feature

Манчестер Јунајтед потпиша со 17-годишен Колумбиец

Кристијан Ороско, 17-годишен тинејџер од Колумбија, е нов член на Манчестер Јунајтед.

Англискиот клуб за Ороско на Форталеза и плати обесштетување од плати еден милион долари.

Адвокатите на Манчестер Јунајтед ги одобрија сите договори, а главниот скаут Антоначио беше медијатор.

Ороско игра како заден играч за врска, а одигра девет натпревари за репрезентацијата на Колумбија до 17 години.


Шкендија прими два гола во пет минути и загуби од Рајо во Мадрид

Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2-0.

На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута.

Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол.


Рома промаши три пенали и загуби од Лил на „Олимпико“

Првите натпревари од второто коло во Лига Европа, го обележа натпреварот на „Олимпико“ во Рим. Рома три пати промаши еден ист пенал и загуби од Лил со 0-1.

Фудбалерите на лил поведоа во шестата минута, кога грешката во одбраната на Рома ја казни Харалдсон.

Она што го обележа натпреварот се случи во 82-та минута. ВАР и додели пенал на Рома, одговорноста ја презеде Довбик. Голманот Озер го одбрани пеналот, но излегол пред време од гол-линијата и Довбик доби нова шанса.

Повторно Озер му го одбрани ударот на Украинецот, но повторно пред време ја напушти гол-линијата. Третиот пенал го изведе Суле, Озер го одбрани и овој удар.

После тоа, Лил успеа да ја задржи предноста и да ги однесе бодовите за Франција.


Барса по две продолженија го освои Супер глоуб

Ракометарите на Барселона успеаја да го победат Веспрем со 31-30 (21-21, 13-12) по продолженија, ја освоија титулата клупски светски шампион, од тронот го симнаа токму тимот на Веспрем. Финалниот турнир беше организиран во Египет.

Најефикасни во тимот на Барселона беа Гомез Абељо со шест, Јан Баруфет со пет, Тимоти Н’Гусен и Дика Мем со по четири, Блаж Јанц и Лудивик Фабрегас со по три гола. Кај Веспрем, Уго Деска постигна осум гола, Недим Ремили и Иван Мартиновиќ по шест, Гаспер Маргуч четири гола.

Третото место го освои актуелниот шампион на Европа, екипата на Магдебург, која го победи Ал Ахли со 32-23 (19-11).


Јуве неколку недели без Колумбиецот Кабал

Јувентус ќе биде најмалку две недели без колумбискиот дефанзивец Хуан Кабал, кој се повреди на дуелот во средата против Виљареал во Лигата на шампиони, објави денеска италијанскиот клуб.

-Прегледите спроведени во четврток наутро утврдија дека играчот има умерена повреда на бицепсот на феморисот. Понатамошни тестови ќе бидат извршени за две недели за да се утврди точното времетраење на неговото закрепнување, соопшти Јувентус.

Според „Газета дело Спорт“ и „Скај Спорт“, 24-годишниот Кабал би можел да отсуствува до еден и пол месец поради повредата.

Колумбиецот му се приклучи на Јувентус во јули 2024 година од Верона, а својата прва сезона во Торино ја заврши во ноември, откако го повреди коленото на натпревар во дресот на колумбиската репрезентација.


Кунде ја призна физичката супериорност на ПСЖ

Жил Кунде ја призна супериорноста на ПСЖ над Барселона во синоќешната победа од 1-2 на теренот во Каталонија.

„ПСЖ беа физички посилни од нас. Не можевме да извршиме толкав притисок колку што сакавме. Мислам дека тоа ни недостасуваше. Важно е да се напомене дека нашиот противник одигра многу добар натпревар. Разочарани сме, но не и изненадени. Го знаевме нивото на овој тим. Тие се самоуверен тим со играчи од многу високо ниво. Тие се докажаа како се победници на Лигата на шампионите.

Беше тежок натпревар, но ПСЖ беа подобри“, рече дефанзивецот на Барселона.


Арнар Харалдсон од Лил во јануари минува во Рома

По одличниот почеток на новата сезона, екипата на Рома не се откажала од идејата на зима да потпише уште еден брз напаѓач. Според „Ла Газета дело Спорт“, управата на „волчицата“ внимателно го следи Арнар Харалдсон од екипата на Лил, кој е нивен прв „пик“ за јануари. Тој вреди околу 20 милиони евра и се пресели во Франција од Копенхаген за 15 милиони евра пред две години. 22-годишникот има постигнато 5 гола и 3 асистенции во 82 натпревари за Лил и има 24 настапи за Исланд, постигнувајќи три гола.

Втор избор на Рома би можел да биде Мирон Боаду, кој потпиша краткорочен договор по трансферот од Монако во ПСВ. Тој ја погоди мрежата девет пати за време на позајмицата во Бохум во изминатата сезона.


Џо Гомез од јануари се сели во Милан?

Милан сè уште е заинтересиран за потписот на Џо Гомез од Ливерпул, иако веројатно ќе се соочат со сериозна конкуренција во јануари.

Според „Дејли брифинг“, еден извор потврдил дека Милан сè уште има интерес за Гомез, кој беше многу блиску до заминување во текот на летото. „Росонерите“ речиси го добија, но договорот беше откажан бидејќи Ливерпул не успеа да го ангажира Марк Геи.

Во извештајот се наведува дека Милан „останува заинтересиран да постигне договор во јануари, доколку е можно“, а изворот додава: Милан има за цел да ја искористи ограничената минутажа на Гомез. Ливерпул би претпочитал да го задржи Гомез, но е отворен за соодветни понуди.


Игор Ангеловски тренер на кипарски Етникос Ахна

Селектор на македонската фудбалска репрезентација со кој настапивме на ЕП 2021 година, Игор Ангеловски од денеска е нов тренер на кипарскиот прволигаш Етникос Ахна.

Клубот го потврди доаѓањето на Ангеловски, кој заедно со себе како асистент ќе го има и Милан Илиевски, со кого работеше и во нашата репрезентација. Ангеловски подолг период беше без тренерски ангажман, па сега доаѓа во кипарскиот тим во обид да го однесе во европските купови следната сезона.

Етникос Ахна во досегашниот дел од сеозната има две победи на пет одиграни меча.


Милевски: Белгија и натаму е фаворит, но никој не може да ни го одземе мундијалскиот сон

Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери повикани за претстојните дуели со Белгија и Казахстан во квалификациите за СП 2026. На списокот нема поголеми промени, потврди и селекторот.

„Списокот е идентичен како и на претходниот собир. Ќамили не е тука поради повреда, Ашковски и Давид Бабунски ќе имаат кам-бек. Се надевам дека сите ќе бидат здрави. Бабунски имаше проблеми со клуб, но сега се е во ред. Затоа е тука со нас. Секогаш бил конкурентен, затоа што ни треба таков профил на играчи. Сите пет меча до сега беа главни битки и останаа уште три. Сите се посебни, сите се важни. Да не беа главни битки тие натпревари до сега, не ќе бевме на ова место. Секој меч носи три бода. Сите имаат респект од нас“, вели Милевски.

За очекувањата од претстојните средби и крајот на квалификациите, Милевски рече:

„Колку бодови очекувам? Никој не очекуваше да имаме волку бодово, колку што имаме сега. Но, ете ги имаме. Цврсто стоиме на земја. Белгија и натаму е прв фаворит во групата. Велс исто така. Но Македонија покажа дека може да се носи со сите. Не може никој да ни ја одземе надешта и сонот за пласман на Мундијалот. Белгија во моментов ни е приоритет, а подготовката е иста како да играме и против Лихтенштајн. Секоја репрезентација има свои амбиции, па и Македонија ги има. Главна цел е да покажеме дека имаме квалитет и капацитет. Дали е можен подвиг со Белгија, секако дека е можен. Наше најголемо оружје е тимот, над се тимската сила е она што го носи овој тим напред“, дополни селекторот.