Де Брујне успешно опериран, го чека долга пауза

Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне, објави дека е опериран.

„Здраво на сите, како што сите знаете, ќе правам пауза некое време. Добрата вест е дека операцијата помина совршено. Веќе сум повторно во акција! Ви благодарам за сите пораки“, напиша 34-годишниот Белгиец на социјалните мрежи.

Играчот ја заработи повредата во 8. коло од италијанското првенство против Интер (3-1). Во 33. минута, Де Брујне реализираше пенал и веднаш се зграпчи за тетивата по ударот. Потоа беше заменет. Подоцна беше откриено дека Белгиецот претрпел кинење на бутен мускул на десната нога.

Де Брујне постигна четири гола на 11 натпревари во сезоната 2025/26. Тој игра за Наполи од летото 2025 година.