Швајцарија фаворит за домаќинство на Зимската Олимпијада во 2030 година

Доколку ја добие довербата, Швајцарија ќе биде првпат домаќин на Зимските олимписки игри, по цели 90 години. Проектот, кој ги опфаќа и Параолимписките игри, има за цел да организира натпревари низ целата земја.

Десет кантони и 14 општини се директно вклучени, а организаторите даваат приоритет на користењето на „постоечките спортски објекти од прва класа“, соопшти здружението Швајцарија 2038 на прес-конференција во Берн.

Основано во ноември 2023 година од националните зимски спортови федерации, Швајцарскиот олимписки сојуз и Швајцарскиот параолимписки сојуз, здружението има план за околу 120 натпревари во Женева, Лозана, Кран-Монтана, Енгелберг, Цирих, Цуг, Лугано, Ленцерхајде и Сент Мориц.

Се очекува Лозана, домот на Меѓународниот олимписки комитет, да ги организира натпреварите во уметничко лизгање, а Женева да биде домаќин на брзо лизгање и карлинг, користејќи го комплексот Палекспо, кој беше домаќин на тениски натпревари од Дејвис купот.