feature

Пех за Лејкерси, Леброн го повреди зглобот

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, ја објасни својата постапки на крајот од натпреварот со Сакраменто (120-130).

Џејмс отиде во соблекувалната без да чека сирената да го заврши натпреварот. Извор на „ESPN“ тврди дека проблемите на играчот се поради „прекумерна работа“. Џејмс за 36 минути на паркетот постигна 31 поен и 13 асистенции.

„Ќе бидам добро. Јас сум само загрижен за мојот глужд. Ова продолжува и по Ол-стар паузата. Правам се што можам за да се справам со проблемот. Не станува збор за многу сериозна ситуација. Ја одиграв цела трета четвртина, одморив малку на почетокот на четвртата, а кога се вратив, проблем. Ова е она што ме загрижува. Во некои натпревари сè е подобро – против Оклахома воопшто не обрнав внимание. И денеска – до четвртиот“, рече Џејмс.

Учеството на Џејмс на мечот против Кралевите беше доведено во прашање поради повреда на левиот зглоб.

Настапот на големата НБА-ѕвезда на натпреварот со Милвоки бакс ноќта петок кон сабота останува неизвесен. 


Мануел Фелер го освои малиот кристален глобус во слалом

Австриецот Мануел Фелер ќе го освои малиот кристален глобус во слалом, откако последните планирани трки во оваа дисциплина беа откажани поради лошите временски услови во Крањска Гора.

„Поради обилните дождови во последните 24 часа, кои целосно ја уништија патеката, откажан е и слаломот од Светскиот куп за мажи во Крањска Гора“,  соопшти ФИС.

Организаторите на Светскиот куп се обидоа да најдат алтернативна патека за домаќин на овој слалом кој беше закажан за в сабота, но за кратко време не успеаја да најдат решение.


Реал ќе го позајми Арда Ѓулер во Милан

Арда Ѓулер минатото лето пристигна во Реал Мадрид со големи очекувања, меѓутоа уште на почетокот се соочи со проблеми со повреди.

„Кралевите“ сакаат да го испратат на позајмица каде што ќе собира искуство по што може да се врати во шпанскиот гигант. Силен интерес за Арда покажува Милан, кој сака да го доведе на „Сан Сиро“ по истата формула како Брахим Дијаз.

„Росонерите“ го сакаат турскиот „бисер“ на позајмица со право на откуп, но Реал да има бај-бек клаузула во договорот.

Реал е спремен да ја прифати таквата понуда поради доброто искуство кое го имаше со Брахим Дијаз и поради фактот што Арда не добива голема минутажа во Мадрид.


Јунајтед спремен да понуди 80 милиони за Кимих

Џошуа Кимих на лето може да го напушти Баерн Минхен, тврди германски „Билд“.

Баерн Минхен нема намера да го пушти Кимих да замине бесплатно летото 2025 година и ќе биде отворен да ги слушне понудите за него. Кимих не е во добри односи со Томас Тухел и тоа е главната причина поради која одбива да преговара за нов договор.

Манчестер Јунајтед покажува најсериозен интерес за Германецот, но ситуацијата будно ја следат уште ПСЖ, Арсенал, Барселона и Ливерпул.

Баерн за слободата на 28-годишниот играч за врска ќе бара најмалку 80 милиони евра, сума која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.


Начо го напушта Реал и се сели во Рим

Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез пренесуваат шпанските медиуми.

Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а веќе цели 12 години е дел од првиот тим. Анчелоти му верува и Начо се уште е важен дел од тимот, но договорот на 32-годишниот дефанзивец истекува на лето.

Реал се уште не му понудил нов договор бидејќи сака да донесе нов дефанзивец, а Рома ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и да го доведе без обештетување.


„Билд“: Зидан преговара да го преземе Баерн

Еминентниот „Билд“ пренесува дека Зинедин Зидан е главен кандидат за клупата на Баерн Минхен.

Извори блиски до Французинот тврдат дека Зидан е спремен да се врати на тренерската работа и не ја отврла можноста да седне на клупата на Баерн Минхен. Томас Тухел е на излезна врата, па Баерн веќе размислува за нов тренер и ја започна потрагата.

Според германските медиуми, челниците на Баерн Минхен го контактирале Зинедин Зидан и му понудиле да го наследи Томас Тухел. Французинот веќе неколку години е без ангажман, одби неколку понуди и сега е спремен да се врати на тренерската работа.


Интер размислува да го задржи Алексис Санчез

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, веројатно ќе добие понуда да го продолжи договорот со „нероаѕурите“, наведуваат медиумите на Апенините.

35-годишниот фудбалер се претвори во значајна фигура во клубот и речиси е незаменлив во првата постава. Актуелниот договор на чилеанскиот напаѓач истекува на крајот на јуни.

Неговиот тим го чека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид закажан на 13 март.


Фримпонг има своја цена, Баер Леверкузен бара 60 милиони евра

Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Реал Мадрид се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.

Европските гиганти го следат неговите настапи и ќе бодат битка за неговиот потпис на лето.

Леверкузен е свесен дека нема да може да го задржи уште долго и е спремен да слушне понуди повисоки од 60 милиони евра.


Јуве без Влаховиќ на дербито со Аталанта

Српскиот фудбалер, Душан Влаховиќ, ќе го пропушти натпреварот од 28. коло во Серија А меѓу Јувентус и Аталанта кој ќе се одигра в недела од 18 часот во Торино.

Напаѓачот на „Старата дама“ доби жолт картон во поразот од Наполи со 2-1 во последното коло што беше негов петти во тековнава сезона.

Отсуството на Влаховиќ ќе биде голем хендикеп за Јуве. Тој во сезонава за тимот од Торино на 24 натпревари постигна 15 гола.


Астон Вила со огромна загуба влезе во новата година

Фудбалскиот клуб Астон Вила пријави загуба од 119,6 милиони фунти на крајот на годината, објави денеска „Би-Би-Си.

„Бројките се во согласност со стратешкиот бизнис план и во рамките на ПСР. Сопствениците на Астон Вила остануваат посветени на долгорочниот и одржлив развој на клубот и со нетрпение очекуваме да продолжи имплементацијата на стратешки план“, се вели во соопштението на клубот.

Астон Вила е на четвртото место во Премиер лигата и има реални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите