feature

Салихамиџиќ доби нов договор како директор на Баерн

Баерн го продолжи договорот со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, објави официјалниот сајт на германскиот клуб. Новиот договор е со важност до 30 јуни 2026 година.

„Би сакал да му се заблагодарам на Надзорниот одбор на клубот за укажаната доверба во мене. Отсекогаш сум велел дека го сакам Баерн. Минхен е мојот дом. Многу ми е драго што можеме да ја продолжиме нашата силна соработка. Мојата цел е да им овозможам на навивачите конкурентен и успешен тим кој победува на национално и на меѓународно ниво секоја сезона. Ќе продолжам да правам се за ова. На добар пат сме“, изјави Салихамиџиќ.

Да потсетиме, Салихамиџиќ ја презеде функцијата спортски директор на Минхен во август 2017 година, а во јули 2020 година влезе во бордот на директори на Баерн Минхен.


Саша Калајџиќ е нов фудбалер на Вулверхемптон

Досегашниот фудбалер на Штутгарт, Саша Калајџиќ, потпиша петгодишен договор со премиерлигашот Вулверхемптон.

Според информациите објавени на клупскиот сајт на популарните Волци, 25-годишниот австриски фудбалер успешно ги помина лекарските прегледи и стана нов играч на екипата.

Калајџиќ две сезони играше за Штутгарт и одигра 60 натпревари со постигнати 24 гола. Во двете сезони тој беше најдобар стрелец во германскиот клуб.


Вилијан одлучи да се приклучи на ростерот на Фулам

Бразилскиот играч за врска Вилијан ќе се врати во Премиер лигата. Откако претходно играше за Челзи и Арсенал, 34-годишниот сега ќе потпише со трет лондонски клуб, Фулам.

Вилијан денеска ќе ги помине медицинските прегледи пред да потпише договор со екипата на Фулам. Искусниот играч за врска тренира со тимот во последните две недели и го убеди Марко Силва дека може да помогне.

Бразилецот е слободен играч откако на почетокот на месецот го раскина договорот со Коринтијанс. Најверојатно неговиот договор со Фулам првично ќе биде на една сезона. Вилијан имаше многу успешен 7-годишен период во Челзи, освојувајќи две првенствени титули, ФА Купот, Лига Купот и Лига Европа. Во Арсенал, Бразилецот не ги оправда очекувањата и постигна само еден гол на 37 натпревари, по што договорот му беше раскинат две години пред истекот.


Бентеке потпиша за ДЦ Јунајтед, ќе дебитира против Њујорк Сити

Белгискиот фудбалер, Кристијан Бентеке, утре за прв пат ќе го облече дресот на ДЦ Јунајтед на дуелот со Њујорк Сити откако се завршени сите процедури со работната виза.

Некогашниот играч на Ливерпул и на селекцијата на Белгија, потпиша договор со екипата од МЛС лигата на две години со опција за уште една.

31- годишниот напаѓач кој ги носеше дресовите на Астон Вила, Ливерпул и Кристал Палас, има одиграно 280 мечеви во Премиер-лигата. Тој постигна 86 голови и направи 23 асистенции.


Фудбалерите на Реал Мадрид добиваат премија од по 450 илјади евра

Шпанските медиуми пренесуваат дека сите фудбалери на Реал Мадрид ќе добијат парична награда од по 450 илјади евра за освојување на трите трофеи во минатата сезона.

Реал во минатата сезона ги освои Лигата на шампионите, шпанското првенство како и шпанскиот Суперкуп.

Кралскиот клуб во новата сезона влезе со освојување на европскиот Суперкуп, а во Ла Лига забележа три победи против екипите на Алмерија, Селта и Еспањол.


Академија Пандев се засили со Аргентинецот Акоста

Фудбалскиот прволигаш од Струмица, Академија Пандев, се засили со доведување на интернационалецот од Аргентина, Федерико Акоста.

Акоста настапува на позицијата централен бек и се очекува да биде одлично засилување за струмичани во настапите во Европа оваа сезона. 

Аргентинецот во Академија Пандев пристигнува од редовите на италијанскиот клуб Бавено.


Анри купи акции во италијанскиот клуб Комо

Тиери Анри беше еден од најдобрите фудбалери играјќи за Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона.

Откако ја заврши кариерата беше аналитичар во „Скајспорт“, па тренер, работеше во Монако и Монтреал, како и во белгиската репрезентација како помошник.

Од денес има нов предизвик. Легендата на францускиот фудбал купи 1% од акциите на италијанскиот второлигаш и така му стана партнер на Сеск Фабрегас кој освен што ќе игра за Комо има и акции. Покрај Фабрегас, со Комо денес потпиша и Патрик Кутроне.

„Зборував со Фабрегас, но и со Џанлука Ѕамброта. Сеск ќе биде еден од лидерите на тимот и ќе даде значителен придонес, без разлика дали ќе биде стартер или не. Една од нашите цели ќе биде да инвестираме во заедницата на Комо“, изјави Анри.


Конте: Ако бирам идеален зет за мојата ќера, Сон е избраниот

Тренерот на лондонски Тотенхем, Антонио Конте, во пресрет на натпреварот од 5. коло од англиската Премиер лига со Вест Хем, ја коментираше играта на крилниот напаѓач на неговата екипа , Сон Хеунг-Мин, кој имаше само една асистенција во последните четири натпревари.

„Можеби во овој момент многу страда затоа што не постигнува гол. Но, тој мора да продолжи и да си верува, бидејќи на секој натпревар има можност, шанса за гол и во тие моменти мора да биде смирен. Знам дека Сони е навистина паметен играч. Тој е навистина интелигентна и прекрасна личност, навистина убаво момче. Ако ми треба пример, ако треба да најдам сопруг за ќерка ми, би сакал тој да биде маж како него“, изјави Конте.


Стефан Спировски заминува во Пјуник

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски  својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во екипата на Пјуник од Ерменија.

Спировски остана без ангажман после истекот на договорот со МТК, па сега продолжува во шампионот на Ерменија каде за соиграч ќе го има Марјан Радески.

Стефан Спировски има богата интернационална фудбалска кариера, играјќи за голем број клубови, a во репрезентативниот дрес има вкупно 52 настапи.


Клубовите од англиската Премиер лига ќе ја надминат сумата од 2 милијарди евра за трансфери на играчи

Англиските премиерлигашки клубови се доближуваат до сумата од две милијарди евра кои се потрошени за трансфери на играчи.

Клубовите во текот на летово за ангажмани на нови играчи потрошија 1,84 милијарди евра. Надмината е вкупната сума од рекордното лето во 2017 година кога беа потрошени 1,6 милијарди евра.

Со трансферите на Фофана и Антони и големиот промет кој се очекува до последниот ден на преодниот рок кој завршува на 1.септември, вупната сума ќе ја премини границата од две милијарди евра.