Evrotip Спортските Oбложувалници и Gold Slot Club на SBC Summit 2025 во Лисабон.

Претставници на Evrotip Спортските Oбложувалници и Gold Slot Club учествуваа на SBC Summit 2025 во Лисабон – глобален настан кој оваа година беше фокусиран пред сѐ на најновите трендови, иновации и иднината на iGaming индустријата.

Во текот на самитот се одржаа бројни состаноци со постоечки партнери и беа воспоставени нови контакти со водечки компании и потенцијални соработници од целиот свет.

Посетата беше искористена за интензивно вмрежување, размена на знаења, идеи и можности за идни партнерства во доменот на дигиталното обложување и технолошките решенија за современи gaming платформи.

Присуството на вакви меѓународни настани претставува дел од стратегијата за развој и интернационализација на нашите брендови, како и дополнителен чекор кон усвојување на најдобрите пракси и иновации во индустријата.