Меси: Само со добра одбрана можеме да ја оавоиме МЛС лигата

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, објасни што треба да направи тимот за да ја освои МЛС.
„Се подобривме и станавме значително посилни во последните две сезони. Сепак, сè уште сме неконзистентни и примаме многу голови. Ако сакаме да ја освоиме МЛС, треба да продолжиме да се подобруваме во дефанзива. Го почувствувавме тоа минатата година кога бевме први по регуларниот дел од сезона, а потоа бевме елиминирани во првото коло на плеј-офот“, изјави Меси за „ESPN“.
Оваа сезона, Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на плејофот, каде што го добија првиот натпревар од серијата против Нешвил Предаторс со 3:1. Реваншот ќе се одржи на 2 ноември во Нешвил.