Осимен, Салах и Хакими: Финалисти за Африканската Златна топка 2025

Osimhen, Salah and Hakimi

Виктор Осимен беше еден од најсјајните напаѓачи во дресот на Галатасарај и на Нигерија во 2025 година. Од јануари до средината на октомври, тој покажуваше извонредна способност за постигнување голови, вклучително и спектакуларен хет-трик против Бенин во октомври, кој им обезбеди на Нигеријците место во плејофите за Светското првенство. Неговите клучни настапи продолжија со два гола против Габон во ноемвриските плејофи, потврдувајќи ја неговата важна улога во потрагата на Нигерија по пласман на СП. Во Суперлигата, Осимен постигна 26 гола во 30 натпревари, со прецизност на шутирање над 50%, демонстрирајќи клиничка ефикасност пред голот.

Мохамед Салах продолжи со доминантните настапи за Ливерпул оваа година. Познат по брзината, прецизноста и креативноста, Салах заврши во Премиер лигата со 29 голови и 18 асистенции, кршејки го рекордот за најголем број на гол-контибуции во сезона со 38 натпревари. До октомври 2025 година, иако формата од минатата сезона забележливо е згасната, Египќанецот сеуште знае да ја пронајди мрежата и да му помогне на клубот од Мерсисајд .

Во ПСЖ, Ашраф Хакими продолжи да импресионира и оваа сезона. Тој беше клучен за стабилноста на одбраната, но и за офанзивната игра на тимот. Хакими редовно се појавуваше во Лига 1, со значајни асистенции и солидни дефанзивни перформанси, како и во во Лигата на шампионите. Со својата брзина, прецизни центрирања и дефанзивна способност, Мороканецот му помогна на ПСЖ да ја освој престижната тројна круна минатата сезона. Според многу аналитичари и фанови, овие признанија го прават главен кандидат за наградата.