ЛИГА ШАМПИОНИ ВО КУМАНОВО – ГЛЕДАЈ СО ЕВРОТИП И УЖИВАЈ ВО ВРВНА АТМОСФЕРА
На 17 и 18 март 2026 година, љубителите на фудбалот во Куманово повторно ќе имаат можност да ги проследат најголемите европски дерби натпревари од Лигата на шампионите во одлична атмосфера, во организација на Евротип, во соработка со Block Coffee и Револуција кафе бар.
Евротип ги поканува сите спортски ентузијасти да ги посетат своите уплатни локации во Куманово и заедно да ги доживеат највозбудливите моменти од елитното европско натпреварување на големи монитори и телевизори, во динамична и навивачка атмосфера. Локации во Куманово:
Ул. Октомвриска Револуција бр. 45
Ул. Тоде Мендол бр. 3
Ул. Тоде Думба бр. 98
Ул. Маршал Тито бр. 1
Ул. 100 бр. 1
Настанот ќе се одржи на 17.03.2026 и 18.03.2026, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во спортски спектакл, дружење и вистинска шампионска атмосфера. Евротип и овојпат потврдува дека е место каде што спортот се следи со страст, енергија и заедничко навивање.
Тотенхем размислува за живот после Игор Тудор
Наскоро се очекува Тотенхем да направи нова тренерска смена, Игор Тудор да добие отказ, а на негово место да дојде тренер кој ќе има задача да избори опстанок во Премиер лигата.
Тудор како тренер на Тотенхем има четири порази од исто толку натпревари, а ова коло во Премиер лигата му гостува на Ливерпул, потоа следува реваншот со Атлетико Мадрид.
Распоредот не оди во прилог на Хрватот и тешко да се дојде до победа на овие два меча.
Наводно раководството на Тотенхем веќе ги прави плановите за нов тренер, а како прва желба им е Роберто Де Зерби.
Сепак италијанскиот стратег се верува дека е тешка опција во овој момент иако тој е слободен тренер по заминувањето од Марсеј.
На листата имаат неколку тренери, а одлуката треба да биде донесена наскоро.
Ешли Кол ја презема италијанска Чезена
Поранешната ѕвезда на Челзи и англиската репрезентација, Ешли Кол, е блиску до назначување за главен тренер на италијанскиот второлигаш Чезена.
Чезена е на осмо место во Серија Б, а досегашниот тренер Микеле Мињани беше отпуштен.
Доколку договорот се реализира, тоа ќе биде првата тренерска улога на 45-годишниот Кол во неговата кариера.
Откако се пензионираше од играњето во 2019 година, легендарниот лев бек стекна значително искуство во тренерската работа, извршувајќи различни улоги.
Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до 29 март.
Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Во 2025 година, тој стигна до финалето на Мастерсот, каде што загуби од Чехот Јакуб Меншик.
Претходно на турнирот во Индијан Велс, Србинот загуби во четвртото коло од Британецот Џек Дрејпер (6:4, 4:6, 6:7 (5:7)).
Ѓоковиќ е 24-кратен шампион на Грен слем турнирите. Во кариерата има освоено 101 АТП титула во поединечна конкуренција. Моментално е трет во светот.
Минималец за огромна радост: Ундав го сруши Лајпциг на МХП Арена
Во директниот дуел за четвртото место во Бундеслигата, екипата на Штутгарт извојува клучна победа од 1:0 над РБ Лајпциг. Пред преполната МХП Арена, избраниците на Себастијан Хенес покажаа зошто се пријатното изненадување оваа сезона, успевајќи да го скршат отпорот на директниот ривал во борбата за елитното европско друштво.
Натпреварот започна со висок интензитет, карактеристичен за две екипи кои негуваат офанзивен фудбал. РБ Лајпциг, кој имаше повеќе време за одмор поради отсуството од европските натпреварувања, влезе поагресивно во првите 15 минути. Јан Диоманде со својата брзина создаваше сериозни проблеми по десната страна, но неговите нафрлувања не најдоа завршница во казнениот простор. Штутгарт, иако видливо заморен од гостувањето кај Порто во Лигата на Европа, постепено ја презеде контролата врз поседот. Најзрелата шанса во првиот дел ја имаше Џејми Левелинг, чиј прецизен слободен удар во последната минута беше со крајни напори одбранет од младиот голман на гостите, Мартен Вандеворт.
Одлучувачкиот момент се случи во 56. минута по една нетипична грешка на гостинскиот чувар на мрежата. Вандеворт, кој претходно беше херој на Лајпциг, лошо ја дегажираше топката, која заврши право во нозете на Крис Фирих. Крилото на домаќините веднаш го пронајде Дениз Ундав, кој со рутинска завршница го постигна својот 16-ти гол во лигашката сезона. Овој погодок предизвика делириум на трибините и ги принуди гостите на целосен напад. Лајпциг притискаше до самиот крај, а најблиску до израмнување беше капитенот Вили Орбан, кој во третата минута од судиското продолжение ја погоди стативата по удар со глава.
Со овие три бода, Штутгарт сега има вкупно 50 и се израмни со Хофенхем, кој е на трето место, истовремено создавајќи предност од три бода пред Лајпциг. За тимот на Хенес ова е потврда за зрелоста, со оглед на тоа што успеаја да ја сочуваат мрежата чиста против еден од најопасните напади во лигата. Од друга страна, Лајпциг ќе жали за пропуштените шанси и падот на концентрацијата во одбраната, што ги остава во тешка позиција пред финалната фаза од шампионатот.
Синер по два тај-брејка го освои Мастерсот во Индијан Велс
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Данил Медведев синоќа во финалниот натпревар на турнирот Индијан Велс.
Во меч што траеше 1 час и 58 минути Синер двата сета ги доби на тај-брејк со 7-6 (8-6) и 7-6 (7-4).
Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи две двојни грешки и не реализираше ниту една од две брејк топки.
Триесет годишниот Медведев (рангиран број 11 во светот) сервираше седум аса и направи две двојни грешки.
Синер го освои својот шести АТП 1000 турнир. Тој има вкупно 25 титули во кариерата.
Медведев го претрпе својот петти пораз во финалето на Мастерс 1000, освојувајќи шест од нив, и има вкупно 23 титули во кариерата.
Пеп: До крај ќе се бориме за титулата
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не беше задоволен по ремито 1-1 со Вест Хем кое го остави неговиот тим зад Арсенал цели девет бодови во трката за титулата во Премиер-лигата.
„Секако дека сакавме да победиме но, Премиер лигата е исклучително тешка. Вест Хем се бранеше многу добро. Сè уште имаме надеж за титулата.
Ни недостасува тој ритам во нападот што нè правеше безмилосни. Тешко е да се најде простор кога има десет играчи во шеснаесетникот“, рече Гвардиола.
Ливерпул доминираше, Тотенхем профитираше: Поделба на бодовите во англиското дерби
Ливерпул влезе во овој дуел под огромен императив за победа со цел да ги задржи надежите за пласман во Лигата на шампионите. Избраниците на домаќинот тргнаа агресивно уште од првиот свиреж, а притисокот вроди со плод во 18-тата минута. Доминик Собослаи уште еднаш ја потврди својата класа, изведувајќи перфектен слободен удар со кој ја смести топката во самиот агол на немоќниот Викарио. До крајот на првиот дел, средниот ред на „Црвените“, предводен од Гравенберх и Мек Алистер, целосно ја контролираше играта со висок посед на топка (66%), не дозволувајќи им на гостите ниту простор за контранапад.
Сепак, сликата на теренот почна да се менува во вториот дел. Тотенхем, под стратешкото водство на Игор Тудор, покажа завидна тактичка дисциплина која му недостигаше во претходните кола. Иако Ливерпул упати дури 17 удари кон противничкиот гол, само четири од нив завршија во рамките на голот. Од друга страна, „Спарси“ беа многу поопасни во завршницата. Влегувањето во игра на Рандал Коло Муани внесе нова енергија во нападот на гостите, кои и покрај помалиот посед, успеаја да креираат повеќе зрели шанси и да го принудат Алисон Бекер на неколку клучни интервенции.
Кога сите на стадионот очекуваа триумф на домашниот тим, следеше шок во 90-тата минута. Коло Муани пронајде празен простор во срцето на одбраната и испрати прецизна топка до Ричарлисон, кој со рутинска завршница ги замолкна навивачите на Енфилд. Ова реми остава горчлив вкус за Ливерпул поради многуте пропуштени прилики, додека за Тотенхем овој бод има тежина на победа со оглед на развојот на настаните. Овој резултат дополнително ја компликува борбата за хиерархијата во Премиер лигата пред самиот финиш на сезоната.
Јунајтед со Керик е друг тим, лесно надиграна и Астон Вила
Манчестер Јунајтед со 3-1 ја победи Астон Вила, а ова беше посебен меч за Бруно Фернандеш кој го престинга Дејвид Бекам и испиша историја.
Фернандеш стигна до 16. асистенција оваа сезона и стана рекордер на Манчестер Јунајтед во оваа категорија. Претходно рекордот со најмногу асистенции во една сезона за Јунајтед го држеше Бекам со 15.
Што се однесува до мечот, сите четири гола беа постигнати во второто полувреме.
Во 53. минута Касемиро донесе водство за Јунајтед од 1-0, но само десет минути подоцна Баркли изедначи на 1-1.
Сепак Јунајтед брзо го врати водството, во 71. минута Куња погоди за 2-1, а десет минути потоа реализираше и Шешко поставувајќи ги конечните 3-1.
Рафиња се распука, Барса ја прегази Севиља
Во меч со седум гола, Барселона со 5-2 ја победи Севиља, три од петте погодоци беа дело на Рафиња.
Барселона уште во првото полувреме го реши победникот нанатпреварот. Каталонците брзо добија два пенали, а Рафиња ги реализираше двата за водство од 2-0.
Во 38. минута Дани Олмо зголеми на 3-0. Во судиското продолжение од првиот дел, Осо даде гол за Севиља и намали на 3-1.
По шест минути игра во вториот дел Рафиња даде нов гол, комплетираше хет-трик и донесе предност на Барса од 4-1.
Само девет минути подоцна Кансело погоди за 5-1, а во судиското продолжение со гол на Соу, Севиља само ги постави конечните 5-2.