feature

Тирни доби нов договор, останува „топџија“ до 2026 година

Арсенал потврди дека талентираниот Киеран Тирни останува верен на „топџиите“ и стави потпис на нов договор.

Еден од најдобрите играчи на Арсенал се обрвза на верност со „топџиите“ до 2026 година. Тирни во Арсенал дојде во 2018 година од тимот на Селтик за 25 милиони фунти, а минатата сезона конечно го покажа својот потенцијал.

„Чувството е неверојатно, најпрво би сакал да му се заблагодарам на тренерот, кој дојде и директно ми посочи за намерата на клубот да ја продолжиме соработката“ рече Тирни.



Нови преговори помеѓу Мерцедес и Хамилтон

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, потврди дека ги започнал преговорите со тимот на Мерцедес за нов договор.

Хамилтон во февруари го продолжи договорот на година дена, а сега е пред потпишување на нов со Мерцедес.

„Нема што да се крие, ги започнавме преговорите, се оди во добар правец, работите се одвиваат позитивно.“ – изјавил Британецот за Би-Би-Си.


Европскиот првак го купува Милош Теодосиќ

Милош Теодосиќ следната сезона би можел да го носи дресот на Анадолу Ефес, актуелниот освојувач на Евролигата.

Според најавите на италијанските медиуми, српскиот играч би го заменил својот сонародник Василије Мициќ во тимот на турскиот шампион, затоа што Мициќ планира да се испроба во НБА лигата.

Доколку сака да го донесе Теодосиќ, Ефес ќе треба да му плати на Виртус клаузула од 250.000 евра до 10 јули. Тоа е цената што тимот од Болоња ја одреди за трансфер на Србинот во Евролигата.



Мо Фарах остана без пласман на Олимписките игри

Познатиот британски атлетичар, 38-годишниот Мо Фарах на митингот одржан во Манчестер не ја исполни нормата за настап на Олимписките игри во Токио.

Фарах на трката на 10.000 метри оствари време 27:47 минути, заостанувајќи 20 секунди зад олимписката норма.

Фарах, кој е роден во Сомалија, доминирае на последните две изданија на олимписките игри во Лондон 2012. и 2016. во Рио де Жанеиро во двете средни атлетски дисциплини. На двете ОИ освои четири златни медали, на 5.000 и 10.000 метри.

„Не знам што да мислам што ќе биде следно. Ако не можам да се натпреварувам со најдобрите, зошто да се мачам?“ – рече Фарах, кој во последните години се посвети на маратоните и имаше низа проблеми со повреди.



Мбапе „помладиот“ потпиша договор со ПСЖ

Етан Мбапе го потпиша својот прв договор со Париз Сен Жермен. Се работи за 14-годишниот млад брат на ѕвездата на клубот, Килијан Мбапе. Договорот трае до 2024. година.

Етан веќе подолго време настапува за младите категории на ПСЖ, а со овој потег од клубот докажаа дека веруваат во него. Истовремено, раководството на клубот од Париз веројатно се надева дека на овој начин може да го задржи и неговиот брат Килијан, чиј договор истекува наредната година.

Тренерите од академијата на ПСЖ го опишуваат младиот Мбапе како „елегантен и интелигентен“ играч за врска и наведуваат дека се работи за голем талент.



Варан сака да го напушти Мадрид

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан сака кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Французинот веќе 10 години е во главниот град на Шпанија и сега сака да ја промени средината. Една од причините е и заминувањето на Зинедин Зидан од позицијата тренер и доаѓањето на Карло Анчелоти.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за доведување на Варан, но една пречките е големата плата која Французинот ја бара. Се споменува цифра од 400 илјади фунти неделно, што за Јунајтед е многу.

За Варан опција е и премин во ПСЖ, но одличниот стопер сепак сака кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.



Јунајтед го завршува првото големо засилување ова лето!

Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд ги договорија сите детали околу трансферот на Џејдон Санчо, пишува „Дејли Мејл“.

Јунајтед го посакуваше англискиот репрезентативец уште минатото лето, но се одолговлекуваше со понудата, за Германците да одлучат на крај да се повлечат. Борусија тогаш бараше 120 милиони евра, но во овој трансфер период поради кризата ја спушти цената.

Како што пишуваат медиумите, Јунајтед за 21-годишниот фудбалер ќе плати 85 милиони евра и уште пет милиони во бонуси, па вкупниот износ на трансферот ќе биде 90 милиони евра.

„Преговорите траеја со недели, но сега се е готово. Јунајтед овој викенд би можел да го објави трансферот на Санчо на Олд Трафорд по Европското првенство. Со тоа е завршен трансферот на кој се работеше повеќе од една година и Солскјер конечно ќе го добие играчот кој го посакуваше.“ – пишува весникот.

Џејдон Санчо пристигна во Борусија летото 2017. година како 17-годишник од Манчестер Сити за само осум милиони евра. За Германците одигра 137 натпревари, постигнувајќи 50 погодоци и запиша 64 асистенции.



Шест француски навивачи ја направија најголемата грешка на ЕУРО!

Леон, Жоел, Дидие, Мануел, Жак и уште еден Леон. Тоа се шест француски навивачи, колеги од ИТ компанија, кои ќе останат запаметени по најголемата грешка направена на ова ЕУРО.

Откако два часа лутаа низ градот во кој допатуваа да ја гледаат својата репрезентација на ЕУРО, ја сфатија грешката. Не стигнаа во Будимпешта, туку во Букурешт!

Приказната би останала целосно непозната доколку не беше новинарот Ади Мунтеану, кој воочи шест машки лица без навивачки обележја на терасата полна со украински навивачи.

Ги запраша дали се од Киев, а тие му одговорија: „Ние сме Французи.“ Потоа, новинарот ги запраша дали ја поддржуваат Украина, но нивниот одговор не беше потврден.

„Не, не навиваме за нив, по грешка дојдовме во овој град. Требаше да одиме за Будимпешта и да го гледаме натпреварот Унгарија – Франција.“ – порачаа тие.

Најбизарниот детал од целата таа приказна е што тројца од нив имаа дури и авионски карти за Будимпешта, па не е јасно како, и покрај тоа, сите шестмина завршија во Букурешт.



Која репрезентација пропатува најмногу на ова ЕУРО?

Започнува осминафиналната фаза од Европското првенство, а по завршувањето на првиот круг јасно се издвоија големите разлики во „километражата“ која одредени репрезентација досега ја пропатуваа.

За потсетување, овогодинешното ЕУРО се игра во 11 градови ширум Европа, што значи дека репрезентациите мораат да патуваат повеќе од било кога. Најлошо помиан Швајцарија, која својот камп го смести во Рим, но таму играше само еден натпревар. Два натпревари одигра во Баку, главниот град на Азербејџан, па швајцарците вкупно пропатуваа скоро 11.700 километри.

Следна е Шведска, чиј камп беше во Гетеборг, а играше во Санкт Петербург и Севиља. Нивната репрезентација патуваше скоро 11 илјади километри.

Хрватска е на деветтото место од 16 репрезентации во осминафиналето, со пропатувани 2940 километри.

Секако, најмалку патуваа Англичаните. Тие ги одиграа сите натпревари на Вембли, па може да се каже дека не патуваа ниту еден километар. Во Лондон ќе го играат и осминафиналето против Германија.



Франција во проблеми – пет повредени пред осминафиналето!

Селекторот на актуелниот светски шампион Франција Дидие Дешамп има многу проблеми пред мечот од осминафиналето на ЕУРО 2020.

После повредата на Дембеле и неговото напуштање на Европското првенство, потоа повредата на Лукас Хернандез и Дињ, по се изгледа на таа листа се придружија уште двајца.

Во прашање се Томас Лемар и Маркус Турам. Тие се повредиле во текот на последниот тренинг и речиси сигурно нема да настапат на мечот од осминафиналето. Лемар е во полоша состојба, затоа што тренингот го напушти со помош на лекарите, откако не можеше самиот да се движи.

Турам има проблем со повреда на мускулот, па ќе мора да оди на терапии.

Франција својот осминафинален натпревар го игра против Швајцарија во понеделник од 21 часот.