кошарка

„Ѕвездите на САД“ се победници на Ол-Стар мечот

Тимот на „Ѕвездите на САД“ победи на НБА Ол-стар турнирот откако славеше со 47:21 над вториот состав на кошаркари од САД. „Тимот на светот“ ги загуби двата натпревари.

Годинава конечно промени во однесувањето на кошаркарите. Видовме и игра во одбрана, четири натпревари, три екипи и вкупно 48 минути уживање во кошарката, бидејќи сите играчи имаа заедничка цел и мисија, а тоа беше да го вратат сјајот на ремек-делото на средина на сезоната.

„Ми се допаѓа овој формат“, рече Ентони Едвардс, без многу објаснување, откако ја освои наградата за најкорисен играч.

Овој пристап беше поддржан и од Виктор Вембањама, кој во текот на целата недела нагласуваше дека сака да поттикне инспирирана и конкурентна игра.

Со три екипи и скратени натпревари од 12 минути во кружен систем, немаше простор за опуштање.

Индивидуалниот настап на вечерта му припадна на играчот кој најдобро се снајде во позната атмосфера. Кавај Ленард, единствениот Ол-стар на Лос Анџелес Клиперс постигна 31 поен за само 12 минути игра. Тимот на светот не се пласираше во финалето, но е јасно дека иднината на тимот е во сигурни раце – во рацете на Виктор Вембањама.


МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија, Куманово нерамноправен ривал

Екипата на МЗТ Скопје останува „владетел“ во македонската кошаркара. Оваа екипа успеаја да слави во финалето од Купот на Македонија против МКК Куманово (96-70) и така го одбранија ланскиот трофеј, па дојдоа до четвртото одличје во низа.

Само на два клуба во Куп-историјата на Македонија и успеало тоа да дојдат до четири трофеи во низа, тоа се МЗТ Скопје и Работнички. Неизвесност на натпреварот имаше само на почетокот, а потоа МЗТ Скопје покажа дека има поквалитетеи ростер и го реши победникот на натпреварот.

Финалето се играше пред 3.500 гледачи во одлична атмосфера која не му помогна на домашниот тим да направи подвиг и да слави пред свооите навивачи.

Смит-Мекјуен беше најдобар кај МЗТ Скопје со 23 поени, а Гил имаше 17 поени, додека Танасковиќ заврши со 12 поени. Кај МКК Куманово, Митевски, Луковиќ и Ѓуроски постигнаа по 13 поени.

За МЗТ Скопје ова е рекорден 14. трофеј во Купот на Македонија. На „вечната листа“ зад аеродромци е Работнички со десет трофеи.


Партизан не го дава Бонга, доби четири понуди од НБА лигата

Isaac Bonga, #17 of Partizan Mozzart Bet Belgrade during the 2025/2026 Euroleague Round 12 match between Partizan Mozzart Bet Belgrade and FC Bayern Munich at Belgrade Arena on December 04, 2025 in Belgrade, Serbia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Starsport.rs)

Исак Бонга остана во Партизан и покрај интересот за него што го пројавуваат неколку екипи од НБА-лигата.

Според „Меридијан Спорт“, четири НБА тимови му се обратиле на Партизан за потпишување на германскиот репрезентативен кошаркар.

Сепак, управата на српскиот клуб донесе одлука да не се раздели со еден од своите најстандардни играчи во текот на тешката сезона за „црно-белите“, и покрај атрактивните финансиски услови.

Бонга има просек од 9,6 поени, 5,7 скока, 1,4 асистенции и 1 украдена топка по натпревар во Евролигата.

Партизан по 28 кола се наоѓа на претпоследното, 19. место во Евролигата со девет победи и 19 порази.


По две децении Крис Пол замина во пензија

Американскиот кошаркар Крис Пол, двократен освојувач на златен олимписки медал, објави дека ја завршува својата професионална кариера по 21 сезона во НБА. Пол (40), 12 пати учествуваше на Ол-стар викендот, а на крајот од кариерата се очекува да биде примен во Куќата на славните.

Последната скратена сезона ја помина со Лос Анџелес Клиперс.

Канадскиот тим знаеше дека Пол нема да игра за нивниот тим, па се постави прашањето дали искусниот бек ќе ја продолжи сезоната во друг тим.

„Време е да бидеме тука за другите и на други начини“, напиша Пол на социјалните мрежи. Минатата година, Пол рече дека тешко му паѓа што пропушта настани со своите деца.

Пол беше избран четири пати во идеалната петорка на НБА лигата, а е втор во историјата со 12,552 асистенции и 2,728 украдени топки.
Тој беше првиот играч кој постигна најмалку 20,000 поени со најмалку 10,000 асистенции, по него следеа Леброн Џејмс и Расел Вестбрук.

За време на неговата кариера, тој играше за Њу Орлеанс хорнетс, Клиперс, Хјустон рокетс, Оклахома, Феникс, Голден стејт и Сан Антонио.


Билетите за Ф4 во Атина разграбани за час

Билетите за Фајналфорот во Атина, кој беше пуштен во продажба, се распродадени за пет минути.

Евролигата открива дека бројот на регистрирани корисници на порталот за продажба на билети достигна 400.000, додека минатата година беше 50.000, што јасно покажува колку интерес има кај навивачите оваа година.

Првата фаза од продажбата на билети е веќе отворена, а билетите беа распродадени за пет минути.

Втората фаза од продажбата на билети ќе биде на 26 февруари во 10 часот наутро, а третата на 17 март во исто време. Четвртата и последна фаза од продажбата ќе започне на 20 април.

Фајналфорот на Евролигата ќе се одржи во Атина од 22 до 24 мај. Полуфиналето ќе се игра во петок, 22 мај, додека финалето ќе биде во недела, 24 мај.


ПАО доведе екстра засилување, Најџел Хејс-Дејвис се врати во Европа

Трансферот на Најџел Хејс-Дејвис во Панатинаикос претставува еден од најзначајните трансфери во европската кошарка.

Ангажманот на Најџел Хејс-Дејвис во Панатинаикос е резултат на интензивна финансиска трка меѓу неколку европски и блискоисточни гиганти.

Сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос, успеа да ги надмине понудите на Хапоел Тел Авив и Фенербахче, обезбедувајќи потпис на договор кој според различни извори варира меѓу 10 милиони и 15 милиони долари за период од две и пол години.

Овој потег ја демонстрира решеноста на атинскиот клуб да ја задржи доминацијатаво Евролигата.


Емил Рајковиќ се раздели со турски Тофаш

Емил Рајковиќ и Тофаш ја завршија соработката. Турскиот клуб денеска со официјално соопштение потврди дека нашиот стручњак ја напушта позицијата прв тренер на тимот.

Рајковиќ беше назначен за главен тренер на Тофаш на стартот на сезоната 2025/2026, но не успеа да ја заврши на своето ново работно место. Кризата која го зафати тимот на резултатски план, а особено последните порази и во ФИБА Лигата на шампионите беа иницијална каписла за турските газди да побараат ново тренеско решение.

„Решивме да се разделиме со нашиот почитуван тренер и му се заблагодаруваме за неговиот придонес во нашиот клуб и кошарката во Бурса. Му посакуваме многу среќа во следната фаза од неговата кариера“, напишаа од Тофаш.


Ајзеа Стјуарт казнет со седум натпревари заради инцидентот

НБА кошаркарската лига реагираше брзо по хаотичните сцени на натпреварот помеѓу екипите на Детроит Пистонс и Шарлот Корнетс, суспендирајќи четири играчи кои беа во центарот на масовна тепачка во текот на третата четвртина.

Најстрого казнет е крилниот центар Детроит, Ајзеа Стјуарт, со суспензија од седум натпревари. Муса Диабате и Мајлс Бриџис од Шарлот исто така добија суспензија, од по четири натпревари, додека играчот на Детроит Џејлен Дурен е суспендиран на два натпревари.

Инцидентот започна нешто повеќе од седум минути пред крајот на третата четвртина, кога Џејлен Дурен, со топката во раце и во обид да се упати кон кошот, беше фаулиран од Диабате.

По фаулот, Дурен се сврте и влезе во вербален и физички контакт со противникот, при што делуваше дека двајцата се судрија со главите.


Прекината низата на Леброн Џејмс

Леброн Џејмс ја пропушти средбата со Сан Антонио Спарс во ноќта на среда поради артритис на левото стапало. Со тоа исклучување, тој го губи правото на избор во Ол-стар тимот и другите главни индивидуални награди оваа сезона. Во својата 23-та сезона во најсилната кошаркарска лига на светот, тој ја загуби шансата за 22-ро последователно вклучување во една од најдобрите тројни статистики на сезоната.

Тоа беше неговиот 18-ти изостанок во текот на оваа сезона, што значи дека повеќе не може да ги достигне минималните 65 настапи потребни за кандидатура за All-NBA тимовите и други индивидуални признанија. Џејмс досега беше рекордер со 21 сезона по ред вклучен во некој од All-NBA тимовите.

Своето прво индивидуално признание го освои уште во дебитантската сезона 2003/04, кога беше прогласен за најдобар нов играч на годината, а во сезоната 2024/25 беше вклучен во вториот најдобар тим на лигата. Меѓу тие награди, тој четири пати беше прогласен за најкористен играч на лигата и дури 13 сезони беше вклучен во најдобриот тим. Четири пати беше вклучен во вториот, и четири пати во третиот најдобар тим на лигата, а освои и многу други признанија.

НБА воведе правило во сезоната 2023/24, според кое играчот мора да одигра најмалку 65 од вкупно 82 натпревари за да се квалифицира за наградите на крајот од сезоната, со цел да се поттикнат настапите на големите ѕвезди. Тој број може да го достигнат само оние кои ќе избегнат повреди или суспензии.

Џејмс, кој има 41 година, оваа сезона одигра 35 натпревари и во просек бележи 21.8 поени, 6.9 асистенции и 5.7 скокови.


Јасикевичиус кандидат за клупата на Минесота

Кошаркарот на Минесота Џо Инглс изјави дека пости можност неговиот поранешен соиграч од Барселона и сегашен тренер на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус би можел да седне биде тренер на клуб во НБА лигата.

Искусниот играч смета дека Литванецот ги има сите предиспозиции да се обиде да биде тренер во НБА лигата.

„Мислам дека може да биде тренер во НБА лигата. Не е за изненадување и дека има одбиено некои понуди и дека сака да работи и да се докаже дека е врвен тренер“, изјави Инглс.

Тој напомена дека го следи сега во Фенербахче и дека тој постојано напредува од Жалгирис, преку Барселона и сега во Фенербахче, со тоа што ја има освоено и Евролигата.

Јасикевичиус важи за еден од најценетите европски тренери.