Aсенсио го повреди мускулот, го чека тринеделна пауза

Лоши вести пристигнуваат за тимот на Реал Мадрид.

Имено, Марко Асенсио поради повреда на мускулот на левата нога ќе биде надвор од терените во наредните три недели. Асенсио сигурно ќе ги пропушти наредните два натпревари.

За Асенсио следува еден мини рехабилитационен период после кој ќе се знае колку е спосбен за настап.

Ќе потсетиме, Реал Мадрид изминатиот викенд го освои Суперкупот на Шпанија.