Погба се врати по суспензијата: Фудбалот не е завршен за мене

На вчерашниот меч меѓу Рен и Монако кој домаќините го добија со 4-1, Пол Погба влезе во игра во 85. минута за гостинскиот тим, тоа за него беше прв меч по повеќе од две години пауза во кои издржуваше суспензија поради допинг.
Во септември 2023 година Погба беше суспендиран за користење на допинг. Првичната казна беше четиригодини, но подоцна беше намалена на 18 месеци. Во меѓувреме тој го напушти Јувентус, а летото се пресели во Монако.
Вчера за првпат настапи на натпревар. Тој вели дека фудбалот за него не е завршен и има што да покаже.
„Многу сум среќен што му се вратив на фудбалот. Тоа е она што најмногу го сакам во светот. Фудбалот не е завршен за мене.
Работев, чекајќи повеќе од две години да се вратам. И покрај се што се случи, приказните надвор од фудбалот, јас бев тој кој страдаше најмногу“, заврши Погба.