Градоначалникот на Битола ги прими претставниците на Пелистер и Динамо Букурешт

Денес во Општина Битола беше организиран прием на највисоките претставници на Динамо Букурешт – Андреј Николеску (претседател), Козмин Михалеску (спортски директор), Богдан Алеку (директор за комуникации) и Костир Шолц (претставник на клубот).
Во пријателска и спортска атмосфера беа разменети специјални дресови по повод 80 години од основањето на Пелистер.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски на гостите од Романија им посака пријатен престој во градот, натпревар за уживање и многу успеси во нивниот шампионат.
Како дел од роденденската прослава, попладнево следуваат Свечена академија, пријателски натпревар и гала вечера.