Конго ја елиминира Нигерија и ќе игра интернационален мундијалски плеј-оф

Фудбалерите на ДР Конго се квалификуваа за интерконтиненталниот плејоф за Светското првенство, откако ја победија Нигерија во финалето на африканскиот плеј-оф во Рабат..

Во финалниот меч од плејофот, Конгоанците ја победија Нигерија по изведувањето пенали.

По 120 минути, резултатот беше 1-1, а Конго потоа славеше по шест серии пенали со 4-3.

Конго има шанса по прв пат да настапи на планетарната смотра под ова име. Тие учествуваа во 1974 година во Германија, но тогаш под името Заир и ги претрпеа сите три порази во групата.

Нигерија поведе во третата минута со голот на Френк Оњека, а Машак Елија израмни во 32-та минута.

Во втриот дел селекторот на Нигерија изврши неразбирливи измени. Најдобриот играч Осимен во соблекувалната го остави по првиот дел, а во раната фаза од второто полувреме од игра ги извади Чуквуезе, Лукман и Ивоби.

Конгонаците во вториот дел и продолженијата беа подобриот ривал, имаа неколку панси кои не ги искористија.

Во пенал серијата, во основниот дел двете репрезентации не реализираа по два пенали, а во шестата херој на Конго стана резервниот голман Фајула (влезе во игра во 120-та минута). Тој го одбрани пебалот на Сами Аџаји.