feature

Тухел: Играчите играат под стрес по вестите за Суперлигата

Фудбалерите на Челзи доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Брајтон 0-0 а нивниот тренер, Томас Тухел, вели дека за тоа голема вина има и целата приказна околу новата Суперлига. По натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, стратегот на „сините“ призна дека сите информации за создавањето на Европската Суперлига имале негативно влијание врз перформансите на играчите. „Вестите за Суперлигата влијаеја на психата на играчите. Пред натпреварот разговаравме само за тоа и за ништо друго. Разочарани сме. Сакавме да победиме“, искоментира стратегот на Челзи.


Милан го сака Нуњез од Бенфика како замена за Ибрахимовиќ

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти. Скаутите на Милан го следат веќе подолго време, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ сакаат да го донесат на лето. 21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него. Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Милан сигурно ќе треба да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.


УЕФА планира Лига на шампиони со огромен буџет како одговор за Суперлигата

УЕФА преговара за зголемување на буџетот за Лигата на шампионите со британски инвестициски фонд. Според изворот, УЕФА сака да го зголеми почетниот буџет на натореварувањето од 4,5 милијарди евра на 7 милијарди евра. Проектот се дискутираше веќе неколку недели и наводно насочен кон зајакнување на позицијата на споредни приходи на ЛШ за клубовите.


Барса преговара со капитенот на Милан

Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли. Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот не одат во добра насока, па дефанзивецот на лето ќе влезе во последната година од договорот. Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која веќе стапила во конаткт со неговиот манеџер, Мино Раиола. Со оглед на фактот дека Ромњоли влегува во последната година од договорот неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.


Кантона: Послушајте ги навивачите, тие ретко грешат

Ерик Кантона една од најмаркантините личностги што го носела дресот на Манчестер Јунајтед, остро ја критикуваше одлуката на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во новото натпреварување наречено фудбалска Суперлига. Составот од „Олд Трафорд“ е во групата од 12 гиганти кои се определија да формираат посебна лига со што го навлекоа бесот на ФИФА, УЕФА, навивачите и многу познати фудбалски имињата од минатото и сегашноста. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи. Навивачите треба да бидат почитувани. Дали големите клубови ги прашаа е што мислат? Не, и тоа е срамот“, потенцираше Французинот во видеото објавено на социјалните мрежи.


Бекам се огласи против формирање на Суперлигата

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Англија, Дејвид Бекам, жестоко реагираше преку социјалните мрежи по повод формирањето на Европската Суперлига. „Навивачите не го сакаат најавеното натпреварување. Јас многу го сакам фудбалот а тој без фановите нема никакво значење. Фудбалот треба да се базира на успех и историја. Мораме да ги заштитиме вредностите што ги сакаме“, потенцираше Бекам кој настапуваше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан или трите клуба кои најавија дека ќе играат во новото натпреварување.


Тотенхем го сака Нагелсман како замена за Мурињо

Откако Жозе Мурињо и официјално беше сменет од тренерското место во Тотенхем, лондонскиот клуб како главен кандидат за функцијата во моментов го има името на 33-годишниот Германец, Јулијан Нагелсман. Стретегот на Лајпциг е отворен за можна соработка со Спарс, но камен на сопнување може да биде отштетата која Тотенхем би ја платила за него, а истата е во висина од 12 милиони евра, колку што бараат челниците на бундеслигашот.


Флорентино: Суперлигата ќе го спаси фудбалот

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој е назначен за нов шеф на новоформираната Европска Супер лига излезе со изјава во врска со контроверзното натпреварување кое предизвика вистински тектонски поместувања во светскиот фудбал. Тој вели дека Суперлигата не е напад врз фудбалот, туку негово неопходно спасување. „Сите велат овие се богати и прават што сакаат – не. Јас не сум сопственик на Реал Мадрид, Реал Мадрид е клуб на членови. Сè што правам е за доброто на фудбалот. Сега го правиме ова за да го спасиме фудбалот, кој е во критична ситуација“, рекол првиот човек на мадридскиот гигант. Според Перез, светските клубови се наоѓаат во финансиски потешкотии поради пандемијата и Суперлигата е еден од потезите кои мора да се преземат.


Главната ѕвезда на Јунајтед добива двојно поголем договор

Манчестер Јунајтед спремил нов договор за Бруно Фернандеш и тоа со двојно поголема плата. Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да му ја удвои платата на 26-годишниот Фернандеш, кој со новиот договор би заработувал 200.000 фунти неделно. Причината за ваквата реакција на Јунајтед е интересот кон Фернандеш од страна на Барселона и Реал Мадрид, и намерата на „црвените ѓаволи“ да го задржат Португалецот во своите редови. Фернандез дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари минатата година за 55 милиони евра, и веднаш се етаблираше во клучен играч за „црвените ѓаволи“.


УЕФА им даде 3 дена на спорните градови домаќини на ЕП 2020

УЕФА одлучи да го одложи крајниот рок до 23 април за градовите Даблин, Минхен и Билбао, кои треба да се изјаснат дали ќе дозволат да има навивачи на трибините додека се играат мечевите на Европското првенство. Според одредени информации, трите града ризикуваат да го загубат правото да бидат домаќини на натпреварите на турнирот. Континеталниот собир требаше да се одржи во изминатата година, но, поради пандемијата со ковид-19, турнирот беше одложен за летото пред нас. Планирано е ЕП да се реализира од 11 јуни до 11 јули во 12 градови – Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Даблин.