Душко Ивановиќ го наследи Лука Бјанки на клупата на Виртус Болоња. Бјанки си замина по синоќешниот пораз од Алба во Евролигата. Виртус има скор од само две победи и 11 порази.
Виртус за помалку од 24 часа најде нов тренер. Поранешниот тренер на Црвена звезда и Басконија, Душко Ивановиќ го презеде тимот.
Црногорецот нема да може да дебитира утре прптив својот поранешен клуб Црвена звезда, бидејќи помина рокот за регистрација, за играчи или тренери за 14.коло.
Ивановиќ ќе дебитира против Милано викендов во домашното првенство.
Амбасадорот на БиХ во официјална посета на КФСМ
Денес во просториите на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија делегација од Амбасадата на Босна и Херцеговина и претставници од Владата беше во официјална посета.
Драган Јаќимовиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина, заедно со Министерот за безбедност, господинот Ненад Нешиќ, ги посетија канцелариите на КФСМ.
Мандатот на Драган Јаќимовиќ како амбасадор на Босна и Херцеговина во Македонија започна во 2019 година додека господинот Ненад Нешиќ, ја обавува функцијата Муинистер за безбедност на Босна и Херцеговина од 2022 година.
Виртус се раздели со тренерот Лука Банки
Лука Банки повеќе не е тренер на Виртус. Според „Газета дело Спорт“, тој по тешкиот пораз од Алба во Евролигата на играчите им рекол дека си заминува од таа позиција.
Виртус, синоќа, по едно продолжение загуби од Алба 88:90. Утре во Болоња гостува Црвена звезда.
Она што се случуваше по натпреварот е кулминација на лошите односи во Виртус бидејќи Бјанки имал жесток конфликт со генералниот директор Паоло Рончи.
Веќе на почетокот на сезоната тој имаше недоразбирања со Вил Клајбурн и оттогаш се се искомплицира, а меѓу играчите наводно ја имал поддршката само од Марко Белинели.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Бјанки на клупата ќе биде заменет од човекот на чие место дојде минатата сезона, Александар Ѓорѓевиќ. Поранешниот селектор на Србија го водеше тимот од Болоња од 2018 до 2021 година.
Единствена пречка е што 57-годишниот Ѓорѓевиќ сака повеќегодишен договор.
По поразот од Алба, Виртус остана сам на дното на табелата во Евролигата со само две победи и 11 порази.
Осум федерации ја сакаат организацијата на Евробаскетот 2029 година
Осум национални федерации и официјално испратиле пријави за организирање на ФИБА Евробаскетот 2029 година, потврдија од европската зона на Светската кошаркарска федерација.
Естонија, Финска, Германија, Грција Литванија, Холандија, Словенија и Шпанија се имињата на земјите од кои ќе бидат одредени домаќините на наредниот собир на најдобрите европски селекции.
А согласно со принципите на ФИБА, половина од нив ќе бидат со „добитна комбинација“ односно ќе го поделат „домаќинството“ на 43. по ред, Европско првенство.
Естонија и Холандија се единствените држави на оваа листа кои никогаш не биле во улога на организатор на финалната фаза од турнирот за Евробаскетот, додека Финска би можела да биде првата земја која би организирала два шампионати по ред, со оглед на тоа дека ќе бидат домаќини на една од натпреварувачките групи за претстојниот Евробаскет во 2025 година.
Одговорот кој ќе ја добие организацијата на овој следен голем настан во европската кошарка, ФИБА ќе го „даде“, односно објави во мај, 2025 година.
Минатата седмица ФИБА објави дека групната фаза на женскиот Евробаскет во 2027 година ќе се игра и во Белгија и Шведска, кои им се придружија на Финска и Литванија како организатори на 41. издание на Европското првенство во женска конкуренција.
Јокиќ израмни рекорд на Меџик Џонсон
Никола Јокиќ постигна трипл-дабл на натпреварот со Лос Анџелес клиперс во натпревар одигран рано утрово.
На средбата која ја добија Клиперс со 126:122, 29-годишниот Јокиќ постигна 28 поени, а забележа и 14 скока и 11 асистенции.
Така, српскиот кошаркар го повтори достигнувањето на членот на „Куќата на славните“ Меџик Џонсон со својот 138. трипл-дабл и стана трет во историјата на лигата по овој показател.
Пред Србинот се само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (200).
Абу Даби ќе биде домаќин на Ф4 на Евролигата во мај 2025 година
Абу Даби ќе биде домаќин на фајналфорот на Евролигата во 2025 година, пренесуваат „СДНА“ и „Баскет њуз“.
Одлуката е донесена, претпладнево, по седницата на Извршниот одбор на акционери. „За“ гласале 11 клубови, против биле само Реал Мадрид и Олимпијакос.
Фајнл-форот ќе се игра од 23 до 25 мај следната година. Полуфиналните натпревари се закажани за петок на 23 мај, додека финалето е во недела на 25 мај.
Ова ќе биде првпат завршниот турнир во Евролигата да се игра надвор од Европа.
Потпишан е едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште две сезони во зависност од успехот на организацијата во Обединетите Арапски Емирати.
Локацијата се уште не е потврдена, но најверојатно тоа ќе биде арената „Етихад“ со капацитет од 18.000 навивачи.
Шортс е МВП на ноември во Евролигата
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, по извонредните настапи за Париз, е избран за МВП за месец ноември во Евролигата.
Шортс го доби признанието МВП откако во пет натпревари оствари просек од 19,6 поени и 8,4 асистенции по натпревар.
Со таквите настапи, тој го предводеше францускиот тим до пет победи.
Најдобриот настап го постигна против Барселона кога Париз победи, а тој забележа 24 поени и девет асистенции.
Абу Даби го победи Белград и ќе биде домаќин на следниот Ф4 на Евролигата
Белград нема да биде домаќин на Завршниот турнир во Евролигата за оваа сезона, туку четирите најдобри тимови од Европа ќе се соочат во Абу Даби, објавија српските медиуми.
Засега нема официјална потврда од страна на Евролигата, но се очекува истата да биде објавена во вторник по состанокот на управата на елитното кошаркарско натпреварување.
Абу Даби ќе добие право да биде домаќин на уште две финалиња во Евролигата, но допрва треба да се утврдат датумите.
Белград беше организатор на Ф4-турнирот во 2018 и 2022 година, а беше во конкуренција и за оваа сезона, но извисил во изборот за домаќин.
Српски кошаркар доживотно суспендиран заради местење натпревари
Светската кошаркарска федерација ФИБА соопшти дека доживотно го суспендирала српскиот кошаркар Никола Ќирковиќ.
Ќирковиќ доби забрана за професионална кошарка до крајот на животот, a сето тоа поради местење натпревари и обложување
Последниот ангажман на Ќирковиќ беше во Слобода од Ужице, а претходно играше на паркетите во Босна и Херцеговина во Братунац. Играше и за српските прволигаши Напредак, Вршац и Динамик, а кратко време беше и член на шпанскиот третолигаш Биеле.
Ги мина младинските селекции на српската репрезентација и своевремено важеше за многу талентиран кошаркар.
На почетокот на оваа година, ФИБА доживотно го суспендираше и Мирослав Пашајлиќ, уште еден српски кошаркар, наведувајќи го како причина нарушување на интегритетот и етичкиот кодекс на натпреварувањето.
Македонија домаќин на Европско кадетско првенство
Македонската кошаркарска федерација ќе го организира Европското првенство 2025 во кадетска конкуренција.
Одлуката, како што е соопштено, ја донесе извршниот одбор на ФИФА Европа на состанокот во Истанбул.
Европското првенство Б дивизија за кадети ќе се одржи во Скопје од 7 до 16 август.
Меѓу другите одлуки кои ФИБА Европа ги донесе на вчерашниот состанок воедно е потврден и датумот на жрепката за Евробаскетот 2025. Извлекувањето на групите е закажано за 27 март идната година во Рига.