Челниците на фудбалскиот состав Арсенал планираат во текот на летото да се разделат со ветеранот, Давид Луиз. Договорот на Бразилецот истекува и клубот нема намера да му понуди нова соработка наведуваат дел од медиумите во Англија. Луиз од почетокот на сезоната одигра само 16 натпревари како стартер и главно ја грееше клупата. Искусниот играч нема да се појави на теренот до крајот на сезоната бидејќи претрпе потешка повреда и мораше да биде опериран.
Евротип предлог тикет – Недела 18.04.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 50 коефициент:
Арсенал – Фулам 1, 3+
Лондонското дерби е незгоден тест за фаворитот, посебно затоа што во четвртокот „топџиите“ имаа патување во Чешка и тешко прво полувреме против Славија. Но, Арсенал е во налет, игра се подобро и победата не би требало да биде оспорена.
Нант – Лион 0-2
Тврд натпревар и малку голови очекувам во дуел на две традиционални екипи од Лига 1. Доменек не игра гледливо и секогаш играта на резултат му е пред спектаклот. Квалитетот е на страната на гостите, но којзнае дали можат тоа да го покажат. Затоа играта на малку голови е добра опција.
Лацио – Беневенто 1, 3+
Двата тима кои играат офанзивен фудбал се среќаваат меѓусебе на „Олимпико“. Нема дилеми дека фаворит е Лацио, но не е исклучена можноста дека и Беневенто ќе биде опасен, па и дека ќе постигне погодок. Победата на домаќините не би требало да биде доведена под знак прашалник.
Борусија Дортмунд – Вердер 1, 3+
Елиминацијата од Лигата на шампионите само дополнително ги засили вредностите на младите фудбалери на Борусија Дортмунд. Против себе имаат една од најлошите екипи во лигата и со тоа предвидувам натпревар со голови и со домашна победа.
Хетафе – Реал Мадрид 2
Целосно трансформирана е сезоната на „кралевите“ и беза разлика што ги стигна замор, календарот им подава рака. Градското дерби против Хетафе е шанса да играат некои од фудбалерите кои поретко добиваат шанса. Но, и така квалитетот и традицијата е на страна на гостите од Мадрид.
Сколс: Јунајтед мора да купи нов напаѓач
Легендарниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Пол Сколс, го коментираше пласманот на Манчестер Јунајтед во полуфиналето во Лигата на Европа. Некогашниот член на англискиот состав процени дека тимот на Оле Гунар Солскјер мора да се насочи кон засилување на една приоритетна позиција – централен напаѓач. „На Јунајтед му е потребен централен напаѓач за Лигата на шампионите и посебно за Премиер лигата. Мислам дека таа е приоритет, бидејќи неколку сезони Манчестер е надвор од трката за титулата“, порача Сколс.
Умтити на излезна врата од „Камп Ноу“
Дефанзивецот на Барселона Самуел Умтити може да биде ставен на трансфер листата во текот на летниот преоден рок, објавија медиумите во Шпанија. Интернационалецот од Франција кој беше купен во 2016 година и има да одработи уште две сезони од договорот, во тековнава сезона оствари само 10 настапи во Ла Лига. Според весникот „Мундо Депортиво“, луѓето од Каталонија се надеваат дека ќе добијат добра понуда за 27-годишниот фудбалер и дека потоа ќе купат нов играч.
Милан пред потпис со фудбалер на Интер
Италијанските медиуми најавуваат дека Милан би можел да добие засилување од Интер. „Спорт Италија“ пренесува дека Милан може да го ангажира Данило Д’Aмбросио. Поранешниот играч на Фиорентина одигра 15 натпревари за „нероаѕурите“, а договорот му завршува на крајот од сезоната. Милан како што се пишува веќе започнал да преговара и му доставиле понуда за договор на две години и наводно тоа е прифатливо за него.
Модриќ ќе добие нов договор во Реал Мадрид
Лука Модриќ сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид а раководството на „белите“ ќе му ја исполни желбата и ќе му понуди нова соработка за уште една сезона, пишува весникот „Марка“. Според информациите, хрватскиот интернационалец се согласил да му се намали платата на 9 милиони само за да остане на „Сантијаго Бернабе“. Модриќ кој беше купен од Тотенхем пред речиси десет години, успеа да ја подигне наградата „Златна топка“ и да се израдува на четири пехари во Лигата на шампионите.
Пеп многупати му рекол НЕ на Роман Абрамович
Пеп Гвардиола шест пати одбил понуда од сопственикот на Челзи, Роман Абрамович. Според англиските медиуми рускиот милијардер бил импресиониран од шпанскиот стратег додека беше тренер на Барселона. „Атлетик“ открива дека првиот пат Абрамович испратил понуда до Гвардиола во 2010 година, а неколку месеци покасно, откако замина Анчелоти, Челзи повторно го побарал Пеп. Третиот пат бил на почетокот од 2012 година, кога Андре Виљас-Боаш ја заврши кратката авантура на „Стенфорд Бриџ“, но и тогаш Гвардиола ја одбил понудата.
Шкупи го промовираше Гоце Седлоски за свој нов тренер
Гоце Седлоски е нов тренер на Шкупи. Клубот од Чаир и официјално го промовираше Седлоски за нов шеф на стручниот штаб. Очекувањата од Седлски се највисок пласман, а во клубот веруваат дека тоа може да го оствари. „Сакам да се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите кои помогнаа да бидам тука. Разговаравме и во текот на зимата, но тогаш не се договоривме. Сега бил вистинскиот момент да дојдам во Шкупи. Амбициите ни се совпаѓаат. Знам дека клубот многу вложува, некои фудбалери ги познавам од времето кога бев во Вардар“, изјави Седлоски на промоцијата.
Евротип предлог тикет – Сабота 17.04.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 32 коефициент:
Волвс – Шефилд Јунајтед 1-1
„Волците“ се многу поквалитетна екипа и да не ги снајдеа многу повреди сезонава, веројатно ќе се бореа за европските места. Против последнопласираната екипа на табелата екипата на Нуно Еспирито Санто има императив да ги освои трите бода.
Каљари – Парма 1
Директен дуел за опстанок во Серија А, а на домашниот тим му „гори под нозе“. Иако има големи имиња, Каљари игра лоша сезона, менува тренери пречесто и нема тимска хемија. Сепак, овој натпревар е финале и квалитетот на фудбалери како Годин, Наинголан, Симеоне треба да дојде до израз.
Волфзбург – Баерн Минхен 2
Елиминацијата од Европа остави трага кај Баварците и потребна е реакција по ремито со Унион Берлин и лошиот крај во Париз. Левандовски уште неколку дена нема да настапи, но и без него Баерн е апсолутен фаворит во северна Германија.
Црвена Звезда – Радник 1,3+
Прашање на време е кога Црвена Звезда ќе ја освои титулата во српската Линг-лонг Суперлига. Радник е ривал по мерка за убедлива победа и настап за душа на фановите.
Бенфика – Жил Висенте 1-1
Борбата за титулата во Примеира веројатно е загубена за Бенфика, но само три бода е дистанцата со второпласираниот Порто, а второто место води во Лигата на шампионите. Тимот на Жорж Жесус е огромен фаворит против Жил Висенте и единствена разумна опција е домашна победа.
Драган Бајиќ пред промоција за нов Македонски селектор
Тренерот на кошаркарите на Игокеа, Драган Бајиќ, најверојатно ќе го наследи Александар Тодоров, на кормилото на нашата машка кошаркарска репрезентација. Српскиот стретег кој во 2013 година беше прогласен за „тренер на годината“ во АБА лигата, успеа со неговиот сегашен тим да влезе меѓу најдобрите четири екипи во регионалната конкуренција. Доколку се остварат најавите на КФСМ на прес-конференцијата закажана за вo понеделник, Бајиќ првата обврска како наш селектор ќе ја има во претквалификациите за Светското првенство.