автоматски го исклучува од неделниот натпревар со Севиља.