Педро Нето го продолжи договорот со Челси до 2032 година
Педро Нето стави потпис на нова соработка со лондонскиот клуб, со која се обврза на верност кон „сините“ до 2032 година.
Интересот за него не недостигаше ниту во текот на летото. Нето беше поврзуван со трансфер во Ал Хилал, но договор меѓу клубовите не беше постигнат.
По пропаднатата можност за преселба во Саудиска Арабија, Челси експресно ги забрза разговорите за продолжување на соработката.
„Ова е фантастичен момент за мене. Од првиот ден кога пристигнав се чувствував како дома. Сакам да продолжам да остварувам големи успеси и да освојувам уште многу трофеи со Челси“, порача Нето.
САД, Франција, Шпанија и домаќинот Германија ќе се борат за медалите на ЕП за кошаркарки
Репрезентациите на САД, Франција, Шпанија и домаќинот Германија ќе играат во полуфиналето на Светското првенство во кошарка за жени, а завршницата се игра во Берлин.
Во полуфиналето ќе играат Франција – Германија и Шпанија – САД: Четвртфиналето беше комплетирано синоќа со дуелот меѓу Шпанија и Австралија, кое го доби Шпанија со 89:66.
Во европското четвртфинале домаќинот Германија ја победи Белгија со 93:74, додека Франција убедливо ја совлада Кина со 90:61.
Првите фаворитки за златниот медал кошаркарките на САД беа најубедливи и со 108:56 извојуваа победа над Унгарија.
Титулата светски првак ја брани селекцијата на САД.
Универзитетско сребро за каратистката Јована Мицовска
Македонската каратистка Јована Мицовска се закити со сребрен медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови во организација на ЕУСА во Тирана, Албанија, откако во финалето загуби од претставничката на Турција Нурбаде Бубер со 1-3.
Мицовска до финалето забележа четири победи. Сепак, и сребрениот медал е голем успех за каратистиката на Макпетрол. Македонската унивезитетска репрезентцаија го завршува натпреварот во карате со еден медал.
Многу близу до медал беа и Петар Заборски и Вукашин Јовановиќ, но на крајот ги освоија петтите места.
На карате турнирот настапуваат 306 каратисти со 377 натпреварувачки влезови од 141 универзитет од 26 држави.
Тренерот на Фенер поднесе изненадувачка оставка
Фенербахче е во центарот на вниманието по ремито 1-1 со Рома на почетокот од Лигата на шампионите.
Тренерот Исмаил Картал објави дека поднел оставка и дека нема да се врати во клубот, но претседателот Азиз Јилдирим веднаш објави дека искусниот стручњак ќе остане на функцијата.
Картал ја објави одлуката на прес-конференција веднаш по натпреварот со Рома.
„Вечерва поднесов оставка. Ја донесов оваа одлука за да го отворам патот за мојот клуб. Поднесов оставка додека патот беше сè уште отворен, без намера некогаш да се вратам“, рече 65-годишниот тренер.
Ова беше негов четврти мандат на клупата на Фенербахче, и како и претходниот, не траеше долго. Сегашниот започна во јули, а Картал успеа да го воведе тимот во лигашката фаза од Лигата на шампионите.
Сепак, резултатите во домашното првенство не беа на очекуваното ниво. Фенербахче победи двапати во првите четири кола, додека минатиот викенд беа поразени од градскиот ривал Бешикташ.
Дополнителна тензија предизвика инцидент за време на натпреварот со Рома. Еден навивач фрли шише кон Картал и го погоди во главата.
Хол потпиша нов договор со Њукасл
Њукасл го продолжи договорот со левиот бек Луис Хол. Сериозен интерес за овој фудбалер во летниот преоден рок за Хол покажа Манчестер Јунајтед.
Хол се обврза да го носи дресот на Њукасл до јуни 2031 година. Финансиските детали поврзани со новиот договор не се познати.
Инаку, Хол пристигна во Њукасл во 2023 година од Челзи, а со своите добри настапи го „принуди“ селекторот на репрезентацијата да му даде шанса.
Сепак, тој поради повреда не патуваше на Светското првенство и како што вели, негова главна цел, покрај добрите клупски резултати, е да се врати во репрезентацијата.
Вкупно, одигра четири натпревари за Англија, а беше и стандарден член на сите младински селекции.
Извлечени паровите за новата кошаркарска сезона
Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите – членки на Здружението на клубови од Суперлигата, на кој беа разгледани повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027.
Состанокот се одржа во просториите на федерацијата, а во фокусот на разговорите беа теми од значење за непречено организирање и спроведување на натпреварувањето во претстојната сезона. На состанокот беа разгледани системот на натпреварување за сезоната 2026/2027, термините за почеток на сезоната, како и организацијата на Суперкупот на Македонија.
Претставниците на клубовите беа информирани и за продолжувањето на спонзорската соработка со компанијата „М-тел“, како дел од активностите поврзани со обезбедувањето дополнителна поддршка за македонската кошарка.
Работниот состанок беше можност федерацијата и клубовите да ги разменат мислењата, предлозите и ставовите во однос на прашањата поврзани со претстојната сезона, кои ќе бидат земени предвид во понатамошното постапување на надлежните органи на КФМ.
Во рамките на состанокот беше реализирана и ждрепката на натпреварувачките броеви, по кои беа формирани двојките за првото коло од новата сезона во Суперлигата:
Прво коло (3,4 октомври):
Струмица – Работнички
Пелистер – ТФТ
Скопје – Кожув
МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово
Штип – Тиквеш Голден Игл
Хамес Родригез се врати дома, ќе игра за Хамес Родригез
На крајот на европската кариера и краткотрајната авантура во Соединетите Американски Држави, Хамес Родригез одлучи да се врати во колумбискиот фудбал.
Тој потпиша едногодишен договор со можност за продолжување со Атлетико Насионал, каде што доаѓа како слободен играч по разделбата со Минесота.
За време на летниот преоден рок, играчот се поврзуваше со различни клубови, меѓу кои и италијанскиот второлигаш Авелино, но на крајот пресуди желбата за настап пред домашната публика.
Ова претставува само втор колумбиски клуб во неговата сениорска кариера, чиј почеток датира од 2006 година во редовите на Енвигадо.
Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светско атлетско првенство
Дарија Крстевска, која се натпреварува во дисциплината 5 километри, ќе има можност да се појави на Светското првенство во трчање на пат кое ќе се реализира на 19 и 20 септември во Копенхаген.
За младата атлетичарка тоа е значаен чекор во кариерата и одлична можност да го покаже потенцијалот и тоа на едно големо натпреварување.
Дарија на собирот во Данска ќе има шанса да стекне искуство и достоинствено да ја претстави нашава земја.
Енес Уста и ФК Гостивар го загубија спорот пред судот во Лозана
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана во целост ги отфрли жалбите поднесени од ФК Гостивар и Енес Уста и ги потврди одлуките донесени од надлежните органи на ФФМ.
Случајот се однесува на санкциите изречени по натпреварот ФК Гостивар – ФК Работнички (29. коло, 1 МФЛ, натпреварувачка сезона 2024/2025), поради организациски пропусти, присуство на неовластени лица во службените простории, како и поради напуштањето на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар. Во рамките на постапките пред органите на ФФМ, на клубот му беа изречени соодветни дисциплински санкции, вклучително и одземање бодови, додека Енес Уста беше санкциониран поради своето однесување и поттикнување на настаните што доведоа до прекин на натпреварот.
По разгледувањето на жалбите, CAS во Лозана заклучи дека одлуките на дисциплинските и жалбените органи на ФФМ се донесени во согласност со важечките прописи, а изречените санкции се соодветни и пропорционални на утврдените прекршоци. Со тоа, жалбите на ФК Гостивар и Енес Уста се одбиени, а оспорените одлуки на ФФМ се потврдени во целост.
Почетино: „На Челси треба да му биде одземена титулата во Премиер лигата од 2017, а Тотенхем да биде прогласен за шампион“
Маурисио Почетино повторно отвори една од најголемите дебати поврзани со сезоната 2016/17 во Премиер лигата, откако изјави дека на Челси треба да му биде одземена шампионската титула, а трофејот ретроактивно да му биде доделен на Тотенхем.
Почетино во таа сезона беше на клупата на Спарс и го предводеше тимот до една од неговите најуспешни сезони во Премиер лигата во поновата историја. Тотенхем освои 86 бода, но заврши седум бода зад Челси на Антонио Конте, кој стана шампион со 93 бода.
Во интервју за „The Telegraph“, Аргентинецот истакна дека ситуацијата треба повторно да биде разгледана по казната што Челси ја доби за прекршувања на фудбалските прописи во минатото.
„Требаше титулата да ни биде доделена“, изјави Почетино. „Ако тоа е точно, тогаш сигурно заслужуваме да бидеме шампиони за таа сезона. Тие беа казнети, признаа? Тогаш тоа е тоа. Титулата треба да му припадне на тимот што заврши втор.“
Неговиот аргумент не се однесува на случувањата на теренот за време на трката за титулата, туку на прашањето дали двата клуба влегле во натпреварувањето под исти услови.
Челси призна десетици прекршувања на правилата на Фудбалската асоцијација поврзани со агенти, посредници и вклучување трети страни во трансфери на фудбалери за време на сопственичката ера на Роман Абрамович. Клубот беше парично казнет и доби условна забрана за трансфери, но не беше изречена ретроактивна спортска санкција за сезоната 2016/17 во Премиер лигата.
Иако Почетино призна дека Челси одигра одлична сезона под водство на Конте и заслужено ги добивал натпреварите на теренот, поранешниот тренер на Спарс смета дека прекршувањата на правилата можеле да влијаат врз условите во кои биле формирани составите на двата клуба.
„Не се жалам јас. Тоа е вистината“, изјави Почетино, останувајќи на ставот дека Тотенхем и Челси не се натпреварувале под еднакви услови.
Тој посочи дека доколку Тотенхем функционирал под поинакви финансиски услови или правила при ангажирањето играчи, можеби ќе можел дополнително да го засили тимот и потенцијално да го промени исходот од трката за титулата.
Неговите коментари се особено интересни ако се земе предвид неговата подоцнежна поврзаност со Челси. Почетино беше тренер на „сините“ во сезоната 2023/24, пред да го напушти клубот со заемна согласност. Тоа значи дека неговите критики се насочени кон клуб што и самиот го предводел, но и кон еден од најголемите лондонски ривали на Тотенхем.
Почетино истовремено внимаваше да не го омаловажи успехот на Конте или настапите на Челси во таа сезона. Неговиот став е дека спортскиот успех треба да зависи од тоа дали сите клубови ги почитуваат истите правила.
„Ако ние во Тотенхем ги прекршевме правилата, ќе го признаев истото и ќе кажев: ‘Не ја заслужуваме титулата затоа што ги прекршивме правилата’“, рече тој.
Тој ја спореди ситуацијата со тимови кои играат натпревар според различни верзии на основните фудбалски правила, нагласувајќи дека за да постои вистинска конкуренција, истите стандарди мора да важат за сите.
Засега, коментарите на Почетино претставуваат негов личен повик за ретроактивна одлука, а не најава дека Премиер лигата има намера да го промени конечното рангирање од сезоната 2016/17.
Челси и понатаму официјално е шампион на Англија за таа сезона и нема никаква најава дека Премиер лигата размислува титулата да му ја додели на Тотенхем.
Казната за историските прекршувања на Челси наместо тоа беше насочена кон финансиски и трансферни санкции. Актуелните сопственици на Челси, исто така, при преземањето на клубот од Абрамович во 2022 година пријавија неправилности од претходниот период, што беше земено предвид во регулаторниот процес.
Сепак, изјавите на Почетино повторно го отворија поширокото прашање за тоа како фудбалските власти треба да постапуваат со прекршувања на правилата од минатото кога тие се совпаѓаат со периоди на големи спортски успеси.
Тотенхем во сезоната 2016/17 го оствари својот дотогаш најголем број бодови во една сезона од Премиер лигата и загуби само четири првенствени натпревари. Сепак, тимот ја заврши сезоната без освоен трофеј.
Речиси една деценија подоцна, Почетино смета дека историјата треба поинаку да ја памети таа сезона.
Неговиот став е едноставен: ако подоцна се утврди дека еден од кандидатите за титулата ги прекршувал правилата што другиот ги почитувал, тогаш само парична казна не е доволна за целосно да се надоместат последиците врз спортската конкуренција.
Дали фудбалските власти ќе се согласат со таквото толкување е сосема друго прашање. Во моментов, титулата на Челси од 2017 година останува недопрена, но Почетино јасно стави до знаење дека, според него, Тотенхем треба да има право да се нарекува шампион на Премиер лигата.