feature

Тотенхем плаќа 80 милиони за Ван Хеке од Брајтон!

Тотенхем подготвува нова понуда за дефанзивецот на Брајтон, Јан Пол ван Хеке, откако нивната првична понуда беше одбиена. Брајтон го проценува 25-годишниот холандски репрезентативец на речиси 80 милиони евра, и покрај фактот дека му останува само една година од договорот.

Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, под чие водство играше Ван Хеке кога Италијанецот го водеше Брајтон, би можел да игра клучна улога во преговорите. Таа врска е важен фактор за дефанзивецот, но Спарс ќе треба многу да се приближат до цената што Брајтон ја бара за да го обезбедат неговиот потпис.

Тотенхем веќе го обезбеди доаѓањето на централниот дефанзивец Маркос Сенеси од Борнмут како слободен играч, а се очекува Кристијано Ромеро да биде продаден.

Енди Робертсон исто така, како слободен играч, пристигна од Ливерпул, а клубот работи и на трансферот на крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Савињо.


Следната недела Флорентино ќе го плати обештетувањето и ќе го доведе Мурињо

Жозе Мурињо се враќа во Реал 13 години откако заврши неговиот прв престој во клубот. Легендарниот португалски тренер ја предводи Бенфика, со која има уште една година од договорот. Затоа, Реал мора да му плати отштета на клубот од Лисабон, а клаузулата за отпуштање е дефинирана во договорот на Мурињо со Бенфика.

„Реал ја информираше Бенфика дека ќе им исплати 15 милиони евра, што е износот за кој клубот мора да го отпушти. Наведената сума ќе биде депонирана следната недела“, пишува „Рекорд“.

Мурињо ја презеде Бенфика, уште еден клуб што претходно го водеше, по втор пат минатото лето. Тој го заврши првенството без пораз, но неговата сезона беше неуспешна, Бенфика заврши на третото место зад шампионот Порто и Спортинг.

Мурињо го водеше Реал од 2010 до 2013 година. Тој освои првенство и куп, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Во трите сезони беше елиминиран во полуфиналето.

Највисока оштета платена за фудбалски тренери:

  1. Јулијан Нагелсман (од Лајпциг во Баерн) – 25 милиони евра (2021)
  2. Греам Потер (од Брајтон во Челзи) – 24,5 милиони евра (2022)
  3. Андре Виљас-Боаш (од Порто во Челзи) – 15 милиони евра (2011)
  4. Енцо Мареска (од Лестер во Челзи) – 11,5 милиони евра (2024)
  5. Арне Слот (од Феенорд во Ливерпул) – 11 милиони евра (2024).

Шарл Леклер потпиша нов повеќегодишен договор со Ферари

Соработката меѓу Шарл Леклер и Ферари продолжува со уште посилен интензитет.

Скудерија Ферари официјално објави дека е постигнат нов, повеќегодишен договор со возачот од Монако, кој ќе го задржи во црвениот болид и во „претстојните сезони“.

Оваа потврда пристигнува во идеален тајминг, непосредно пред неговата домашна трка за Големата награда на Монако претстојниов викенд.

Со овој потег, Леклер јасно ја потврдува својата безрезервна верба дека еден ден токму тој ќе ја врати светската титула во Маранело.

Новиот договор означува ново поглавје во еден од најстабилните сојузи во модерниот Формула 1 свет. Сега 28-годишниот Леклер стана дел од возачката академија на Ферари уште во далечната 2016 година, по што преку Заубер се проби до главниот тим во 2019 година.

Зад себе тој веќе има емотивни моменти кои засекогаш ќе останат во срцата на тифозите, вклучувајќи ги легендарните победи во Монца во 2019 и 2024 година, како и незаборавниот триумф на домашниот терен во Монако во 2024 година. Колку е големо неговото значење за тимот покажува и фактот што Леклер веќе се наоѓа на второто место на вечната листа по бројот на настапи за Ферари, веднаш зад неприкосновениот Михаел Шумахер.


Андреева прва финалистка на Ролан Гарос

Руската 19-годишна тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во доминантен стил ја совлада Украинката Марта Костјук со 6-1, 6-3 во првото полуфинале на грен слем турнирот во Париз.

Иако се очекуваше неизвесен дуел меѓу осмата носителка Андреева и 15-та носителка Костјук, руската тенисерка многу лесно обезбеди пласман во финалето, за само еден час и 15 минути.

Во финалето, Андреева ќе игра против победничката од второто полуфинале, во кое се среќаваат Русинката Дијана Шнајдер и Маја Хвалинска од Полска.

Шнајдер беше поуспешна од светската тенисерка број еден Сабаленка во четвртфиналето, додека Хвалинска дојде до полуфиналето од квалификациите.


Магнусен ќе вози во НАСКАР серијата

Поранешниот возач на Формула 1, Кевин Магнусен, ќе го има своето деби во НАСКАР. Данецот ќе се трка во Сан Диего на Trackhouse Racing. Настанот ќе се одржи на 21 јуни.

Во 2022 година, Магнусен тестираше автомобил од НАСКАР како дел од партнерството меѓу неговиот тим Хаас и серијата. Возачот комплетираше неколку круга на патеката во Шарлот.

Кевин се натпреваруваше во Формула 1 од 2014 до 2020 година и од 2022 до 2024 година. Во последните сезони, возачот се натпреваруваше во неколку првенства, а имаш еи една рунда на легендарниот ИндиКар шампионат.


Кадетите на Вардар ја освоија двојната круна

По победата над Пелистер, кадетската екипа на Вардар го освои трофејот во Купот на Македонија и стигна до двојната круна во оваа категорија.

“Црвено-црните” надежи триумфираа по подобро изведување на удари од белата точка откако по 90 минути игра резултатот беше 3-3.

Финалистите одиграа извонреден натпревар во кој Битолчани на два пати имаа предност, но Вардар на крајот успеа да стигне до израмнување.

Вардар поведе уште во третата минута со погодокот на Невзат Асани. Во 38-та Енвер Фејзулаи израмни на 1-1 и тоа беше епилогот на првото полувреме.

По шест минути игра во второто полувреме Мартин Талевски му носи предност на Пелистер од 2-1. Во 64. минута Админ Абдула го постигнува вториот гол за Вардар.

Само пет минути подоцна Јован Мрмачовски беше стрелец на голот за водство на Битолчани од 3-2.

Вардар во финишот ја презема инцијативата и на две минути пред крајот преку Иво Марковски стигна до посакуваното израмнување.

Во пенал серијата фудбалерите на Пелистер не успеаа да реализираат два удари од 11 метри и тоа преку Јаков Пресилски и Јован Мрмачовски додека играчите на Вардар четири пати го совладаа Димитар Митковски за конечни 4-2 на пенали или со вкупен резултат 7-5.


Алисон ќе остане до крај на договорот на „Енфилд роуд“

Бразилскиот чувар на мрежата на Ливерпул, Алисон нема да го напушти „Енфилд“ наскоро бидејќи ветеранот наводно има намера да ја дополни последната година од договорот со Ливерпул.

Во последните недели се засилија шпекулациите дека Алисон би можел да се пресели во Серија А во тимот на Јувентус, кој направи сериозен напор да го добие, па дури и стави на маса тригодишен договор. Сепак, Ливерпул остана решен да го задржи на голот уште една сезона. Новинарот Бруно Андраде од ESPN Brasil објави дека Алисон веќе решил да го доврши својот активен договор со „црвените“, кој важи до средината на 2027 година, по што ќе замине како слободен играч.


Форест ја одби првата понуда за Андерсон

Манчестер Сити испратил прва понуда за потписот на фудбалерот на Нотингем Форест, Елиот Андерсон.

„Граѓаните“ биле веднаш одбиени, но нема лесно да се откажат од идејата да го видат Андерсон во својот состав за следната сезона.

Се очекува Сити да продолжи со понудите, а интерес за 23-годишникот покажува и Манчестер Јунајтед.

Елиот одигра 38 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи четири гола.


Димитриевски доби нов договор на „Местаља“

Шпанска Валенсија денес и официјално потврди дека го продолжи договорот со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за уште две сезони. Она што веќе беше најавено, денеска и официјално е потврдено од шпанскиот тим. Столе останува на „Местаља“ до јуни 2028 година.

Од неговото пристигнување во 2024 година, Димитриевски одигра вкупно 33 официјални натпревари со дресот на Валенсија.

„Неговото искуство и цврстина на голманската позиција придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и ги подобрија резултатите во втората половина од минатата сезона“, велат од Валенсија.


Себаљос се враќа во Бетис, Реал добива шест милиони евра

Дани Себаљос е на добар пат да го напушти Реал Мадрид, се водат преговори со Ајакс за негов трансфер во Амстердам вреден околу 6 милиони евра.

Дани Себаљос беше еден од фудбалерите на Реал Мадрид кои ја „спукаа“ со Алваро Арбелоа, двајцата не зборуваа во последните месеци од сезоната.

„Кралевите“ застанаа на страна на тренерот, па уште тогаш беше јасно дека Шпанецот ќе го напушти „Бернабеу“ ова лето.

Неколку извори попладнево објавија дека Реал Мадрид води коректни преговори со Ајакс и постои голем оптимизам дека трансферот наскоро ќе биде реализиран.

Дани Себаљос веќе разговарал со Мичел, новиот тренер на славниот холандски клуб и еден од главните заговорници за зделката, стратегот му ветил важна улога во тимот и враќање во најдобра форма.

Се очекува трансферот да биде комплетирана за сума од околу 6 милиони евра.