feature

Футсал репрезентацијата се подготвува за квалификациите за СП

Футсал репрезентацијата на Македонија од денес ги почнува подготовките за учество во првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство. Предводникот на националниот тим Газменд Хисејини на мини подготовките пред заминувањето за Литванија на располагање ќе има 15 играчи, а на списокот се наоѓаат:

Петровски Антонио
Стојановски Иван
Благојевски Марио
Јасир Зекири
Рамадани Берат
Рамадан Јакуп
Еркан Сефери
Јанев Бојан
Исмаил Таулант
Јанев Димитар
Крстевски Иван
Садат Зибери
Тони Киревски
Игор Леовски
Давид Ристoвски

Избраниците на селекторот Хисејини во Скопје ќе тренираат до седми овој месец по што следува заминување за Литванија каде во периодот од деветти до 12 април ќе одиграат три средби.

Прв противник на деветти ни е Бугарија, а почетокот е закажан за 16:30 часот. Следниот ден во истиот термин се среќаваме со селекцијата на Турција додека на 12 април се соочуваме со домаќинот Литванија, а натпреварот почнува во 17:30 часот. Мечевите се играат Друшкининкаи, град оддалечен 130 километри од престолнината Вилнус.

Пласман во главната рунда од квалификациите за настап на Светскиот шампионат обезбедуваат освојувачите на првите две места во групата.


Трипие во јуни заминува од Њукасл

Десниот бек на Њукасл, Киран Трипие, на крајот на сезоната како слободен играч ќе го напушти англискиот состав. Дефанзивецот во 2022-ра дојде на стадионот „Сент Џејмс Парк“ од екипата на Атлетико Мадрид.

Тој беше еден од клучните играчи во клубот за освојување на Лига купот на Англија во претходната сезона и пласманот во Лигата на шампионите во 2023 и 2025 година.

„Сакам да им се заблагодарам на навивачите за нивната поддршка во добрите и лошите времиња. Исто така и на моите соиграчи“ – рече Трипие кој го потврди заминувањето.


Бразилецот Едерсон најави заминување од Бергамо

ROME – Jose Dos Santos Ederson of Atalanta Bergamo during the Italian Serie A match between SS Lazio and Atalanta BC at Stadion Olimpico on February 11, 2023 in Rome, Italy. AP | Dutch Height | GERRIT OF COLOGNE (Photo by ANP via Getty Images)

Шпанскиот фудбалски состав Атлетико Мадрид ќе понуди 35 милиони евра плус 3 милиони во бонуси за играчот на Аталанта, Едерсон, велат денешните информации од Италија.

Бразилецот се согласил за договор од четири сезони со плата од 5 милиони евра годишно плус бонус од 2 милиона.

Едерсон постигна 1 гол на 23 сезонски натпревари во Серија А. Сега се чека двата тима да се договорат за сумата иако италијанците бараат околу 50 милиони евра.


Милитао заздрави од повредата, се враќа во клучниот момент од сезоната

Алваро Арбелоа доби сериозно засилување во пресрет на продолжението од сезоната, откако Едер Милитао конечно се враќа во тимот на Реал Мадрид по долгата пауза поради повреда.

Бразилскиот стопер беше надвор од терените повеќе од четири месеци, а неговото отсуство создаваше големи проблеми во одбраната на „кралевите“. Арбелоа често беше принуден да комбинира и импровизира во последната линија, но ситуацијата сега значително се стабилизира.

Милитао доби зелено светло од лекарскиот тим и се очекува да се врати на терените веќе овој викенд на дуелот против Мајорка, што претставува огромен плус за мадридскиот тим во клучниот дел од сезоната.

„Едер Милитао се враќа. Секако дека сум пресреќен поради тоа. Добиваме врвен играч, фудбалер што кога е здрав е еден од најдобрите во светот на својата позиција. Нема сомнеж дека ќе ни биде од голема помош во клучниот дел од сезоната“, изјави Арбелоа.


Бергоми го советува Бастони да замине од Серија А

MILAN, ITALY – MAY 16: Alessandro Bastoni of FC Internazionale celebrates the team’s victory after the final whistle of the UEFA Champions League semi-final second leg match between FC Internazionale and AC Milan at Stadio Giuseppe Meazza on May 16, 2023 in Milan, Italy. (Photo by Mike Hewitt/Getty Images)

Легендата на Интер и италијанската репрезентација, Џузепе Бергоми испрати остри критики на адреса на поранешниот селектор Џенаро Гатузо поради одлуката да го вклучи Алесандро Бастони во стартниот состав на клучниот меч против Босна и Херцеговина за пласман на Светското првенство.

Бастони на натпреварот заработи црвен картон, по што Италија доживеа пораз и остана без настап на Мундијалот. Според Бергоми, овој момент може сериозно да се одрази врз кариерата на 26-годишниот дефанзивец во Серија А.

Иако важи за еден од најквалитетните стопери и има значајно меѓународно искуство, Бастони направи клучна грешка кога кон крајот на првото полувреме остро стартуваше над Амар Мемиќ, по што беше исклучен.

„За негово добро, ќе мора да ја напушти Италија. Губиме извонреден талент, еден од најдобрите дефанзивци за модерниот фудбал. Многу ми е жал, но мислам дека ќе мора да најде клуб во странство“, изјави Бергоми.

Причината за критиките кон Гатузо е фактот што Бастони штотуку се врати по повреда поради која ги пропушти последните два првенствени натпревари на Интер, но и покрај тоа доби шанса од првата минута и против Северна Ирска и против БиХ.


Роналдо се врати по повредата и веднаш постигна два гола

Португалскиот суперстар Кристијано Роналдо продолжува да го буди воодушевувањето оваа сезона. Напаѓачот на Ал Наср се врати во тимот по повеќе од месец дена пауза поради повреда и веднаш остави впечаток, постигнувајќи два гола во победата на својот тим над Ал Наџма со 5-2.

Роналдо ги постигна третиот и четвртиот гол, еден од пенал и еден од игра. Со овие два погодоци, тој ја зголеми својата бројка на 967 голови и му остануваат уште 33 за да ја исполни својата голема цел од 1.000 погодоци на официјални натпревари.

Повредата го оддели од терените крајот на февруари, а се шпекулираше дека можеби ќе го пропушти и Светското првенство. Сепак, сега е јасно дека нема опасност Португалија да биде без неговите услуги.


Хакими: Долго ја чекав оваа титула со Мароко

Капитенот на мароканската репрезентација Ашраф Хакими го прекина периодот на молчење по драмата во финалето на Купот на африканските нации. Тој во поткаст каде беше гостин заедно со Чуамени и Мбапе за првпат зборуваше за случувањата од финалето.

Африканската федерација ја смени одлуката и трофејот по административен пат му го додели на Мароко, а како причина беше наведено дека фудбалерите на Сенегал се повлекле од теренот. Инаку, на теренот Сенегал оствари победа. Хакими без разлика на начинот го прифаќа таквиот исход.

  • Многу сме среќни. Долго го чекав овој момент. Иако победата дојде на овој начин, изјави Хакими.

Мароко ја слави титулата, но Сенегал одбива да го врати пехарот и најавува нова жалба.


Хамес Родригез хоспитализиран поради дехидрација

Капитенот на фудбалската репрезентација на Колумбија, Џејмс Родригез, кој изминатиот период настапи на контролните натпревари против Хрватска и Франција, е хоспитализиран поради дехидратација, објави денеска колумбиската фудбалска Федерација.

Триесетичетиригодишниот Родригез бил примен во болница во Минесота, откако се врати во американскиот клуб по репрезентативните настапи.

„Ден по натпреварот против Франција, тој покажа знаци на тешка дехидратација поради кои беше хоспитализиран“, се наведува во соопштението.

Родригез е под лекарски надзор и добро се опоравува.

„Важно е да се наведе дека оваа ситуација не е поврзана со повреди на мускулно-скелетниот систем или неговите фудбалски активности, посочи Федерацијата.

Родригез во неделата одигра 63 минути во поразот на Колумбија од Франција со 1-3 во Вашингтон, а два дена претходно беше во колумбискиот состав и во поразот од Хрватска со 1-2 во Орландо.


Оби Микел: Енцо не е лидер, не смее да биде над клубот

Џон Оби Микел, поранешниот играч од средниот ред на Челзи, проговори за коментарите на капитенот, Фернандез, дека сака да живее во Шпанија.

„Тоа не е лидер. Доколку тимот имаше лидери кои играчите ги почитуваат, тие немаше да даваат такви изјави.

Не можете да давате такви изјави особено кога ја носите капитенската лента. Ниту еден играч не е поважен од клубот“ , рече некогашниот фудбалер на лондончани.


Ентони Едвардс нема да конкурира за МВП наградата

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, не ги ги исполни минималните 65 натпревари и нема да конкурира за индивидуалните награди во НБА лигата.

Тој поради проблеми со коленото не се појави на ноќешниот меч со Детроит и остана на 58 средби.

Бидејќи до крајот на регуларната сезона има уште шест рунди, четирикратниот учесник во Ол-стар натпреварот, не може да го достигне лимитот за одиграни мечеви.