feature

МЗТ направи „брејк“ во Битола

МЗТ Скопје Аеродром направи голем, огромне чекор на патот кон учество во уште една финална сертија од плеј-офот во својата серија. Против „дебитантот“ во еден ваков полуфинален систем од финалната фаза на првенството, битолски Пелистер, екипата од Аеродром направи големо враќање. Ги стигна почетните (0:14), престигна и уште повисоки (20:36) во втората четвртина и дојде до планираната цел – победа во првиот меч од полуфиналето на плеј-офот. Третиот период беше вистинско враќање на гостите кои не само што фатија резултатски приклучок, туку стигнаа и до нерешени бројки. На три минути пред истекот на третата четвртина беше и нерешено (51:51), откако погоди Бојиќ. Тој стана третиот двоцифрен кошаркар во гостинската екипа, покрај Стојановски и Олуџоби. И прв со дабл-дабл ефект на мечот. „Пелистерци“ во текот на целиот натпревар беа со сериозен проблем, како да реализираат од линијата за слободни фрлања. На крајот, тој доста битен момент влијаеше и на конечниот резултат. МЗТ Скопје Аеродром сега ќе има меч-топка во „Јане Сандански“ за пласман во ново финале и битка за шампионскиот пехар.


Челзи го носи Јулијан Вајгл од Бенфика

Томас Тухел го насочил вниманието кон фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Јулијан Вајгл. Досега се проценуваше дека приоритет за избор на Челзи ќе биде Дин Рајс од Вест Хем, но, „чеканите“ поставија висока трансферна цена која веднаш ги премисли „сините“ од Лондон. Затоа Тухел подготвил резервна верзија. Тој се фокусираше на Вајгл. Двајцата работеа заедно во Борусија Дортмунд и тренерот многу добро ги знае неговите квалитети. 25- годишниот играч за врска се пресели во Бенфика минатото лето од Борусија Дортмунд. Тој за „лисабонските орли“,одигра 39 натпревари и постигна еден гол.


Малдини се збогува со Донарума, Милан ќе добие нов голман

Донарума нема да го продолжи договорот со Милан. Долго време се шпекулираше дека Донарума ќе го напушти Милан, а сега тоа го потврди и Паоло Малдини. „Донарума беше еден од нашите најважни играчи оваа сезона, но патиштата ни се разделија. Можеме да му посакеме се најдобро“, изјави Малдини. Од први јули Донарума ќе биде слободен играч што значи дека Мино Раиола сега може слободно да ја избере најдобрата понуда за себе и својот клиент. Во последниот период името на Донарума најмногу се поврзуваше со Јувентус, но се споменува и Барселона.


Англија ги укинува мерките, на ЕУРО и до 90 илјади гледачи!

Според пишувањата на англиските медиуми, натпреварите од вториот круг на Европското првенство на „Вембли“ ќе се играат пред 90 илјади гледачи.

Тоа е веста која ја пренесува „Ивнинг Стандард“, повикувајќи се на тоа дека на 21. јуни Велика Британија ќе ги укине ковид-мерките.

Тоа би значело дека полуфиналето и финалето на ЕУРО би можеле да се играат пред 90 илјади гледачи.

„Се надеваме дека од 21. јуни ќе имаме полни стадиони и се ќе се врати во нормала.“ – порачаа од кабинетот на министерот Оливер Дауден.


Клинсман изненадувачки кандидат за клупата на Тотенхем

Легендата на германскиот фудбал, Јирген Клинсман, изјави дека е подготвен да го преземе кормилото на англискиот состав Тотенхем.

„Ако ми се јават од Тотенхем ќе кажам дека сум заинтерсиран. Тотенхем е опција која вреди да се разгледа. Јас никогаш не помислив дека ќе ја тренирам репрезентацијата на Германија или САД. Треба да бидете секогаш отворени за нов предизвик“, изјави поранешниот тренер на Баерн Минхен.

Прославениот напаѓач на „панцирите“ играше за Тотенхем од 1994 до 1995 година.


Скола најави пензија по Олимписките игри

Легендарниот кошаркар на Аргентина, Луис Скола, најави дека по Олимпијдата во Токио ќе стави крај на неговата блескава кариера.

„Мислам дека нема да играм уште една сезона. Многу работи можат да се случат. Јас сè уште ја држам вратата отворена, но, за секој играч доаѓа време кога треба да се повлече. Конечната одлука ќе ја откријам по завршувањето на Олимписките игри“, изјави Скола.

41-годишниот ветеран во изминатата сезона во италијанскиот состав Варезе имаше просек од 17,9 поени и 7,0 скокови.


Јуве и Атлетико преговараат за трансфер на Дибала

Атлетико Мадрид ќе стори се што е можно за да го привлече напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, тврдат медиумите во Шпанија. Од „Ванда Метрополитано“ започнаа голема офанзива за реализација на трансферот, подготвувајќи неколку опции за целата зделката.

Атлетико Мадрид најмногу би сакал размена на играчи, што се очекува со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓаат повеќето клубови. Затоа, првата опција е Атлетико Мадрид да му го понуди на Јувентус Анхел Кореа. 26-годишниот Аргентинец нема статус на стартер во клубот, но од друга страна тој имаше своја улога во освојувањето на титулата оваа сезона, па клубот е доста размислува дали се подготвени да се разделат од него.

Втората опција е размена на Дибала со Алваро Мората. Шпанскиот напаѓач во моментов е на позајмица во Јувентус, кој може да биде продолжена за уште една година за 10 милиони евра. Исто така, постои можност луѓето од Торино да ги купат неговите права во целост. Всушност, Атлетико претпочита зделката за Мората да биде одвоена од онаа за Дибала, па тешко дека ќе се постигне оваа опција.


ЕУРО 2020 – 09. Финска одблиску

Финска е сензација број еден во евро-квалификациите!

Земјата на хокејот и скијачките скокови премиерно се пласира на едно Европско првенство и следното лето ќе дебитира на завршен турнир. Користејќи го зголемувањето на натпреварувањето од 16 на 24 селекции, Финска без ѕвезди во тимот одигра одлични квалификации и најави изненадување како исландското.

Иако стилот на скоро сите селекции е англо-саксонски, може да се забележи многу креација во две генерации: данската 1992 и шведската 1994 година. Тоа беше скандинавската ренесанса и потврда дека иако фудбалот не им е приоритет, северно-европските земји сепак играле значајна трага во фудбалската историја. 

Финската фудбалска репрезентација ја претставува Финска на меѓународните фудбалски натпревари и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Финска.

Иако финската репрезентација никогаш не се квалификувала на финалниот турнир на Светското првенство и покрај нејзината долга историја. Нордиската нација постигнала извонреден напредок во 2000-тите, достигнувајќи го врвот, на 30-тото место на рангкингот на ФИФА. Под раководство на Рој Хоџсон тие постигнаа забележителни резултати против многу поетаблирани европски тимови. По неколкуте години со лоши резултати, паднаа на ранг-списокот на ФИФА на 110-то место, што е најниско во нивната историја. Меѓутоа, во есента 2017 година, Финска започна да се искачува на рангирањето на ФИФА, а во септември 2018 година, го зазема 58-то место.

Која е тајната на финскиот успех?

Финска со години имала добри играчи, најпознати меѓу нив секако Јари Литманен, легендата на Ајакс и Сами Хипија, стоперот на Ливерпул, но повеќе од 80 години безуспешно се обидуваат да отидат на Европско или Светско.

Што донело промени? За селектор поставиле поранешен играч од домашното првенство кој работел и како наставник во школо, и тој донел многу позитивни промени.

Марку Канерва во декември 2016 година станал селектор на Финска. Претходно бил помошник тренер и играл фудбал во 80-те и 90-те години. Од репрезентацијата која во минатото немаше ниту една победа и од која се повлекоа неколку добри играчи меѓу кои Микаел Форсел од Челси, Јуси Јаскелаинен, Перпарим Хетемај и Роман Еременко, сега Канерва направи екипиште кое згази во квалификациите.

Во формација 4-4-2 Канерва инсистира на многу одговорна и цврста одбрана (примиле само 8 гола на 8 меча а на пет натпревари не примиле ниеден гол во квалификациите), а во нападот се потпираат на најголемото изненадување на стартот од Премиер лигата, Тиму Пуки од Норич.

Интересно, селекторот Марку Канерва ја водел и селекцијата У21 на Финска која во 2009 година се пласираше на Европското младинско во Шведска. Од таа селекција сега има пет играчи во репрезентацијата.

Резултатите беа неверојатни: Финска ја освои својата група во Лига на нации откако победи на првите 4 натпревари и обезбеди пласман во Лига Б како и плејоф во случај да не одат на Европско преку традиционалните квалификации.


Драговиќ од Баер Леверкузен се сели во Црвена Звезда

Црвена Звезда договори големо засилување од германската Бундеслига. Нов играч на Црвена Звезда ќе биде австрискиот репрезентативец Александар Драговиќ кој ова лето ќе игра против Македонија на Европското првенство. Драговиќ подолго време се поврзува со белградкиот клуб, а сега се сели во Звезда откако му заврши договорот со Леверкузен. Според информациите на „Спортски Журнал“ Драговиќ во Звезда ќе заработува 600.000 евра за договор на три години. Тој е една од трите желби на Станковиќ за посилна Звезда. Српскиот гигант се поврзуваше и со доведување на Александар Коларов, но и со напаѓачот Александар Пријовиќ.


Борба за првиот европски трофеј – Виљареал против Манчестер Јунајтед

Финалето во второто по ранг клупско фудбалско натпреварување на УЕФА, Лига Европа денеска ќе го донесе новиот шампион.

На стадионот во Гдањск, Виљареал ќе се соочи со Манчестер Јунајтед, два тима со иста амбиција, трофеј за заокружување на оваа тешка и проблематична сезона.

Без Ибора, кој поради повреда на коленото ќе го пропушти денешното финале, Унаи Емери ќе составува тим кој може да слави против далеку попознатиот противник од Англија.

Солскјер од друга страна, нема да може да смета на капитенот Хари Мегваер кој се уште заздравува од повредата, како и Ентони Марсијал, кој го пропушти последниот тренинг.

Виљареал и Манчестер Јунајтед досега четирипати се сретнаа во Лигата на шампионите, во 2005. и во 2008. година, а сите натпревари завршија без голови.

Богатата понуда за првото европско финале сезонава најдете ја на www.evrotip.mk !