feature

Јуве сака да го замени Влаховиќ со Ричарлисон

Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во летниот преоден рок, а веќе се најавува и кој би можел да биде наследникот на српскиот напаѓач.

„Калчомеркато“ пренесува дека една од опциите е Бразилецот, Ричарлисон кој како што стојат работите ќе го напушти клубот.

Ричарлисон по елиминатација на Тотенхем од Милан во Лигата на шампионите јавно изрази незадоволство поради малата минутажа која ја добива кај тренерот Конте. Конте брзо му возврати и му порача дека е во право кога вели дека има „сра*е“ сезона, но не треба него да го обвинува за тоа.

Јувентус е првиот клуб кој се поврзува со Ричарлисон по таа ситуација, фудбалерот веројатно не би му пречел трансфер во италијанскиот гигатн. Сепак треба да се види и дали „старата дама“ и „петлите“ можат да пронајдат заеднички јазик за оштетата.


Реднап: Одегард во моментов е најдобар играч во Премиер лигата

Арсенал имаше убедлив настап во пресметката со градскиот ривал Фулам и со чисти 3-0 дојде до славје на „Кревин Котиџ“ со кое одново ја врати предноста од пет бода во однос на бранителот на трофејот во Премиер лигата-тимот на Манчестер Сити.

Ова беше дуел кој го одбележа Леандро Тросар со хет-трик асистенции, а една од нив беше наменета за капитенот на екипата, Мартин Одегард. Одегард со ова дојде до десеттиот сезонски гол во најсилната англиска конкуренција, плус зад своето име има шест асистенции што според Џејми Реднап е доволно во овој момент да биде најдобар играч од средината на теренот во ПЛ, поточно да го надмине Кевин Де Брујне.

„Сега тој е број еден, никој не е подобар. Обично велиме дека Де Брујне е најдобар играч од средината на теренот, не само во Европа туку и во светот. Ама нешто не е во ред во моментов, тој не игра на толку натпревари колку што посакува. Ама Одегард тоа го прави, тоа го имаа сите големи играчи,како времето да стои кога ја има топката. Повеќето играчи шутираат, особено оние од средината, бидејќи не сме навикнати да влегуваме во тие ситуации. Но смиреноста што ја поседува, даде четири или пет гола исти гола со левата нога. Тој е капетан, лидер. За мене тој е број еден [во Премиер лигата]. И тој го води овој тим. Другото нешто што го прави кога ја нема  топката, тој оди и притиска. Тој е првиот, првата точка на одбраната, оди и притиска, а потоа одеднаш се фаќа. Тоа го прави толку добро“, порача Реднап.


Усик и Фјури договорија термин за боксерски спектакл

Светската боксерска асоцијација (ВБА) во саботата објави дека е постигнат договор околу борбата меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик, за апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Најавата на ВБА следи по долгите преговори за борбата на 29 април на Вембли, при што боксерите ги користат социјалните мрежи за да се рекламираат и да поставуваат услови.

Шампионот на ВБЦ, Фјури, во петокот изјави дека Усик, шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО, треба да добие 30 отсто од заработката од борбата, со што битката е загрозена. Усик на социјалните мрежи во петокот вечерта изјави дека се согласува со понудата, но само доколку Фјури донира еден милион фунти за Украина.

„Претседателот на ВБА доби информација од таборите на Олександр Усик и Тајсон Фјури дека е постигнат договор за меч за обединување на титулата“, се вели во соопштението на ВБА.


Џерард ќе биде следниот тренер на Барди во Трабзонспор?

Легендарниот играч за врска на Ливерпул, Стивен Џерард, пристигна во Истанбул за да одржи состанок со раководството на локалниот шампион Трабзонспор. Клубот е во потрага по нов тренер, а поранешниот прв човек на Астон Вила е фаворит број еден за оваа функција.

Во моментов ситуацијата во Трабзонспор не е лесна, бидејќи клубот е без претседател. Раководните функции во тимот ги извршува потпретседателот Ертурул Доган, а тој се обидува да го донесе Џерард во тимот. На крајот на март се очекува да биде избран новиот претседател на Трабзонспор.


Наинголан: Можам да испијам дваесет чаши алкохол и пак да играм натпревар

Раџа Наинголан во зимскиот преоден рок како слободен играч се 

пресели во италијански СПАЛ во Серија Б. Наинголан во текот на кариера играше и за клубови како Интер и Рома, но беше познат по неговиот проблематичен карактер. Сега на таа тема зборуваше во интервјуто за „Кориере дела Сера“. Воедно тој му одговори и на поранешниот директор на Рома, Валтер Сабатини. Сабатини претходно изјави дека Наинголан си дозволувал ноќта пред натпреварот да излезе и да пие алкохол во поголеми колични.

„Патев како дете, семејството ми беше сиромашно. Се жртвував за да станам фудбалер. Не сакам да престанам да уживам во животот, а природата ми даде тело на кое не влијаат работите кои ги правев. Во секој клуб имав проблеми. Во Рома кога доцнев, се појавуваа снимки на кои не бев при свест. Потоа дочекот на Новата година кај мене…Ќе го паметам до крајот на животот, можеби тоа е најлудата ноќ во мојот живот“.

„Се појавуваа снимки од мене како во алкохолизирана состојба изговарам непристојни зборовои. Сите ме нападнаа и беа во право“, изјави Наинголан, па ги коментираше зборовите на Сабатини.

„Го побарав и му кажав дека можам да испијам 20 чаши алкохол и да излезам да одиграм на тпревар. Сабатини е човек кој ми мислеше добро, ме советуваше да водам помирен живот за да имам подобра кариера. Но, едноставно тоа сум јас“, изјави Наинголан.


Клоп: Триото Салах-Мане-Фирмино е незаменливо

Ливерпул има свои цели кои сака да ги оствари до крајот на оваа сезона, но во исто време треба да размислува и за тоа што ќе се случува потоа затоа што дел од сегашните играчи ќе си заминат.

По крајот на кампањата си оди уште еден играч од триото кое можеби беше најзаслужно за сите успеси на клубот во изминативе години-тоа е Роберто Фирмино. Минатото лето тоа го направи Садио Мане, сега е редот на Фирмино или поточно „црвените“ ќе останат само со Мохамед Салах од таа пеколна тројка која носеше титули на „Енфилд Роуд“.

„Не е можно тоа да се повтори (Салах, Мане, Фирмино) затоа што беше посебна врска. Тоа функционираше многу добро. Сите можеа да дадат 100 проценти, така би кажал. Системот што го најдовме за момчињата им помогна на сите, тие ќе гледаат на тоа на ист начин, -рече тренерот Јирген Клоп кој говореше за летните планови и можните засилувања на средината на теренот кои ќе треба да им помогнат на Стефан Бајчетиќ и Харви Елиот кои во иднина треба да имаат уште поголема улога во екипата. Ние точно знаеме што ни треба. Тоа не се смени. Јас не би рекол кога го започнавме планирањето во септември/октомври дека Стефан беше нужно вклучен во сите овие разговори, но секако дека е сега. Би било лудо да не е. Така беше секогаш и секогаш ќе биде. Ни требаат играчи. Ние сметаме на нив дефинитивно.

Добро е и има многу да се дојде од момчињата, и двајцата, добро е .. тоа е многу, многу корисно и прилично најважно, но тоа не значи дека не можеме да бидеме активни во текот на летото“; подвлече Германецот.


Одбиена казната на Мурињо, Португалецот ќе паузира два натпревари

Жозе Мурињо го загуби спорот по жалбата против неговата суспензија од два натпревари во Серија А поради неговите отворени реакции кога беше исклучен во изненадувачкиот пораз од Кремонезе со 2-1 на крајот на февруари. Италијанскиот спортски апелационен суд вчера потврди дека неговата жалба е одбиена.

Мурињо, кој беше исклучен од судијата Марко Пичинини на почетокот на вториот дел, исто така беше казнет со 10.000 евра. Тој ќе ги пропушти натпреварите на Рома против Сасуоло во недела и дербито на Рим со Лацио на 19 март.


Пелистер ќе игра во АБА2 плеј-офот против најдобрата екипа во сезоната

По одигрувањето на последниот натпревар од турнирот во Широки Бријег, познати се осумте екипи кои ќе учествуваат во разигрувањето за титулата во АБА2 лигата.

Пелистер, кој основниот дел од регионалното натпреварување го заврши на осмото место. Постоеше можност да биде седмопласиран на крајот, но Сутјеска ја победи Слога Краљево и со еден триумф повеќе заврши пред Пелистер на конечната табела. Bитолскиот тим во четвртфиналето ќе се сретне со најдобриот по основниот дел од сезоната Хелиос Санс и тоа на негов терен бидејќи овој клуб ќе биде организатор на завршниот турнир што од 12 до 16 април ќе се одржи во Домжале. На страната на Пелистер, во ждрепката, е и тимот на Теодор Симиќ, Борац Бања Лука кој во босанското дерби ќе се сретне со Широки.

Четвртфинале:

(1) Хелиос – Пелистер

(2) Борац – Широки

(3) Крка – Сутјеска

(4) Подгорица – Златибор

Полуфинале: 

Победник 1 – Победник 2

Победник 3 – Победник 4


Нејмар успешно опериран во Катар

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, успешно е опериран во Катар, соопшти францускиот клуб, додавајќи оти бразилскиот репрезентативец сега почнува фаза на рехабилитација. Нејмар беше опериран во болница во Доха. Операцијата помина многу добро, соопшти францускиот првак и наведе дека Нејмар сега ќе го почитува протоколот за рехабилитација.

Бразилскиот репрезентативец го повреди десниот скочен зглоб на натпреварот од француското првенство против Лил на 19 февруари.

Проценките на лекарите се дека неговата рехабилитација може да потрае четири месеци.

Поради честите повреди, како и суспензиите, 31-годишниот Нејмар пропушти повеќе од сто натпревари за ПСЖ, откако дојде во францускиот клуб во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.


Винициус добива многу побогат договор со Реал Мадрид

Во Реал Мадрид е вклучен алармот поради актуелниот договор на 22-годишниот Винисиус Жуниор.

Имено, крилнот напаѓач кој со својот гол го одлучи минатогодишното финале во Лигата на шампионите се уште е под договорот кој го потпиша кога во 2018-та година дојде од Фламенго. Неговото доаѓање Реал го договори претходно, а на еден од најголемите бразилски клубови му исплатија 45 милиони евра оштета. Поради законите и прописите во Шпанија се чекаше да наполни 18 години и без проблеми да може да биде дел од „кралевите“.

Со Реал тогаш Бразилецот потпиша договор на шест години и тоа значи дека од јануари 2024 година тој може слободно да преговара со други клубови. Реал сака да избегне таква ситуација, но договор се уште не е постигнат.

Ако ја продолжи соработката тогаш е јасно дека ќе добие значително поголема плата од сегашните три милиони евра по сезона.