feature

Суперкомпјутерот го издвои Арсенал како прв фаворит за освојување на ЛШ

Англиските медиуми ги искористија услугите на Суперкомпјутер за да го одредат победникот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Според податоците кои биле собрани од Суперкомпјутерот, Арсенал оваа сезона ќе го крене пехарот во ЛШ.

Суперкомпјутерот објави дека Арсенал има 22 отсто шанси да го освои трофејот, по што следи Манчестер сити со 20 проценти и Баерн Минхен со 15%.


Мундијалските дресови на Меси продадени за 7,2 милиони долари

Аукциската куќа „Сотби“ објави синоќа дека комплетот од шест дресови кои капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ги носеше на Светското првенство 2022 во Катар се продадени за 7,2 милиони долари.

Меси на Мундијалот во Катар ја предводеше Аргентина до светската титула и беше прогласен за играч на турнирот.

„Овие историски дресови се спомен на еден од најважните моменти во спортот и се поврзани со круната на кариерата на еден од најголемите играчи на сите времиња“, појасни претставникот на „Сотби“, Брам Вочер.

На патот до титулата во Катар, аргентинскиот капитен го носеше сино – белиот дрес во групната фаза против Саудиска Арабија и Мексико, во осминафиналето против Австралија, во четвртфиналето против Холандија, во полуфиналето против Хрватска и во финалето против Франција.

Најавувајќи ја аукцијата минатиот месец, „Сотби“ очекуваше комплетот дресови да достигне цена повисока од десет милиони долари.

Дел од приходот ќе биде дониран за проектот UNICAS кој го води детската болница „СЈД“ во Барселона со поддршка на „Фондацијата Лео Меси“ за потребите за деца заболени од ретки болести.


Лукаку од следната сезона се сели во Саудиска Арабија

Иако игра одлично во дресот на Рома оваа сезона, римскиот клуб нема намера да плати висока отштета за Ромелу Лукаку и тој на крајот од сезоната ќе си бара нов предизвик во кариерата.

Долго време се шпекулира дека ќе продолжи во Јувентус, но италијанскиот новинар Фабио Сантини тврди дека тој, всушност, ќе ја напушти Европа.

„Веќе ги известив навивачите на Рома дека заминувањето на Лукаку е сигурно. Што се однесува до Јувентус, тешко дека ќе функционира тоа бидејќи Лукаку веќе прифати понуда од Саудиска Арабија“, тврди Сантини.


Миклер ќе го прескокне Европското првенство во јануари

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го скрати списокот за настап на Европското првенство во Германија.

Стратегот на Унгарија на континенталниот собир нема да може да смета на искусниот голман Роланд Миклер.

Членот на ПИК Сегед го информирал селекторот и челниците на унгарската ракометна куќа дека го откажува настапот поради неговата здравствена состојба.


Македонија домаќин на група на Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Европската Златна лига 2024, којашто првпат ќе биде организирана со лигашки формат.

Сите 12 репрезентации кои ќе бидат дел од натпреварувањето ќе одиграат по шест натпревари со различни противници на вкупно три турнири, а секоја федерација ќе организира по еден турнир. Потоа ќе биде одредена конечната табела, од која четирите најдобри селекции ќе одат во полуфиналето.

Исто како годинава, Хрватска ќе го организира завршниот турнир, на 15 и на 16 јуни, така што „коцкестите“ се сигурни учесници на финалниот турнир, заедно со три други најдобри селекции.

Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир во периодот од 17- 19 мај. Вториот турнир меѓу 24-26 мај ќе се одржи во Белгија, а потоа од 31 мај до 2 јуни ќе има трет турнир во Хрватска.


Ако го продаде Думфрис, Интер ќе тргне по Мазрауи

Интер е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата. Мароканецот  не добива голема минутажа во Минхен, па е спремен да ја промени средината, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.

Интер во јануари може да го продаде Дамфрис, за кого има понуди од Премиер лигата, а во Мазраиу гледа идеална замена.

„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп за 20 милиони евра.


Конте фаворит за клупата на Милан

Милан влезе во серија од разочарувачки резултати, иако очекувањата на „росонерите“ оваа сезона беа многу големи.

Вчерашната победа против Њукасл му донесе на Милан пласман во Лига Европа, но секако дека целта беше елиминациона фаза во Лигата на шампиони.

Клубот се уште не размислува за отказ на Пиоли, но тренерот повеќе не ужива голема доверба кај раководството. Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан во јуни сигурно ќе доведе нов тренер, а најголема желба е Антонио Конте.

Конте е слободен и сака да се врати во Италија, а доколку му бидат ветени вложувања сигурно дека ќе седне на клупата на Милан.


Супер-талентот на Ривер пред вратите на Барселона

Барселона започна преговори за ангажирање на 17-годишниот играч од средниот ред на аргентинска Ривер Плата, Клаудио Ечевери.

Според информациите, каталонскиот клуб е подготвен да плати поголема сума од наведената во клаузулата за раскинување на договорот, околу 25 милиони евра, но на рати.

Ечевери е дете на Ривер Плата и напредуваше од академијата до првиот тим. Договорот на играчот со клубот е до декември 2024 година.


Легендарниот Ѓорѓевиќ најсериозен кандидат за селектор на Италија

Легендата на српската кошарка Александар Ѓорѓевиќ ќе стане нов селектор на италијанската репрезентација.
Ова го дознава Спорт клуб, кој пренесува дека Ѓорѓевиќ се уште официјално не се разделил со Кина, со која ги загуби сите три натпревари на Светското првенство летово во групата во која беа Србија, Порторико и Јужен Судан.


Ѓорѓевиќ потенцијално би го заменил Џанмарко Поцеко на клупата на Италија, кој неодамна го презеде евролигашот Асвел.
Покрај Кина, Ѓорѓевиќ беше селектор на Србија од 2013 до 2019 година со која освои три сребрени медали на ЕП, СП и Олимписки игри.
На клупски план работеше во Панатинаикос, Баерн, Виртус и Фенербахче.


Каиседо објасни зошто го одбра Челзи пред Ливерпул

Мојсез Каиседо во последните моменти летниот преоден рок одлучи да ја прифати понудата од Челзи, а призна дека имал сериозни контакти ии со Ливерпул

.
Челзи за услугите на Еквадорецот плати астрономски 114 милиони евра и досега не ги оправда со играњето на теренот.
„Ливерпул ме контактираше, но беше предоцна. Едноставно се беше договорено. Сакав да играм за Челзи и луѓето кои се тука. Беше тешко да се одбие клуб како Челзи. Навистина се работи за големо име, тоа е сепак Челзи“, изјави Каиседо.


Влијание на неговата игра имал Н’Голо Канте кој бил еден од неговите идоли.
„Тоа што Канте играше тука беше дополнителна причина да го изберам Челзи, тој е еден од моите идоли. Сонував да заиграм за Челзи уште како дете“, истакна Еквадорецот.