feature

Хаверц има најголема плата во новиот Арсенал

Германскиот фудбалер Каи Хаверц зема најголема плата во Арсенал, пишува во своето истражување на новинарот Тоби Принс.

Офанзивниот играч за врска или напаѓач кој пристигна од Челзи заработува 14,56 милиони фунти годишно. По напорниот преоден рок ова лето, Арсенал требаше да состави многу посилен тим од минатата година и да биде конкурентен на повеќе фронтови подолго време. Деклан Рајс, Каи Хаверц и Јуриен Тимбер му се придружија на тимот со високи плати, додека Дејвид Раја пристигна на позајмица. И без изненадување, две од новите засилувања – Хаверц и Рајс, веднаш се најдоа на врвот на рангирањето со најскапи договори. И покрај тоа што платите на играчите се доверливи информации, оваа веб-страница обезбедува во голема мера веродостојни проценки, иако не тврди дека 100% се  точни информациите.

Според медиумите, најскап фудбалер во Арсенал во моментов е Хаверц со 280 000 фунти неделно или 14,56 милиони фунти по сезона. Втор е Габриел Жесус со 265 000 фунти неделно или 13,78 милиони годишно. Рајс го држи третото место со 240 000 неделно, а Томас Парти (200.000) и Букајо Сака (195.000) ги заокружуваат првите пет. И додека две од новите засилувања се во топ 3, капитенот на тимот Мартин Одегард е надвор од топ 10 според финансиските приходи. Тој е дури 12-ти во тимот со 115 000 фунти неделно или 5,98 милиони фунти годишно.


Исник Алими од Сепси дополнително повикан во репрезентацијата

Исник Алими, фудбалер од средниот ред на романски Сепси е нов фудбалер во репрезентацијата на Македонија.

Поранешниот фудбалер на италијанските Аталанта, Виченца, Шибеник од Хрватска и азербејџански Габала, денеска се става на располагање на нашиот најдобар национален тим. 

Алими е стандарден фудбалер на романскиот Сепси и со одличните настапи за својот клуб се наметна како профил на играч кој може да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред од нашата репрезентација.

Во минатото, Алими настапуваше на официјални квалификациски турнири за младинските репрезентации на Македонија до 17 и 19 години. 

„Алими бележи одлични игри во романското првенство со Сепси. Неговото искуство и формата во која се наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да ни донесе дополнителен квалитет“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Исник Алими денеска во 18:30 часот ќе го има првиот тренинг со А репрезентацијата на Македонија.


Салах останува во Ливерпул, денес завршува преодниот рок во Саудиска Арабија

Египетскиот напаѓач, Мохамед Салах, нема да му се приклучи на Ал-Итихад за време на актуелниот преоден рок кој завршува денес во Саудиска Арабија.

Салах дефинитивно ги одбил понуди за плата од 500 до 600 милиони евра за неколку години.

Актуелниот шампион на С. Арабија во текот на летото го пополни составот со европски ѕвезди како Бензема, Канте и Фабињо.


Познати номинациите, Меси фаворит за „Златната топка“

Лионел Меси е меѓу главните фаворити за освојување на „Златната
топка“ откако на крајот на минатата година ја предводеше Аргентина
до светската титула.
Кристијано Роналдо не се најде на листата за прв пат по 2005 година.
Португалската ѕвезда вториот дел од минатата сезона го одигра во Ал-
Наср во Саудиска Арабија.
Карим Бензема, Мохамед Салах, Кевин Де Брујне и Ерлинг Халанд се
меѓу номинираните за „Златната топка“.


Кепа го одбил Баерн за да потпише за Реал


Демиреј Греј потпиша за Ал-Итифак

Крилниот напаѓач, Демиреј Греј, кариерата ќе ја продолжи во
шампионатот на Саудиска Арабија откако Ал-Итифак се договорил со
Евертон за трансфер на 27-годишниот фудбалер.
Англискиот клуб ќе добие десет милиони долари. Греј со новиот тим
ќе потпише договор на четири години.
Фудбалерот пристигна кај „карамелите“ во 2021 година. Минатата
сезона одигра 33 натпревари во Премиер Лигата со ефект од четири
голови и една асистенција.


Саудијците го сакаат Џејдон Санчо на крајот на преодниот рок

Клуб од Саудиска Арабија му понудил на Манчестер Јунајтед да го
купи Џејдoн Санчо, тврди новинарот Руди Галети на „Спорт
Италија“.
Трансфер пазарот во Саудиска Арабија се затвора денес (7
септември), давајќи им на „црвените ѓаволи“ малку повеќе време да
одлучат што да прават. Понудата доаѓа поради јавното незадоволство
на менаџерот Ерик тен Хаг кон Санчо. Тренерот изјави дека го
оставил Англичанецот надвор од групата за претходниот натпревар со Арсенал поради незадоволителен настап на тренинзите.
Сепак, самиот фудбалер подоцна одговори дека тоа не е
вистина. Манчестер Јунајтед плати 85 милиони евра за Санчо во
летото 2021 година, но досега тој не направи ништосо што би ги
оправдал овие милиони потрошени за неговото доаѓање на „Олд
Трафорд“.


Манев ја напушти Турција и потпиша за Осијек

Јован Манев до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе игра како позајмица за хрватски Осијек.

22-годишниот дефанзивец кој е член на турскиот прволигаш Адана Демирспор, ќе се пресели во Осијек на позајмица.

Тој кариерата ја започна во Брегалница, од каде се пресели во Турција и до сега запиша 15 настапи за Адана.

Во Осијек сигурно ќе има поголема минутажа, а ќе се пресели после репрезентативните обврски.


Хојлунд подготвен за големи работи на „Олд Трафорд“

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, ги одигра првите
минути на викенд-дербито со Арсенал.
Иако неговиот тим загуби, фудбалерот вели дека е среќен што
конечно можеше да го облече дресот на „црвените ѓаволи“.
Данецот пред неколку недели беше купен од Аталанта но, при
лекарските прегледи беше констатирано дека има полесна повреда на
грбот што го одложи неговиот прв настап за англискиот тим.


Мбапе се одрекнал од големи пари за да остане во Париз

ПСЖ и Килијан Мбапе постигнале „џентлменски договор“ со кој
напаѓачот беше вратен во тимот на „светците“, открива еминентнот
„Екип“.
Мбапе долго време тренираше сам како казна за тоа што одби да ја
продолжи соработката со „светците“ до јуни 2025 година.
На крајот двете страни постигнале договор според кој францускиот
репрезентативец наместо 100 милиони евра кои требал да ги добие
како бонус за верност во следната година ќе инкасира сума меѓу 60 и
80 милиони.
Според „Екип“ на средбите е договорено бонусот од 100 милиони да
се намали, а Мбапе да се врати во екипата.
Мбапе не се предомислил и останува на истиот став, да ја одработи
последната година од договорот и потоа како слободен играч да се
пресели во Реал Мадрид.