Германија по голема неизвесност избори полуфинале во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Германија доцна синоќа успеа да постигне победа за пласман во полуфиналето од Дејвис купот.
Во последното четвртфинале Германија ја совлада Аргентина со 2-1 и со пресврт стигна до триумфот.
Во првиот меч водство за Аргентина донесе Томас Етчевери, кој со 2-0 (7:6(3) и 7:6(7)) во сетови го совлада Јан-Ленард Штруф. Очекувано Александер Зверев изедначи на 1-1 со победата над Франциско Серундоло добивајќи го мечот со 2-0 (6-4 и 7-6(3)). Во мечот во двојки Аргентина поведе откако го доби првиот сет со 6-4, а со истиот резултат германската двојка стигна до изедначување. Во решавачкиот сет беше 7-6 (12-10) за германската комбинација Кевин Кравец и Тим Пурц.
Во денешното прво полуфинале играат Италија – Белгија, додека утрее мечот меѓу Шпанија и Германија.