feature

Сараевски Железничар доаѓа во Скопје за роденденот на Вардар и „Комити“

Жељезничар од Сараево ќе гостува во Скопје на 23 ноември на спектаклот по повод 75-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар и 35 години од формирањето на најверните вардарови навивачи Комити.

Навивачката група веќе го најави спектаклот на 23 ноември со почеток од 19:30 часот. Железничар е поранешен шампион на Југославија од сезоната 1971/72 и има еден освоен Куп трофеј од поранешната држава (1981), исто како и Вардар кој беше шампион во 1987, а освојувачи на Купот во 1961 година.

Сараевчани доаѓаат на пријателски меч за да се одбележи големиот јубилеј на „црвено-црните“ и нивната најверна армија навивачи.


Трајковски поради повреда ги пропушта дуелите со Финска и Азербејџан

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, поради повреда на листот на ногата, го откажа својот настап на пријателските дуели со Финска и Азербејџан.

Претходно поради повреда, својот настап за овие два натпревари го откажа и Аријан Адеми. Селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски во списокот на фудбалери ги врати Бобан Николов и Илија Несторовски.


Јончевски: Наметнавме свој ритам и успешно ја запревме Норвешка

Македонската кошаркарска репрезентација запиша важна победа против Норвешка со резултат 58:36, во претквалификациите за Европското првенство.

Селекторот на репрезентацијата Александар Јончевски после натпреварот изрази задоволство од триумфот и очекува нов успешен настап и против Данска.

„Добро се подготвивме за овој дуел со Норвешка, имавме целосна контрола на мечот и наметнавме ритам што ни одговара. Ја стопиравме нивната транзиција од каде најчесто постигнуваа поени против Словачка и Данска. Тие не постигнаа ниту една тројка од 21 обид, што е заслуга на целиот наш тим и енергијата која ја внесовме. Задоволен сум од новајлијата Шортс, кој одигра онака како што очекувавме. Очекуваме сличен натпревар и со Данска“, изјави селекторот Јончевски.

Следен натпревар на Македонија е во недела против селекцијата на Данска.


Жак Вон е нов тренер на Бруклин Нетс

НБА тимот Бруклин Нетс за свој нов тренер го назначи Жак Вон, кој на клупата ќе го наследи Стив Неш.

Како најголем фаворит за тренерското место во Бруклин, медиумите го посочуваа поранешниот тренер на Бостон, Име Удока, но сепак челниците на Нетс се одлучија за Жак Вон кој во екипата е тренерски асистент од 2016 година.

Според достапните информации договорот помеѓу Бруклин и новиот тренер Вон ќе трае до крајот на сезоната 2023/24.


Саутгејт го објави списокот на фудбалери кои ќе настап за Англија во Катар

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Гарет Саутгејт го соопшти списокот на играчи кои ќе патуваат на Мундијалот во Катар. На овој список се најдоа Џејмс Медисон од Лестер, и напаѓачот Калум Вилсон од Њукасл Јунајтед. Во селекцијата се враќаат и играчите кои излегуваат од повреди а тоа се Кајл Вокер и Калвин Филипс.

На списокот ги нема повредените Рис Џејмс и Бен Чилвел кои пред неколку дена се здобија со повреди во своите клубови.

Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Ник Поуп (Њукасл), Арон Рамсдејл (Арсенал).

Одбрана: Трент Александер Арнолд (Ливерпул), Конор Коуди (Евертон), Ерик Даер (Тотенхем), Хари Мегвајер (Манчестер Јунајтед), Лук Шо (Манчестер Јунајтед), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Киран Трипие (Њукасл), Кајл Вокер (Манчестер Сити), Бен Вајт (Арсенал).

Среден ред: Џуд Белингем (Дортмунд), Мејсон Маунт (Челзи), Калвин Филипс (Манчестер Сити), Деклан Рајс (Вест Хем), Конор Галагер (Челзи), Џордан Хендерсон (Ливерпул).Напад: Џејмс Медисон (Лестер), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Фил Фоден (Манчестер Сити), Џек Грилиш (Манчестер Сити), Хари Кејн (Тотенхем), Букајо Сака (Арсенал), Рахим Стерлинг (Челзи), Калум Вилсон (Њукасл).


Интер покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер преговара со дефанзивец на Сити како замена за Шкрињар

Интер на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Де Врај, а неизвесна е иднината и на Шкрињар, па сака да доведе најмалку еден дефанзивец.

Аке има сериозна конкуренција во Сити и не добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината. Холанѓанецот ова лето беше блиску до трансфер во Челзи, но сепак остана во Сити, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.

„Нероаѕурите“ сакаат да го донесат на позајмица со право на откуп за 30 милиони евра.


Тен Хаг загреан да го доведе Митровиќ оваа зима

Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот со искусен напаѓач.

Тен Хаг сака да се ослободи од Роналдо и да донесе робусен напаѓач, а прва мета е напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ. Србинот треба да биде замена за Роналдо во нападот, зашто Португалецот е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Митровиќ игра уште една фантастична сезона и до сега постигна 9 гола на 12 настапи. Меѓутоа, Фулам сигурно нема лесно да се откаже од својата прва ѕвезда, па Јунајтед ќе треба добро да го одврзе ќесето.


Арсенал најави засилувања за јануарскиот преоден рок

Челниците на фудбалскиот состав на Арсенал одлучија да го поддржат менаџерот Микел Артета во трката за титулата во Премиер лигата на Англија.

Тие ќе обезбедат сериозни средства за засилување на тимот во зимскиот преоден рок, најавија медиумите во Англија.

„Топчиите“ засега се на челната позиција на табелата а нивната победа во лондонското дерби во текот на викендот дополнително ги подгрева надежите дека имаат квалитет да стигнат до пехарот.


Сити нема да купува нови фудбалери во јануари

Манчестер Сити не планира да ангажира играчи во зимскиот преоден рок. Ова го соопшти главниот тренер на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

„Нема да купуваме никого во јануари. Ние го имаме нашиот тим“, изјави Гвардиола на новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

По 13 натпревари, Манчестер Сити е втор во табелата во Премиер лигата со 32 бода и два бода помалку од Арсенал.

Во Лигата на шампионите, тимот на Гвардиола ја освои групата Г со 14 бодови. Англискиот тим за ривали во оваа фаза ги имаше Борусија Дортмунд, Севиља и ФК Копенхаген.


Иранецот Мехди Тареми на радарот на два премиерлигаши

Лондонските екипи Челзи и Тотенхем се вклучија во трката за иранскиот напаѓач на Порто, Мехди Тареми. Клупските скаути беа присутни на натпреварот од португалското првенство помеѓу Порто и Брага (4-1), објави Фудбал Лондон.

Според изворот, Челзи веќе обрнал внимание на кандидатурата на иранскиот напаѓач во последните денови од летниот преоден рок. Раководството на „сините“ сакаше да ја засили офанзивната линија на клубот по заминувањето на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер. Поради тоа што трансферот не се оствари, Челзи потпиша со габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона.