feature

Саутгејт ги отвори „картите“ пред дуелот со Македонија на „Олд Трафорд“

Селекторот, Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери за јунските квалификациите за ЕП 2024. „Гордиот Албион“ на 19 јуни на стадионот – „Олд Трафорд“ ќе ја пречека Македонија.

На списокот се голманите: Сем Џонстон, Џордан Пикфорд и Арон Рамсдејл. Одбрана: Трент Александер-Арнолд, Луис Данк, Марк Геи, Хари Мегваер, Тајрон Мингс, Лук Шо, Џон Стонс, Киеран Трипие и Кајл Вокер. Среден ред. Џуд Белингам, Еберечи Езе, Конор Галагер, Џордан Хендерсон, Калвин Филипс и Деклан Рајс. Напаѓачи: Фил Фоден, Џек Грилиш, Хари Кејн, Џејмс Мeдисон, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Калум Вилсон.

Натпреварот Англија- Македонија ќе биде одигран во вечерниот термин од 20:45 часот.


Хумелс доби нов договор, останува во Дортунд до 2024 година

Матс Хумелс денес стави потпис на нов договор и ќе остане во клубот уште една сезона.

Хумелс е член на Борусија Дортмунд од 2007 година, направи трансфер во Баерн во 2016 година, но после три сезони повторно се врати во клубот.

Хумелс изгради легендарен статус во Борусија Дортмунд, па раководството му понуди нов едногодишен договор.

„Многу сум среќен кога играм вп Борусија пред нашите неверојатни фанови. Не беше лесно да ја донесам оваа одлука, но сега слободно можам да кажам дека сум спремен да играм уште една сезона“, изјави 34-годишниот дефанзивец.


Миовски се повреди, неизвесен настапот на дуелите со Украина и Англија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски, синоќа на социјалните мрежи потврди дека се здоби со потешка повреда по еден крвнички старт врз него на дуелот со Ст. Мирен од шкотската Премиер лига. Гостинскиот фудбалер Смол во 31. минута жестоко стартуваше на левиот скочен зглоб на Миовски, по што нашиот интернационалец мораше да го напушти мечот на носилки.

Напаѓачот по средбата се огласи со информација дека добрата вест е што нема скршеница, но за него сезоната е завршена. Денеска тој треба да оди на дополнителни прегледи кои ќе ја дадат вистинската слика за повредата на зглобот и периодот на пауза кој ќе мора да го направи.

По се изгледа, Миовски отпаѓа од комбинациите на селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски за престојните квалификациски дуели со Украина и Англија.


Поништен црвениот картин на Винициус, ќе може да игра против Рајо

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор ќе може да настапи против Рајо Валјекано  откако судиската комисија му го поништи црвениот картон кој го доби на натпреварот против Валенсија.

Бразилецот беше исклучен откако удри противнички играч а судиите во ВАР собата погрешно ја проценија ситуацијата.

Имено, на потегот на Жуниор претходеше удар токму на противникот.  Затоа сите судии од ВАР се суспендирани.


Тилеманс го напушта Лестер и се сели во Серија А

Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот ова лето.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и Тилеманс како слободен агент ќе го напушти клубот.

Милан и Јувентус веќе ја почнаа битката за неговиот потпис и стапиле во контакт со неговиот агент. Италијанските гиганти сакаат да ја победат конкурецијата од премиерлигашите и да го доведат во Серија А.

Тиленас минатото лето беше на мета на Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед, но после просечната сезона интересот на овие клубови не е така силен.

Поради тоа голема е веројатноста Белгиецот да се пресели во Серија А, само останува да видиме дали во Милано или Торино.


Јуве нема да се откажа од Влаховиќ, Србинот останува во Торино

Франческо Калво кој е дел од раководните структури во Јувентус, потврди дека фудбалерот Душан Влаховиќ, нема да биде ставен на траснфер листата иако деновиве медиумите го тврдат спротивното.

„Гласините секако не можеме да ги контролираме. Немаме намера да го продаваме Влаховиќ“, вели Калво.

Српскиот интернационалец влегува во радарот на неколку екипи од Англија. Во преден план се Арсенал и Манчестер Јунајтед.


Гвардиола го сака Верати како замена за Гундоган

Марко Верати размислува да го напушти францускиот шампион ПСЖ на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Верати е незадоволен од ситуацијата во клубот и смета дека сега е вистински момент за трансфер. Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е голем симпатизер на играта на Верати.

Гвардиола смета дека Италијанецот ќе биде идеална замена за Гундоган и дека одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

„Граѓаните“ се спремни да му ја исполнат желбата и нема да жалат пари за да го доведат Верати на „Етихад“.


Јапонецот Камада ќе биде првото засилување на новиот Милан

Милан ја победи конкуренцијата за јапонскиот репрезетативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Даичи Камада, пренесува „Билд“.

Камада игра фантастична сезона и до овој момент има 16 гола и 6 асистенции, а на лето ќе биде слободен агент и без обештетување ќе го напушти клубот. За Камада интерес покажуваа уште Борусија Дортмунд и Наполи, но Милан ја победи конкуренцијата.

„Калчомеркато“ пренесува дека „росонерите“ постигнале договор со Јапонецот, кој во наредните денови ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Камада ќе потпише четиригодишен договор со Милан и ќе заработува три милиони евра по сезона.


Дибала неизвесен за финалето на Лига Европа против Севиља

Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, тешко се опоравува од повредата. Тоа се лоши вести пред  финалето во Лигата на Европа против Севилја.

Аргентинецот нема да игра на мечот со Фиорентина во текот на викендот во Серија „А“, тврдат медиумите во Италија.

Според нив, искусниот напаѓач веројатно нема да игра и на 31 мај во финалето на Лига Европа против шпанскиот тим кој патем кажано е „специјалист“ за трофеи во таа конкуренција.


Кунде не сака повеќе да игра на позиција десен бек

Жул Кунде не е задоволен што постојано го форсираат на позицијата лев бек и затоа најавил дека ќе си замине од редовите на Барселона.

Дефанзивецот иако е класичен стопер, Чави најчесто го става по страничните позиции. Затоа Кунде се заканил дека ќе побара преселба во друг состав.

Медиумите наведуваат дека тренерот на Каталонците не сака да го загуби и му ветил на Кунде дека ќе игра во срцето на одбраната и дека ќе му ја исполни желбата.