feature

Савињо останува, нов договор со Сити

Крилото на Манчестер Сити, Савињо, е на чекор од потпишување нов долгогодишен договор што ќе го задржи на Етихад до 2031 година. 21-годишниот Бразилец е во завршна фаза од преговорите, со јасна желба од двете страни да се обврзат на долгорочна соработка. 

Уште летово, Сити покажа колку го цени Савињо, одбивајќи неколку сериозни понуди од Тотенхем, вклучително и такви над 70 милиони евра. Иако преминот во Лондон можеше да му донесе повеќе минути и поголема улога пред Светското Првенство, клубот беше непопустлив, а и Пеп Гардиола имаше збор. 

Тренерот одигра клучна улога во убедувањето на младиот крилен играч да остане, истакнувајќи колку е важен за иднината на тимот.  

Минатата сезона настапи на 45 меча, со 10 асистенции и 2 гола. 

Со новиот договор на повидок и цврста поддршка од клубот, Савињо изгледа подготвен да одигра клучна улога во иднината на Манчестер Сити. 


Тинејџерката сензација Нгумоха потпиша договор со Ливерпул

Рио Нгумоха потпиша нов долгорочен договор со Ливерпул, со што ќе остане на Енфилд до јуни 2028. 17-годишниот крилен напаѓач, кој неодамна го прослави роденденот, се проби од академијата до првиот тим и веќе е дел од долгорочните планови на клубот. 

Го привлече вниманието со драматичен победнички гол во 100-тата минута против Њукасл, станувајќи најмладиот стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер Лигата. Откако пристигна од академијата на Челзи во септември 2024, брзо се наметна со својата брзина и завршница. 

Оваа сезона го направи и својот деби настап во Лигата на Шампионите, а новиот договор само го потврдува неговиот растечки статус кај тренерот Арне Слот. Клубот го гледа како важна фигура на левото крило, каде ќе конкурира со поискусни фудбалери. 

Развојот на Нгумоха е дел од стратегијата на Ливерпул да инвестира во младински талент и да гради тим за иднината. Клубот верува дека младиот напаѓач ќе игра значајна улога во годините што доаѓаат. 


Канаваро ја одби селекторската функција во Кина

Фабио Канаваро моментално нема работа и бара нова работа по неуспешната епизода на клупата на Динамо.

Очигледно не му недостасуваат понуди, бидејќи Кина му ја понудила функцијата селектор, позиција што веќе ја имал, но италијанскиот тренер ја одбил понудата.

Николо Скира известува дека Канаваро ја одбил понудата од Кина бидејќи чека понуда од Европа. Се надева дека ќе може да тренира европски клуб и затоа во моментов не е заинтересиран за позицијата тренер на Кина, но не е исклучено нешто да се промени бидејќи Кинезите работат на враќање на Канаваро на клупата.

Канаваро накратко ја водеше Кина во два пријателски натпревари во март 2019 година. Во двата натпревари што ги загуби, Узбекистан и Тајланд ја победија Кина со резултат од 1:0. Тој остави свој белег во кинескиот клупски фудбал, водејќи ги Гуангжу и Тјанџин Тјанхаи.

Канаваро отиде во Динамо на крајот од 2024 година. Во 14 натпревари со Динамо, тој победи седум пати и имаше дури пет порази. Беше ангажиран да го надомести заостанувањето зад Хајдук и Риека на врвот на ШНЛ, но под негово водство, лидерот ја зголеми својата предност пред Динамо во првенството.


Јуве пријави дефицит од 40-50 милиони евра

Јувентус ќе ја заврши финансиската година со загуба.

Според „Кориере дело Спорт“, буџетскиот дефицит на клубот од Торино до крајот на сезоната 2024/25 ќе изнесува 40-50 милиони евра. Минатата година оваа бројка достигна 199 милиони евра.

Планирано е буџетот да биде одобрен на утрешниот состанок на одборот на директори на Јувентус.


Пелистер минимално подобар од Престон Лајонс на тест меч во Новаци

Македонскиот клуб од Австралија, Престон Лајонс одигра пријателски натпревар со Пелистер кој го доби битолскиот клуб со 1-0 (1-0), со погодок постигнат од пенал од Бобан Здравевски во вториот дел.

Поради одредени зафати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, денешниот меч се одигра во Новаци.

Клучниот момент се случи во 66. минута, Пелистер доби пенал поради игра со рака на фудбалер на Престон, сигурен од белата точка беше Здравевски.

Следна дестинација за Престон Лајонс ќе биде Охрид каде што ќе одиграат уште еден пријателски меч пред да се вратат во Австралија.


Пелистер волеј – Јанта волеј дерби на стартот на новата одбојкарска сезона

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ одбраната на шампионската титула во Првата женска лига ќе ја стартуваат во Битола, откако ждрепката на редните броеви за новата натпреварувачка сезона, одлучи за прв противник да им го додели новиот прволигаш Пелистер Волеј.

Бранителот на Куп-пехарот, Наковски Волеј, пак, на домашен терен ја отвора сезоната со уште еден „новајлија“ Газели Волеј. Финалистот во плеј-офот Работнички Скопје на стартот се соочува со Струмица жени, додека останатите две двојки се Ускана Волеј и Вардар ЕМ, односно Младост УГД и Фит Фан Волеј.

Првенството во Првата лига – жени стартува на 11 октомври, а почетокот и крајот на сезоната се дефинирани од ФИВБ и ЦЕВ според нивните календари на одржување на СП 2025, односно ЕП 2026.

Според Пропозициите за натпреварување, дамите во есенскиот дел од сезоната играат двокружен бод систем, дома – гости. По комплетирањето на лига натпреварувањето првите осум екипи играат во четвртфиналето од плеј-офот во два добиени натпревари, од кои ќе се добијат полуфиналистите од првенствениот плеј-оф, односно екипите кои ќе играат за шампионскиот пехар.

Екипата која ќе заврши на деветтата позиција на табелата игра бараж со второпласираниот тим во Втората лига жени за опстанок во прволигашкото друштво. Последнопласираната екипа во првенството, пак, во следната натпреварувачка сезона ќе се натпреварува во Втората лига.


Умира ли фудбалот? Претседателот на Наполи бара итни реформи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, упати сериозно предупредување за иднината на фудбалот, тврдејќи дека спортот е „осуден на смрт“ ако не се направат големи промени. Според него, денешниот фудбал изгледа застарено и бавен, неспособен да го задржи вниманието на новите генерации кои се сè повеќе наклонети кон побрзи и поинтерактивни форми на забава. 

Во најновите изјави, Де Лаурентис го критикува недостатокот на иновација во фудбалот и предупредува дека без храбри чекори, спортот ќе стане ирелевантен.  

Меѓу неговите предлози се: намалување на Серија А на 16 екипи, зголемување на натпреварите што се емитуваат на бесплатна телевизија, како и продолжување на договорите со играчите до 8 години за финансиска стабилност. Исто така, тој ја критикува недоволната искористеност на стадионите и предлага подобро управување со нив. Де Лаурентис се залага и за реформирање на европските натпреварувања со воведување на нова голема лига што би ги замениле Лигата на Шампионите и Лига Европа, со цел поголема атрактивност и финансиска одржливост. 

„Светот се промени,“ вели тој, посочувајќи на скратеното внимание кај публиката и растечкото влијание на дигиталните платформи. Без адаптација кон овие промени, тој смета дека фудбалот ќе ја изгуби својата културна и економска тежина. 

Изјавите доаѓаат во период кога многумина во спортот се прашуваат како да се најде баланс помеѓу традицијата и напредокот. Апелот на Де Лаурентис е директен повик до фудбалските власти да размислат како играта се структуира, промовира и доживува. 


Селекторот Пауновиќ и репрезентативката Јонузи ги здружија силите во Ново Место

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Стефан Пауновиќ во новата сезона ќе биде тренер на словачкиот прволигаш Ново Место. По две години минати во финска Вампула стратегот од оваа година ќе ги здружи силите со македонската репрезентативка Ерјона Јонузи во новиот клуб.

Организаторот на играта во националниот тим од минатата сезона го носи дресот на Ново Место, а сега работата од репрезентацијата ќе ја продолжи во клупската средина под водство на Пауновиќ.

Србинот по успешното лето со селекцијата на Македонија, која ја предводеше до прва победа на европско тло по пауза од 17 години, се посветува на нови клупски обврски, а ќе има и можност да работи со Јонузи во текот на целата сезона, што дополнително оди во прилог и за репрезентацијата.

Во клубот со Пауновиќ и Јонузи како статистичар ќе работи и Татјана Поповиќ, која е дел од стручниот штаб и на македонската репрезентација.

Пауновиќ претходно покрај ангажманот со сениорскиот национален тим на Македонија, ја водеше и нашата селекција до 19 години, додека на клупски план покрај Финска има работено и во Романија и Либија.


Меси осамен на врвот на листата на стрелците во МЛС лигата

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна два гола ноќеска во победата од 0-4 на гостувањето кај Њујорк Сити ФК.

Ова беше дуел од 31.коло во американската МЛС-лига.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец со овие два погодока стигна до 24 и се одвои на врвот на листата стрелци.

Зад Меси се наоѓаат Денис Буанга од Лос Анџелес со 22 и Сем Сариџ од Нешвил со 21 гол.


Чешка сензационално во полуфиналето на одбојкарскиот Мундијал

Репрезентацијата на Чешка го победи Иран и стигна до полуфиналето на Светското првенство во одбојка 2025 година.

На натпреварот одигран попладнево во Пасај, Филипини, чешките одбојкари беа поуспешни со 3-1 (22-25, 27-25, 25-220 и 25221).

Во полуфиналето, Чешка ќе се соочи со победникот од натпреварот САД-Бугарија.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Полска и Италија.