feature

Алексис Санчез пристигна во Олимпик Марсеј

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез е нов играч на Марсеј, соопштуваат од францускиот вицешампион. 

Доскорешниот фудбалер на Интер од Милано, со Олимпик Марсеј потпиша едногодишен договор. 

33-годишниот Санчез во својата богата фудбалска кариера има настапувано за Удинезе, Коло Коло, Ривер Плата, Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед. За селекцијата на Чиле има одиграно 143 натпревари.


Салваторе Сиригу го засили Наполи

Голманот Салваторе Сиригу ги помина медицинските прегледи во Наполи и наскоро ќе биде официјално објавен како ново засилување.

Тој ќе пристигне во тимот како слободен играч откако ќе му истече договорот со Џенова.

35-годишниот ветеран ќе добива плата од околу 700.000 евра по сезона. Сепак, Наполи нема да запре во потрагата по голман, затоа што и натаму фокусот е на Кепа Аризабалага и Кејлор Навас со кои интензивно продолжуваат преговорите.


Шамар Николсон најави заминување од Спартак во Нант

Напаѓачот на Спартак Москва, Шамар Николсон, може да ја продолжи кариерата во француската екипа Нант.

Наводно, „Канаринците“ се подготвени да испратат понуда за интернационалецот од Јамајка. Тој му се приклучи на рускиот состав пред осум месеци и до крајот на сезоната успеа да постигне 8 голови.

 25-годишниот фудбалер има настапувано за Домжале и Шарлоа. Неговиот тековен договор со Русите е до 2026 година.


Суарез и уругвајски Национал елиминирани од Копа Либертадорес

Луис Суарез и неговиот Национал Монтевидео испаднаа од Копа Судамерикана по поразот од 3-0 против Атлетико Гоаниенсе. Уругвајците се елиминирани со вкупен резултат 4-0.

Луис Фернандо погоди двапати, додека Габриел Бараљас го постигна третиот гол за Бразилците и го трасираше патот на Атлетико во следната рудна. Суарез се појави како замена во второто полувреме и пропушти неколку шанси за гол.

Суарез, кој пристигна како слободен играч од Атлетико Мадрид, во петокот го постигна својот прв гол за Национал на меч во домашното првенство против Рентистас.


Тухел откри дека го сака Весли Фофана од Лестер

Челзи е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а Тухел сака да доведе уште еден дефанзивец. Најголема желба е Весли Фофана од Лестер за кого Челзи е спремен да плати дури 80 милиони евра. 21-годишниот Французин важи за еден од најперспективните дефанзивци во светот.

Челзи ова лето се раздели со Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен пред да го ангажира сенегалскиот репрезентативец Кулибали од Наполи.

„Среќни сме што имаме играчи како Аспи, Тиаго и Калиду, но важно е да ја пронајдеме следната генерација на дефанзивци и да ги донесеме во следните години. Фудбалот стана многу физички и напорен и во оваа ситуација ни требаат други играчи со кои ќе ги ротираме овие момци. Факт е дека тројцата дефанзивци, голманот, како и Жоржињо и Канте се во триесеттите. мора да размислуваме и за иднината“, изјави Тухел.


Мундијалот во Катар ќе почне еден ден порано

ФИФА и домаќинот на Светското фудбалско првенство Катар ќе направат промена во распоредот на натпревари на првенството. Домаќинот инсистира да биде задржана традицијата и тие да бидат тимот кој ќе го отвори првенството, па нивниот меч со Еквадор кој е планиран да се одигра од 17 часот на 21 ноември, ќе биде префрлен еден ден порано?!

Во моментов воведниот натпревар на шампионатот треба да го одиграат Сенегал и Холандија, кој е закажан за 21 ноември во 11:00 часот.

Ако се точни информациите, натпреварот меѓу земјата домаќин и јужноамериканците најверојатно ќе биде презакажан за 20 ноември во 20 часот. Тоа ќе се одрази и на програмата на сега веќе вториот ден на првенството, каде нема да има натпревар од 11 часот, а трите натпревари да започнат во 14 часот, односно 17 часот и 20:00 часот.


Варан сака да го напушти Манчестер

Според информациите од Англија, фудбалерот од одбраната на Манчестер Јунајтед, Французинот Рафаел Варан наводно сакал да го напушти клубот и побарал трансфер доколку пристигне добра понуда за него.

Варан пристигна во клубот од Олд Трафорд минатото лето за сума од 40 милиони евра. Тој на првиот натпревар од новата сезона против Брајтон беше на клупата за резервни играчи, а Јунајтед на домашен терен загуби со 2:1.

29-годишниот фудбалер бил разочаран од одлуката на тренерот да го изостави од првиот тим, и се надева дека би било подобро да заигра за друг клуб. Неговиот договор со Јунајтед истекува во јуни 2025 година.


Серена Вилијамс најави крај на кариерата после УС Опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс најави крај на својата играчка кариера после завршувањето на УС Опен, кој ќе се одржува во Њујорк од 29.август до 11.септември.

40-годишната тенисерка преку пост на Инстаграм порача дека е дојден моментот во животот кога мора да се тргне во друг правец. Во иднина ќе открива други работи освен тенисот и ќе остварува поинакви цели.

Американката во својата кариера освои 23 гренд слем титули, а од турнири има заработка од 94,5 милиони долари.

Серена Вилијамс во моментот е на турнирот во Торонто каде ја запиша својата прва победа после 430 дена.


Нигеријците со порака до Јанис: Сети се кога заедно ги победивме Грците

Ѕвездата на НБА лигашот Милвоки, Нигериецот со грчки пасош Јанис Адетокумбо привлече големо внимание во јавноста во Нигерија. 

Јанис кој во последните неколку години е меѓу најдобрите кошаркари на светот и е двоен носител на МВП признанието во НБА во моментов со своите тројца браќа е на подготовки со кошаркарската репрезентација на Грција пред продолжението на Мундијалските квалификации и настапот на Европскиот шампионат.

Тој на својот профил на „Твитер“ објави фотографија во дресот на грчката репрезентација заедно со тројцата браќа. На твитот на Јанис реагираше официјалниот профил на репрезентацијата на Нигерија, со видео од 2012 година.


Амаду Онана е нов играч на Евертон

Фудбалскиот клуб Евертон соопшти дека ново засилување во екипата е белгискиот играч Амаду Онана.

Онана кој е играч од средината на теренот во Евертон пристигна од Лил за 33,5 милиони фунти, а со клубот потпиша петгодишен договор.

За тимот на Лил одигра 42 натпревари, а професионалната кариера ја започна во германскиот Хофенхајм.