feature

Џунтоли и Спалети спречиле Елмас да го напушти Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, во изминатото лето сакал да си замине од Наполи но, спортскиот директор Кристијано Џунтоли и тренерот Спалети го убедиле да остане.

-Џунтоли го поддржа Спалети и го убедија Елмас да остане. Му објасниле дека е значаен член на Наполи и посебно го мотивирале да биде уште подобар – објави денеска „Телевормеро“.

Ќе потсетиме дека во тој период се појавија одредени шпекулации дека за потписот на Елмас се заинтересирани неколку екипи од Серија А.


Каиседо моли на социјалните мрежи за да премине во Арсенал

Брајтон веќе одби две понуди од Арсенал за Моисес Каиседо па сега фудбалерот одлучи преку Инстаграм да направи притисок на својот клуб.

Арсенал сака да се засили со 21 годишниот фудбалер, но проблемот е во тоа што Брајтон не сака да го пушти за сума пониска од 70 милиони фунти. Арсенал сака да го доведе прво на позајмица и да види како играчот ќе се снајде, па потоа на лето да го откупи.

„Јас сум горд што можам на Брајтон да му обезбедам рекорден трансфер што ќе овозможи вложување во иднината на клубот.

Навивачите ме имаат во нивното срце и тие секогаш ќе бидат кај мене во срцето, но се надевам дека ќе ме разберат зошто сакам да ја искористам оваа голема прилика (трансферот во Арсенал“, гласи пораката на Каиседо.

По оваа порака фудбалерот добил порака од Брајтон да не доаѓа на тренинзите до завршувањето на зимскиот преоден рок.


Херта го отпушти Фреди Бобич

Бундеслигашот Херта од Берлин соопштува дека ја прекина соработката со спортскиот директор, Фреди Бобич.

Отказот за Бобич следува после последниот пораз на Херта во градското дерби против Унион Берлин со 2:0. Херта после овај пораз се наоѓа на претпоследното место од табелата во најсилната германска лига.

51-годишниот поранешен германски репрезентативец, за спортски директор на Херта беше назначен во 2021 година, откако истата функција ја извршуваше во Ајнтрахт од Франкфурт.


Лоши вести за Барселона: Дембеле го очекува пауза од еден месец

Фудбалскиот клуб Барселона информира дека фудбалерот Усман Дембеле заработи повреда поради која се очекува тој да биде надвор од терените околу еден месец.

Дембеле повредата на бутниот мускул ја заработи на средбата од Примера против Џирона, која каталонците ја добија со 0:1.

Дембеле најверојатно го чека опоравување од четири недели , па тој би можел да го го пропушти претстојниот дуел во Лига Европа со Манчестер Јунајтед.

Дембеле се очекува да ги пропушти и средбите во Ла Лига со Реал Бетис, Севиља, Виљареал и Кадиз.


Официјално: Челзи го доведе Мало Густо од Лион

Премиерлигашот Челзи официјално го објави трансферот на дефанзивецот од Лион, Мало Густо.

19-годишниот француски десен бек се пресели на Стемфорд Бриџ за 35 милиони евра, а неговиот договор е до летото 2030. година. Густо остатокот од сезоната ќе ја заврши како позајмен фудбалер во Лион, по што ќе им се приклучи на лондончани.

Густо ќе биде уште едно ново засилување за клубот од Лондон, после потписите со Бадијашил, Фофана, Мудрик, Жоао Феликс, Мадуеке и Андреј Сантош.


Јувентус го продава Влаховиќ за 90 милиони евра

Италијанскиот спортски весник „Кориере дело Спорт“, ја пренесува информацијата дека новата управа на Јувентус има намера да го продаде српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Црно-белите од Торино се соочуваат со многу проблеми откако беа објавени финансиски малверзации со платите на играчите, по што екипата заработи казна со одземање на 15 бода во Серија А, а најверојатно Јувентус го очекува и едногодишна забрана за настап во Европа.

Поради овие причини, клубот ќе нема можност за плаќање на високите износи на плати кои ги заработуваат фудбалерите. Новата управа е подготвена, може да се каже и принудно да ги прифати понудите на Челзи, Арсенал или Манчестер Јунајтед за српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, доколку сумата за негов ангажман би изнесувала најмалку 90 милиони евра. Тоа би биле десет милиони евра повеќе од тоа тоа што Јуве пред една година му плати на Фиорентина.

Душан Влаховиќ конечно се опорави од повредата која го мачи во последниов период, поради која играчот нема забележано настап дури од Мундијалот во Катар.


Дрес на Леброн Џејмс продаден за речиси 4 милиони долари

Дресот на кошаркарот Леброн Џејмс, кој го носеше кога со Мајами ја освои НБА титулата во 2013 година, на аукција во Њујорк е продаден за 3,7 милиони долари.

Мајами до шампионскиот прстен стигна откако во седмиот и одлучувачки натпревар славеше победа против Сан Антонио, а Леброн на тој дуел постигна 37 поени.

Поскапо продадени дресови од овај се дресот на Мајкл Џордан он НБА финалето во 1998.година кој достигна цена од 10,91 милиони долари, како и дресот кој Диего Марадона го носеше на Светското првенство во 1986.година, а беше продаден за 9,28 милиони долари.


Семењо е нов фудбалер на Борнмут

Репрезентативецот од Гана, Антоан Семењо е нов фудбалер на премиерлигашот Борнмут.

23-годишниот напаѓач Семењо со Борнмут потпиша договор на четири и пол години со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.

Претходно Семењо беше член на Бристол Сити каде запиша 125 настапи, и постигна 21 гол и 22 асистенциии.

Семењо имаше настапи за Гана на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, во натпреварите од групната фаза против селекциите на Португалија и Гана.


Трабзонспор бара три милиони евра за трансфер на Енис Барди

Во последниот период за нас интересна е ситуацијата со Енис Барди, македонскиот репрезентативец е пред заминување од турски Трабзонспор иако во овој клуб пристигна минатото лето.

Трабзонспор го доведе Барди за сума од три милиони евра, меѓутоа сега клубот сака да доведе нови странци и да ослободи простор затоа што тоа го бараат правилата во турското првенство.

Но, Транзонспор има и услов, нема да го пуштат Барди за сумата под која го доведоа. Три милиони евра плати Трабзон минатото лето на Леванте кој го продаде Барди кога испадна од шпанската Ла Лига.

Претходно Барди се поврзуваше со повеќе клубови пред се од Шпанија: Рајо Ваљекано, Мајорка, Кадиз и Еспањол, а тука се уште француска Ница и италијански Торино.


Интер го сака Кимпембе како замена за Шкрињар

Откако стана јасно дека Милан Шкрињар нема да го продолжи договорот, раководството на Интер ја започна потрагата по негова замена.

Договорот на Шкрињар истекува на крајот на сезоната, а Интер сака да го продаде до крајот на јануари, за да заработи на неговото заминување. „Газета дело Спорт“ пренесува дека прва мета на „нероаѕурите“ е капитенот на ПСЖ, Приснел Кимпембе, кој оваа сезона добива мала минута.

Со доаѓањето на Шкрињар во ПСЖ неговата минутажа додатно ќе се намали, па Французнот е спремен да ја промени средината.

Вредноста на 27-годишниот дефанзивец во моментов е околу 40 милиони евра,а Интер е спремен за неговиот потпис да понуди 30 милиони евра плус бонуси.