Најлошото издание сезонава недоволно да се избегне пораз во Охрид

По победата во најголемото дерби во македонскиот ракомет, Еурофарм Пелистер имаше нов сериозен предизвик во Суперлигата, но потклекна пред ракометарите на Охрид во дербито од 17. коло. Амбициозениот суперлигаш извојува победа од 29-25 (13-11) и му го нанесе вториот пораз на шампионот сезонава во домашниот шампионат.

Воведот од мечот беше очекуван и воглавно се играше гол за гол, а така беше и до самата завршница на првиот дел кога Охрид со три гола во низа направи убава предност, пред да се замине на пауза со резултат 13-11. Второто полувреме беше отворено со подобра игра на Охрид и домаќините за првпат стигнаа до +5, а потоа и до +7, откако „гладијаторите“ подобро се снајдоа по малата тензија која настана на теренот.

Еурофарм Пелистер до крајот се избори само за подостоен пораз и за конечни 29-25. Стефан Петриќ беше прво име во победничкиот тим со седум постигнати голови, додека најефикасен на паркетот беше Дејан Манасков со осум погодоци за Еурофарм Пелистер.

Во последното есенско коло, Еурофарм Пелистер ќе го пречека Тиквеш во спортската сала „Боро Чурлевски“.