Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на САД

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го постави најбрзото време во квалификациите за Гран При на САД во Остин. Тој со време 1 минута и 32,51 секунди стигна до пол-позицијата.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, заврши втор (1:32,801), а Шарл Леклер од Ферари заврши трет (1:32,807).
Квалификации за ГН на САД:
- Макс Верстапен (Ред Бул) — 1:32.510 минута
- Ландо Норис (Мекларен) — 1:32.801
- Шарл Леклер (Ферари) — 1:32.807
- Џорџ Расел (Мерцедес) — 1:32.826
- Луис Хамилтон (Ферари) — 1:32.912
- Оскар Пјастри (Мекларен) — 1:33.084
- Кими Антонели (Мерцедес) — 1:33.114
- Оливер Берман (Хас) — 1:33.139
- Карлос Сајнц (Вилијамс) — 1:33.150
- Фернандо Алонсо (Астон Мартин) — 1:33:160
Главната трка во Остин е вечер во 21:00 часот по македонско време.