кошарка

Рекордна гледаност во НБА лигата, 68.323 гледачи ги гледаа Сан Антонио и Голден Стејт

НБА лигата од година во година ги поместува границите, а сега
успеа во тоа и кога во прашање е рекордниот број гледачи на
еден натпревар. Натпреварот помеѓу Сан Антонио Спарс и
Голден Стејт изминатата вечер кој Вориорси го добија со 114-113
го гледаа дури 68.323 гледачи што е рекорд за еден НБА
натпревар.
Тоа беше можно затоа што мечот се играше во „Аламадома“, сала
која долго беше преграден стадион, а сега преградата беше
отстранета па беше отворена трибината на целиот стадион.
Спарси на овој начин сакаа да прослават 50 години на
франшизата и навистина приредија вистински спекткал.
Единствено што не беше во склад со атмосферата беше нивната
игра на теренот каде што Вориорси беа многу подобри.
НАЈМНОГУ ПОСЕТЕНИ НБА НАТПРЕВАРИ
Сан Антонио113-144 Голден Стејт – 13.01.2023. година – 68.323
гледачи
Атланта 74-89 Чикаго Булс – 27.03.1997 – 62.046
Детроит 125-108 Бостон – 29.01.1988 – 61.983
Детроит 125-107 Филаделфија – 14.02.198 – 52.745
Минесота 89-99 Денвер -17.04.1990 – 49.551
Детроит 102-103 Атланта – 30.03.1988 – 47.692


Мекиќ го менува МЗТ Скопје со Темишвар

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ е биде нов
интернационалец откако денеска се договори со прволигашот од
Романија, Темишвар.
По една деценија во македонското првенство и освоени пет
шампионски титули и три Купа, 27-годишниот кошаркар одлучи да
замине во странство што беше негова долгогодишна цел. Член на
МЗТ Скопје беше претходните 2,5 сезони, а дресот на овој тим го
носеше и од 2014 до 2017 година. Во меѓувреме се профилираше во
еден од најдобрите македонски кошаркари и стандарден член на
репрезентацијата.
Иако договорот е постигнат, Мекиќ најверојатно ќе биде во
комбинација за дуелот против Црвена Звезда в недела во Аеродром, а
следниот ден ќе замине на медицински прегледи во Романија.


Далас нема да му понуди договор на Кемба Вокер

Кемба Вокер не успеа да го убеди стручниот штаб и раководството
дека треба да добие подолга шанса во редовите на Далас и останува
без ангажман.
Маверикс соопштија дека го ослободуваат од обврските НБА
ветеранот, кој во редовите на Далас има просек од 8 поени и 2,1
асистенција на 9 одиграни натпревари.
Најдобриот настап на Вокер беше во поразот од Кливленд, кога тој
постигна 33 поени, користејќи ја шансата поради отсуството на
Дончиќ и Динвиди. Далас реши да му додели отказ на Вокер еден ден
пред тој да добие гарантиран договор за до крајот на сезоната.
Вокер има проблеми со хронична повреда на коленото веќе неколку
години, па во минатото имаше слични кратки соработки со Оклахома
Сити, Њујорк и Детроит.


Кошаркарскиот клуб Црвена звезда нема да може да го регистрира Кампацо до 28.февруари

Кошаркарската Евролига му изрече забрана за регистрација на нови играчи на Црвена звезда, која ќе мора да плати и парична казна од 25.000 евра, поради сериозни прекршувања на финансиската стабилност и правилата за фер плеј.

Поради изречената забрана, црвено-белите од Белград нема да можат да го регистрираат аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо кој неодамна беше доведен во клубот. Тој ќе може да настапува за Црвена звезда само во натпреварите од регионалната АБА лига.

Раководството на белградска Црвена звезда најави жалба на одлуката за казна и правна борба со Евролигата.


Лука Дончиќ руши НБА рекорди

DALLAS, TX – DECEMBER 27: Luka Doncic #77 of the Dallas Mavericks dribbles the ball during the game against the / on December 27, 2022 at the American Airlines Center in Dallas, Texas. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and or using this photograph, User is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2022 NBAE (Photo by Glenn James/NBAE via Getty Images)

Словенечкиот кошаркар и член на Далас Маверикс, Лука Дончиќ продолжува со своите
извонредни настапи за својот клуб, со што ги руши историските рекорди во НБА лигата.
Далас Маверикс славеше победа издвоена после продолженија со резултат 126:121 против тимот
на Њујорк Никс, а на средбата Лука Дончиќ забележа скор од 60 поени, 21 скок и 10 асистенции.
На овај начин Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој до трипл-дабл стигна со
60 или повеќе поени, 20 или повеќе скока, и 10 или повеќе асистенции. Словенецот го собори и
клубскиот рекорд на Далас Маверикс со постигнати 60 поени.


Во Далас е откриена статуа во чест на Новицки

Кошаркарскиот клуб Далас Маверикс, пред својата сала откри статуа во чест на легендарниот играч Дирк Новицки.

Статуата го прикажува Новицки како го изведува својот легендарен шут на една нога, кој беше негов заштитен знак во кариерата.

„Беше емотивно. Кога статуата беше откриена, помислив како е денес сонцето совршено“, изјави Новицки. Германскиот кошаркар е единствениот играч во НБА кој провел 21 сезона играјќи за ист клуб. Тој со Далас стана НБА шампион во сезоната 2011/2012. Новицки е номиниран и за влез во кошаркарската Куќа на славните.


Каунас ќе биде домаќин на финалниот турнир во Евролигата

Завршниот турнир на кошаркарската Евролига ќе биде одржан во Каунас, Литванија, од 19 до 21 мај, соопштуваат претставниците на лигата.

Во соопштението се вели дека натпреварите од фајнал-фор ќе се одиграат во Жалгирио арена. Во петок 19 мај на програмата се полуфиналните средби, додека натпреварот за третото место и финалето ќе видат два дена подоцна, односно во недела 21 мај.

Претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога, истакнува дека е благодарен на Каунас и Жалгирис на нивната посветеност и интерес да бидат домаќини на Ф4 турнирот, и се надева дека екипите и навивачите ќе приредат уште една незаборавна организација.


Проблеми за Голден Стејт: Стеф Кари мора да паузира поради повреда

Најдобриот кошаркар на НБА тимот Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе мора да паузира неколку недели поради повреда на левото рамо.

Ова претставува дополнителен проблем за екипата на Вориорс, која има само една победа во последните пет натпревари.

Повредата на рамото, Кари ја доби на НБА дуелот против Индијана Пејсерс.


Ригорозна казна за Чаир 2030 за прекинот на дербито против Работнички

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе експресна одлука за инцидентот што се случи во недела на мечот помеѓу Чаир 2030 и Работнички, кој беше прекинат по физички напад врз гостински кошаркар.

Чаирчани ќе играат десет меча играње пред празни трибини и ќе платат вкупно 200.000 денари од кои 48.000 се поради прекинот, 132.000 според Дисциплинскиот правилник и по 10.000 денари се казна за Рушити Арбин како еден од иницијаторите на инцидентот како и за фрлање петарди.

Со 10.000 денари е казнет и Работнички и тоа поради однесувањето на Ерик Нотиџ, кој исто така е означен како еден од иницијаторите. Средбата е регистрирана со службена победа на Работнички со 20-0.


Бен Гордон уапсен за нова глупост, се нафрлил врз недолжен минувач

Бен Гордон повторно е уапсен во Харлем, Њујорк, откако се нафрлил на минувачи и се обидел да ги повреди со игла за шиење.

„Не разбрав што се случува. Само што поминав и го видов Бен со игла за шиење, како се обидуваше да прободе некои луѓе. Не знам ни што да додадам“, изјавил сведок на инцидентот.

На почетокот на ноември, Гордон беше уапсен под обвинение дека претепал двајца чувари во Мекдоналдс во Чикаго. На 10 октомври, пак, беше уапсен на аеродромот ЛаГвардија во Њујорк, откако го удрил својот 10-годишен син во лицето, додека се подготвувале да се качат на лет за Чикаго. При апсењето кошаркарот ги повредил и вработените на аеродромот и полицијата.

Гордон беше апсен неколку пати во минатото, а пред неколку години самиот откри дека боледува од биполарно растројство, кое веројатно е и причината за нарушеното ментално здравје.