кошарка

Стев Кари ќе го пропушти „Ол-стар“ натпреварот

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, нема да учествува на НБА Ол-стар натпреварот, објави инсајдерот на „ClutchPoints“ Брет Сигел.

Триесет и седумгодишниот кошаркар ги пропушти последните четири натпревари на Вориорс во поради повреда.

Официјалната причина за неговото отсуство е синдромот на пателофеморална болка, кој обично се манифестира како оток и болка во капачето на коленото.

Според Сигел, Кари ќе се врати на теренот по паузата за „Ол-стар натпреварите“.

Претходно беше објавено дека плејмејкерот на Оклахома сити Тандер, Шеј Гилџус-Александар, истоа така нема да игра на „Ол-стар 2026“.


Џими Батлер успешно опериран

Ѕвездата на Голден Стејт, Џими Батлер, вчера беше успешно опериран на скинатиот преден вкрстен лигамент на десното колено во Лос Анџелес, објави НБА тимот.

Тој ќе го пропушти остатокот од тековната сезона а информациите за неговото закрепнување нема да бидат ажурирани до почетокот на наредната сезона. Батлер има една сезона и 56,8 милиони долари преостанати од неговиот тековен договор.

Генералниот менаџер, Мајк Данливи, изјави дека „не може да замисли“ да го продаде Батлер и очекува тој да се врати на терените.


Дарио Шариќ е слободен играч

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Дарио Шариќ наскоро може да има статус на слободен играч во НБА лигата откако се најде на листата отпуштени во Детроит Пистонс.

Во случај неговиот договор да не биде преземен во следните денови Шариќ (31 година) ќе биде слободен играч.

Хрватот за Сакраменто Кингс сезонава одигра пет натпревари.

Претходната сезона тој одигра и 16 натпревари за Денвер (четири како стартер), а потоа беше разменет за Јонас Валанчунас, потоа следуваше премин во Чикаго, а на крајот во Детроит, кој се откажа од неговите услуги.

Шариќ има одиграно 524 натпревари во НБА лигата и настапи за Филаделфија, Феникс, Минесота, Голден Стејт и Оклахома Сити. Во Евролигата настапуваше во Анадолу Ефес, a Хрватска во екипите на Зрињевац, Загреб и Цибона.

Екипите од Евролигата играчи можат да регистрираат нови играчи до 25.февруари и затоа враќање на Шариќ во екипа од Евролигата е реална опција.


ТФТ го освои Маџари и пак се врати на врвот

Екипата на ТФТ не му дозволи на Маџари да направи изненадување, па составот од Тафталиџе се радуваше на 14-тата победа.

Во натпревар од 15 коло, ТФТ како гостин го победи Маџари со 90-111.

Дејвис имаше 21 поени кај победникот, зад него беше Ташовски со 20 поени и 6 асистенции, додека пак 19 поени имаше Говенс. На другата страна Амстронг беше стрелец на 26 поени.

Со оваа победа ТФТ се врати на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од МЗТ Скопје, а три од Пелистер кој е трет. Маџари со 22 бода е на шестото место.


Леброн Џејмс се враќа во Кливленд?

Американските медиуми најавуваат вистинска бомба во врска со трејд и името на Леброн Џејмс.

Легендарниот кошаркар не само што не планира да се пензионира, туку го убедуваат да се врати во Кливленд, екипата и местото каде и започна неговата фантастична кариера.

Кливленд во 2003 година како прв пик на драфот го доби Леброн Џејмс, а тој во неговата 23-годишна кариера освои четири титули.

Во 2012 и 2013 го освојуваше трофејот со Мајами, па следуваше враќање во Кливленд и титула во 2016 година, а четвртиот трофеј го свои со ЛА Лејкерс во 2020 година.


Ивица Зубац си замина од Лос Анџелес Клиперс

Ивица Зубац и официјално се прости од Лос Анџелес Клиперс по трејдот што го однесе во Индијана Пејсерс.

Во рамки на размената, Зубац и Коби Браун заминаа во Индијана, додека Клиперс ги добија Бенедикт Матурин, Ајзеја Џексон и три пика на НБА драфтот.

По потврдувањето на трансферот, хрватскиот центар се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи, во која им се заблагодари на клубот и навивачите за поддршката низ годините.


Чикаго е новиот клуб на Јабуселе

Францускиот кошаркар Гершон Јабуселе кариерата ќе ја продолжи во Чикаго Булс со што останува во НБА лигата.

Според американските медиуми Јабуселе го напушти Њујорк Никс во замена за Дилејн Тери.

Францускиот репрезентативец имаше мала минутажа кај тренерот Мајк Браун, а последните три натпревари воопшто и не ги играше.


ТФТ го надигра Чаир и се врати на врвот на табелата

Кошаркарите на ТФТ ја потврдија фаворитската улога во дуелот со Чаир

Во последниот натпревар од 14.коло на Супер лигата, вицепрвакот ТФТ со 111-91 го совладаа Чаир.

Дека фаворитот од Тафталиџе нема да дозволи изненадување, потврди уште во првиот квартал. ТФТ имаше двоцифрена предност, а го доби периодот со шест разлика.

Само еден поен надополни Чаир во вториот период, па на одмор ТФТ замина со предност од 59-54.

Гордон со 24 и Ташковски со 22 поени беа најефикасните играчи во победничката екипа.

Со оваа победа ТФТ се врати на врвот на табелата со 27 бодови, еден повеќе од второ пласираниот МЗТ Скопје. Сега чаирчани кои се на 10.место, имаат ист „скор“ (5-9 победи-порази) како и деветто рангираниот Работнички


Вилсон: Почит за Феникс, но Пелистер оди по нова победа

Пелистер одлично ја почна новата календарска година, со три победи над скопски ривали (Работнички, Чаир и Маџари). Серијата дуели со противници од градскиот ривал продолжува веќе в сабота, во 17:00 часот со ново гостување во салата во која пред неколку дена беше совладан тимот на Маџари.

Противник на тимот на Боро Даскаловски ќе биде Феникс, тим што има млади и перспективни играчи во своите редови, а квалитетот го покажа во минатото коло кога го совлада тимот на Куманово.
Центарот Ленгстон Вилсон е задоволен од растот на формата на целата екипа, тренд што очекува да продолжи и на претстојниот дуел со Феникс.

„Феникс е квалитетен противник, можевме да го видиме тоа на дуелот со Куманово што го играа непосредно пред нас во истата сала. Играат со интензитет, главен квалитет им е бековската линија и тоа е она што ќе треба да го запреме. Веруваме дека можеме до нова победа. Задоволни сме од нашата форма од продолжението на сезоната, клучниот напредок го имавме со движењето на топката, сега полесно создаваме чисти ситуации, со што ни се подобри и процентот на шут. Задоволни сме, но знаеме и дека можеме уште подобро, на последните средби им дозволувавме на противниците низа лесни поени, тоа е нешто на што работиме и што сум убеден дека ќе го подобриме во наредниот период“, истакнува Вилсон во пресрет на саботниот дуел.

По ова петнаесетто коло следи пауза во шампионатот заради завршниот турнир на Купот на Македонија во Куманово.


Јасмин Репеша се врати во Сплит

Хрватскиот кошаркарски стратег Јасмин Репеша ќе се приклучи на стручниот штаб на КК Сплит (поранешниот европски првак Југопластика).

Тој сега ќе има улога на советник бидејќи неговиот син Дино е тренер на КК Сплит.

Оваа екипа се бори за опстанок во АБА лигата, а ги очекуваат и дуелите со Задар за трофеите во хрватските натпреварувања.

– Имам убави спомени од таа сезона, а имам и многу пријатели. Во Италија мојот клуб банкротираше и не се двоумев ниту во еден момент. Секој клуб има период на криза, па така и Сплит губи натпревар во кој има предност од 20 разлика. Дино процени дека може да му помогнам, изјави Јасмин Репеша.

Ова е всушност враќање на Грипе, каде беше тренер на популарните „жолти“ во сезоната 2000/01, кога играа во четвртфиналето на Супролигата (поранешен Куп на шампиони на ФИБА).