feature

Невен Спахија е нов тренер на Басконија

Хрватот Невен Спахија е избран за нов тренер на кошаркарскиот клуб Басконија. Спахија на клупата на шпанскиот тим доаѓа на местото од Црногорецот,Душко Ивановиќ, кој по серијата на слаби резултати доби отказ од клубот.

Екипата на Басконија оваа сезона во Евролигата има скор од само 3 победи на 9 натпревари. 59-годишниот Спахија во Басконија доаѓа од тимот на Кинескиот Шангај Шаркс.


Стефан де Вриј од Интер преоѓа во Тотенхем

Англиските медиуми информираат дека дефанзивецот на Интер, Стефан де Вриј, е заинтересиран за преселба во екипата на Тотенхем оваа зима.

Холандскиот интернационалец е главна цел на новиот менаџер Антонио Конте кој сака да ја зајакне одбраната на тимот во продолжението од сезоната.

Актуелниот договор на де Вриј со шампионот на Италија истекува во летото 2023 година, а неговата продажна цена се проценува на околу 40 милиони фунти. Холанѓанецот минатата сезона беше еден од столбовите на одбраната во тимот на Интер кој предводен од тренерот Конте ја освои шампионската титула во Серија А.


Пиоли доби договор до 2024 година во Милан

Стефано Пиоли и челниците на фудбалскиот состав Милан, дефинитивно ќе ја продолжат соработката до 2024 година.

Двете страни ги прецизирале сите детали по што останува само формалниот потпис на договорот. Платата на искусниот стратег ќе биде 3,5 милиони евра годишно плус бонуси. Тој го презеде кормилото на „росонерите“ во октомври во 2019 година.

Милан во тековнава сезона игра одлично во Серија А и во моментов го дели првото место со екипата на Наполи.


Кутињо не сака по никоја цена да си замине во „Камп Ноу“

Филипе Кутињо не планира да ја напушти екипата во зимскиот преоден рок. Каталонскиот клуб сака да го продаде или изнајми Бразилецот, но не може да најде нов тим за него.

Поранешниот тренер на Браселона, Роналд Куман му даде шанса на 29-годишниот играч од средниот ред, но тој не успеа да се наметне во Барса оваа сезона.

Чави, кој неодамна го презеде тимот, планира да разговара со Кутињо пред да одлучи за неговата иднина во Барселона. И покрај тоа, самиот играч не сака да замине во јануари. Решен е да ја заврши сезоната, а на лето да ги истражи сите опции.


Менди на суд ќе се соочи со уште две обвинувања

Бенџамин Менди доби уште две обвиненија за силување. Тој утре треба да се појави пред судот.

На 27-годишниот фудбалер кој и понатаму е во затвор, сега ќе му се суди по вкупно шест точки од обвинението за силување и една точка за сексуален напад. Претходно беше објавено дека Кралското обвинителство уште на 26 август, поднело обвинение против францускиот државјанин кој категорично ги негира обвиненијата.

Англискиот фудбалски состав времено го суспендираше црномурестиот играч во исчекување на резултатите од истрагата.


Два италијански гиганти го сакаат Џеси Лингард

Рома и Милан се силно заинтересирани за офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард. Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед.

Лингард последните шест месеци ги помина во Вест Хем каде блескаше во дресот на „чеканите“, но двата клуба не се договорија за трансфер.

Манчестер Јунајтед му понуди нов договор, но играчот одбива да потпише, бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот.

Договорот на Лингард истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари за „само“ 12 милиони евра.


Огромен интерес и гужви за Ел класико натпреварот помеѓу Аргентина и Бразил

Невиден интерес и километарски редици за набавка на влезници се забележани во аргентинскиот град Сан Хуан каде ќе се игра големото јужноамериканско фудбалско дерби помеѓу репрезентациите на Аргентина и Бразил. Натпреварот е дел од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022. 

Билетите за Ел класико дуелот се пуштени во продажба два дена пред почетокот кој е закажан за во среда наутро по наше време. 

Според информациите од локалните медиуми сите летови до Сан Хуан и сите хотели во градот се преполни со навивачи кои се надеваат дека ќе обезбедат влезници и ќе можат да го следат натпреварот на стадионот Сан Хуан дел Бицентенарио.


Меси е подготвен за дуелот против Бразил

Ѕвездата на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ќе биде стартер за „гаучосите“ на пресметката со Бразил во јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2022. 

Натпреварот ќе се одигра вечерва во Сан Хуан, а Меси ќе биде во 

тимот со капитенската лента, откако комплетно се опоравил од повредата.

Фудбалерот на ПСЖ одигра само 15 минути како замена во победата од 1-0 над Уругвај.


Клоп загрижен за повредата на Мане

Јирген Клоп внимателно ќе ја следи ситуацијата со репрезентативецот на Сенегал, Садио Мане, кој вчера беше принудно повлечен од игра на квалификацискиот меч со Того.

Напаѓачот на англискиот  состав мораше да го напушти теренот во 28. минута  откако доби непријатен удар. Селекторот на Сенегалците, Алиу Сисе,  по дуелот побрза да ги смири страстите кај англичаните велејќи дека промената била само мерка на претпазливост.

Ливерпул во наредната рудна во Премиер-лигата го очекува дерби мечот со Арсенал а Клоп најверојатно ќе го остане без услугите на Џордан Хендерсон, кој исто така се повреди додека беше во кампот со Англија.


Лукаку најави враќање на терените

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку веќе подолг период се мачи со повреда на скочниот зглоб и не настапува за својот клуб како и за белгиската фудбалска репрезентација.

Меѓутоа тој неодамна преку пост на Твитер им се обрати на своите фанови во кој го најавува неговото враќање на терените.

„Кога си отсутен со недели, сфаќаш колку е забавно само да тренираш и да се натпреваруваш против други тимови“, напиша Лукаку на својот Твитер профил.

https://twitter.com/RomeluLukaku9/status/1459082808186613764?s=20