feature

Баерн сонува трансфер на Каи Хаверц од Челзи

Баерн Минхен планира бомба за крајот на преодниот рок, а тоа е ѕвездата на Челзи, Каи Хаверц. Челзи го купи Хаверц за 80 милииони евра од Баер Леверкузен пред две години, а Германецот настапи на 93 меча и постигна 23 гола и 14 асистенции.

Хаверц е еден од најважните фудбалери на тренерот Томас Тухел, па речиси невозможно е да се замисли дека Германецот ќе си замине, иако Баерн ќе испрати понуда.

Баварскиот гигант многупати досега крадеше ѕвезди од останатите тимови, а сигурно ќе се обиде тоа да му го направи и на Челси, иако шансите за реализација на ваков трансфер се ептен мали.


Карењо Буста најдобар во Монтреал

Шпанскиот тенисер Пабло Карењо Буста го освои трофејот на мастерс турнирот во Монтреал, откако во финалето го совлада полскиот играч Хуберт Хуркач со 2:1 во сетови.

Дуелот помеѓу Буста и Хуркач траеше еден час и 46 минути. За освојувачот на бронзата од Олимписките игри во Токио, ова е прва мастерс титула во кариерата.

Хуркач останува на еден освоен мастерс трофеј, оној од минатата година во Мајами.


Македонските ракометни кадети се победници на ЕХФ шампионатот

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија го освои првото место на ЕХФ шампионатот кое се одржуваше во Летонија.

Целиот турнир младите ракометари го одиграа на високо ниво, а во финалето беа поуспешни од кадетите на Швајцарија против кои славеа со 24:22.

МВП на финалето беше избран голманот на нашата селекција Брестовац .


Ѓоковиќ ќе остане шести на АТП листата по Мастерсот во Монтреал

Новак Ѓоковиќ на следната АТП-листа ќе остане на шестата позиција, иако ќе го премине Стефанос Циципас, затоа што Каспер Руд се пласираше во полуфинале на Мастерсот во Монтреал и така ги премина двајцата.

Руд го совлада Оже-Алиасим од Канада и закажа полуфинале со Хуркач, па така има обезбедено 95 бодови повеќе од Ѓоковиќ, а има можност и дополнително да напредува.

Доколку слави против Хуркач, тогаш ќе го премине и Карлос Алкараз и од понеделник ќе биде четврти тенисер во светот, а ако слави и таму, тогаш ќе стигне на 115 бода од Рафаел Надал, кој е трет на ранг-листата.

Во второто полуфинале на турнирот играат Даниел Еванс и Пабло Карено Буста.


Директорт на Монца: Нема да потпишеме со Икарди!

Извршниот директор на Монца, Адриано Галијани ја отфрли можноста да го купат Мауро Икарди во финишот од преодниот рок.
Галијани вели дека не им е потребен напаѓач и нема да се засилат со Икарди со кои веќе некое време се поврзуваа. Нов напаѓач на Монца од пред 3 дена е Андреа Петања.


Де Лихт: Сакам да ја вратам мојата форма од Ајакс

Дефанзивецот Матијс де Лихт зборуваше за разликата помеѓу играњето за Баерн и Јувентус.

„Во Баерн има физички судири и интензитет поради притисокот и напнатоста. Сакам да ја вратам мојата игра што ја покажав кога се натпреварував за Ајакс“, изјави Де Лихт.

Минатата сезона, 22-годишниот дефанзивец постигна 3 гола и даде 1 асистенција на 42 настапи за Јувентус во сите натпреварувања.

Холанѓанецот ова лето стана играч на Баерн.


Атлетико Мадрид бара 35 милиони евра за трансфер на Мората во Јунајтед

Алваро Мората би можел да го чини Манчестер Јунајтед 35 милиони евра, објави Атлетик.

Напаѓачот ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, но летово се врати во Ванда Метрополитано. Првично се веруваше дека „јорганџиите“ ќе се обидат што побрзо да се ослободат од него, но добрите игри на играчот во контролите ги сменија плановите на Диего Симеоне.

Неговиот договор со „црвено-белите“ е до 30 јуни 2023 година.

Од своја страна, раководството на „црвените ѓаволи“ итно бара напаѓач кој ќе обезбеди дополнителна опција за Ерик тен Хаг заедно со Кристијано Роналдо, кој очигледно ќе остане на „Олд Трафорд“.


Томори потпиша нов договор со Милан

Централниот дефанзивец на Милан, Фикајо Томори го продолжи договорот со клубот. Англичанецот повторно потпиша до 2027 година, откако имаше многу силна сезона и одигра голема улога во освојувањето на титулата на „росонерите“.

Томори дојде на Сан Сиро на позајмица од Челси на почетокот на 2021 година и брзо се наметна во тимот. Стефано Пиоли смета дека дефанзивецот е еден од неговите најважни играчи и секако е задоволен што долгорочно се врзал за клубот.

Досега Томори добиваше 1,8 милиони евра годишно во Милан, но сега платата сигурно значително ќе му се зголеми.

Се очекува Милан во наредните денови да ги обнови договорите со Сандро Тонали и Пјер Калулу.

Во тек се преговори и со Рафаел Леао.


Анчелоти изненаден што Крос не е меѓу кандидатите за „Златна топка“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти објави дека е изненаден од отсуството на Тони Крос од листата на номинирани за „Златната топка“.

„Ме изненадува затоа што Крос имаше фантастична сезона. Но, очигледно е проблем ако ги номинираме сите играчи на Реал Мадрид, јас го разбирам тоа“, се пошегува италијанскиот тренер на прес-конференцијата пред натпреварот со Алмерија во Примера.

„Валверде, Милитао, Алаба… сите заслужуваат да бидат таму. Сите имаа фантастична сезона. Не зборувам за освојување на „Златната топка“, но сите заслужуваат да бидат на списокот“, додаде тој.

Бразилецот Виничиус е дел од 30-те кандидати за трофејот кој ќе биде претставен на 17 октомври.

„Тој го постигна победничкиот гол за нашата 14-та Лига на шампиони, имаше неверојатна сезона… Не му е гајле дали ќе заврши

четврти или деветти. За моите играчи важна е само победата. Тој ќе биде подобар во иднина. За жал на Вини, оваа сезона победникот е веќе кај нас“, додаде Италијанецот мислејќи на Карим Бензема.


Ајнтрахт го претстави Пелегрини, доаѓа од Јуве на позајмица

Ајнтрахт Франкфурт потврди дека дефанзивецот на Јувентус, Лука Пелегрини, ќе игра како позајмен во наредната сезона во Бундес-лигата.

23-годишниот фудбалер кој потекнува од школата на Рома досега играше и за Калјари и Џенова. Тој во претходната сезона имаше 18 мечеви за „старата дама“.

Пелегрини треба да ја покрие десната бековска позиција во Ајнтрахт Франкфурт.