Лоренцо Браун еден месец надвор од терените

Лоренцо Браун ќе биде надвор од теренот уште неколку недели. Кошаркарот на Милано заработи повреда на ногата на 14 октомври на натпреварот против Баерн. Неговото закрепнување е одложено.

Според последните извештаи, Браун ќе биде надвор од теренот уште неколку недели и веројатно нема да се врати до декември.

Милано има биланс 2-5 по првите седум кола во Евролигата и е на претпоследното место во елитната кошаркарска лига.

Милано исто така е без повредените напаѓачи Зак ЛеДеј и Џош Нибо.

Вечер од 20:30 часот Милано ќе го пречека Париз во 8. коло.